Регион
ХДЗ во четврток ќе му изгласа недоверба на премиерот Орешковиќ

Претставниците на „Татковинската коалиција“, предводена од Хрватската деморкатска заедница (ХДЗ) во вторникот се согласиле дека на премиерот Тихомир Орешковиќ ќе му изгласаат недоверба во Саборот, пренесуваат хрватските медиуми.
Претставниците на „Татковинската коалиција“, предводена од Хрватската деморкатска заедница (ХДЗ) во вторникот се согласиле дека на премиерот Тихомир Орешковиќ ќе му изгласаат недоверба во Саборот, пренесуваат хрватските медиуми.
„Во четврток ќе биде изгласа недоверба кон Тихомир Орешковиќ. Се согласивме околу тоа дека кандидат за мандатар е Здравко Мариќ и уверени сме дека во парламентот има мнозинство ќе гласа во корист на Мариќ, кој потоа ќе ја состави хрватската влада и таа влада побрзо, посилно и поефикасно ќе ги спроведе реформите и ќе им обезбеди подобар живот на хрватските граѓани“, изјавил генералниот секретар на ХДЗ, Домагој Милошевиќ.
На прашањето дали ХДЗ преговара со помалата партија којашто е во владејачката коалиција, односно Независната листа Мост, Милошевиќ рекол дека вратите за нив остануваат отворени. „Но сега мора да се знае редоследот на случувањата. Така, тука е ХДЗ односно Татковинската коалиција заедно со Милан Бандиќ, имаме 65 мандати и поаѓаме од тука. Сите кои сакаат да ја поддржат хрватската влада се добредојдени“, рекол Милошевиќ.
Владејачката коалиција на десниот центар, составена од ХДЗ и Независната листа Мост се најде во голема криза откако во медиумите беше откриена аферата „Консултант“, односно поврзаноста на компанијата на сопругата на хрватскиот вицепремиер и лидер на ХДЗ, Томислав Карамарко, со консултантот на унгарската компанија МОЛ, Јосип Петровиќ. Лидерот на Мост, Божо Петров потоа побара оставка од Карамарко, а состојбата дополнително се усложни кога премиерот Тихомир Орешковиќ, пак, побара оставка од двајцата вицепремиери и лидери на коалициските партнери./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин