Надворешна политика
Попоски за инцидентот кај Идомени: Изостана одговор од грчките безбедносни власти
Очигледно беше дека изостана одговор од страна на грчките власти при инцидентите што се случија во неделата кај Идомени кога беше спречен масовен насилен премин на мигранти на македонско-грчката границаа, додека македонските власти реагираа согласно одговорноста за сопствената територија и одлуките на Советот на Европската унија, рече во вторникот министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Попоски истакна дека постои простор за подобрување на соработката со Грција, како и дека таа ќе се продолжи. Според него, и во иднина може да се очекуваат слични инциденти како оној од изминатиот викенд.
Група мигранти во неделата ја пробија заштитната ограда на македонско – грчката граница, при што официјално биле повредени вкупно 23 полицајци и припадници на АРМ.
„Веројатно беше очигледно дека изостана определен одговор од страна на грчките власти при овие инциденти. Ние не остануваме на тоа дека со вчерашниот инцидент завршува предизвикот. Многу е веројатно дека ќе има многу други вакви предизвици. Но, решението е следно: повлекување на мигрантите во рамки на центрите за прием кои се финансирани од ЕУ и ставени на располагање, продолжување на одлуката за гранично обезбедување и функционирање на планот кој е договорен помеѓу ЕУ и Турција. Друга подобра алтернатива во овој момент ниту од ЕУ, ниту од нас, ниту од Грција, не е дојдена и треба само да се фокусираме на негово спроведување“, рече министерот за надворешни работи.
На прашњето дали бегалците кои се наоѓаат во прифатните центри во Македонија, Попоски одговори дека тие треба да бидат опфатени со договорот ЕУ-Турција.
„Во врска со бегалците кои се наоѓаат во Македонија без никакава алтернатива тие треба да бидат вклучени во делот на сите оние мигранти кои се заглавени меѓу грчките острови и Германија, односно треба да бидат дел од договорот кој веќе е воспоставен. За оние кои се легитимни азилобаратели, а во Македонија се дојдени од земја членка на ЕУ да бидат прифатени во таа или во друга земја членка на ЕУ. За оние пак кои не се, мора да бидат предмет на реадмисија односно враќање во нивните земји на потекло. Дали се заглавени во Македонија, во Србија, во Австрија или во Грција третманот треба да биде подеднаков“, порача е Попоски.
„Секоја држава, а тоа е и дел од одлуките на ЕУ, треба да ги преземе одговорностите на сопствена територија. Македонските безбедносни сили презедоа мерки за спречување нелегален масовен премин на мигрантите со користење насилство на македонска територија. Тоа е нешто што не сме го одлучиле поради наша лична волја, туку е дел од одлуките што ги донесе Советот на ЕУ. Впрочем, за ова прашање јавно се изјаснија и Европската комисија и неколку земји членки. Пораката е многу јасна. Секој треба да си води сметка за сопствената територија и мислам дека многу попродуктивно ќе биде во следниот период, доколку и грчките власти и сите оние кои се наоѓаат на балканската рута, се фокусираат на преземање мерки на сопствената територија и за хуман третман, но и за безбедност во граничните рамки“, рече шефот на македонската дипломатија на состанокот на челнциите на владејачката коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.