Македонија
Ад-хок телото на состанок за да донесе деловник за работа

На нов состанок, Ад-хок телото за следење на медиумското предизборно известување, во вторник, ќе продолжи со обидите да донесе деловник за работа.
Според политичкиот договор, периодот за следење на медиумското известување веќе почна, но за телото да работи неопходен е деловник.Несогласувањата меѓу членовите се околу тоа како ќе одлучуваат, а според последните информации начелно, сите се согласиле одлуките, кога ќе бидат присутни сите пет членови, или четири од нив, да бидат носени со три гласа „за“ минимум. Но, дел од членовите на Ад-хок телото се против идејата во ситуација кога на седница ќе бидат само тројца од петмината, одлуките да се носат со гласови 2:1. Во таков случај другите опции се или да се бара консензус меѓу трите присутни членови, или, тројца воопшто да не можат да носат одлуки.Во Ад-хок телото се Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, како и Љуљзим Хазири, кој за петти член на Комисијата беше договорен на последниот состанок на лидерите на партиите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.