Контакт

Македонија

Велигденско послание на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан

Објавено пред

По милоста Божја, Архиепископ охридски и македонски, заедно со Светиот архиерејски синод, до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква, а по повод Велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот поздрав – Христос Воскресе!

dobivaj vesti na viber

Христовото воскресение е основа на спасението, тоа е најголемиот и најрадосен настан во историјата. И, ако има ден за радување меѓу сите денови – тоа е Денот на Христовото Воскресение; ако има празник над сите празнувања, тоа е Празникот над празниците – Велигден.

Воскресението е Чудо над сите чуда, Дар над сите дарови и Благослов над сите благослови, кои ни се дадени од небесата.1 Тоа е Тајна над тајните, која била чуена, видена и со раце допрена.2 Тоа е Торжество над торжествата, објаснува свети Григориј Богослов.3 Затоа, да се верува во Христа, значи да се верува во воскресението и во единственото име кое спасува.4.

Овој спасоносен настан го најавиле уште старозаветните праведници. Така, пророкот Исаија објавил дека мртовците ќе оживеат и мртвите тела ќе воскреснат5, а царот Давид со голема надеж претскажал: се радува срцето мое, воскликнува јазикот мој и телото мое спокојно почива…, зашто светецот Твој нема да види распаѓање6. И во новозаветните книги, централно место има воскресението: кој верува во Христа Воскреснатиот, и да умре – ќе живее7. Со овој победоносен чин, Спасителот Христос ни дарува живот и со Неговото воскресение влеговме во радоста на Господарот на сите8, во радоста која никој не може да ни ја одземе9.

Возљубени чеда во воскреснатиот Господ,

До вчера Го оплакувавме нашиот Цар и Бог, Кој на крст беше распнат и во гроб беше положен, а денес – ликуваме! Си спомнувавме за сè што доживеаја Неговите ученици и сите коишто Го познаа и признаа за Син Божји10. – На Крстот беше прикована нивната Вера – но тие продолжија да веруваат; на Крстот пострада нивната Надеж – но тие и понатаму се надеваа; на Крстот беше распната нивната Љубов – но тие уште повеќе Го љубеа својот Учител, и тоа повеќе од кога и да било. Со истото оружје, со Дрвото, со кое ѓаволот спечали победа, објаснува свети Климент Охридски, со Него Христос го порази ѓаволот; затоа, кој ќе ја искаже со зборови силата Господова? – Од смртни, ние станавме бесмртни! Тоа се големите дела на Крстот…11 Ете, тоа – воскресението, на апостолите им даваше сила да истраат во тие страдални дни! Тоа христијаните ги крепеше низ сите времиња да поднесуваат и најголеми искушенија! Тоа и нам денес ни е најголема надеж и незаменлива утеха! – Цркво Христова, ти мало стадо, во тоа е и твојата сила со која цареви си победувала и царства си покорувала; со таа сила, силни си обессилувала и моќници си смирувала! – Токму со воскресенската победа, Христос е посведочен за Син Божји, Кој е вистински Бог12 и Спасител на сите луѓе.13 Затоа, кој верува во Него – ќе го победи светот14 и ќе има живот вечен15.

Возљубени во Христа Победителот,

Во денот во кој човечкиот род премина од ропството на гревот во слободата на љубовта, во тој ден Богочовекот нè избави од смртта и ни дарува живот вечен. Затоа, Пасха, како што уште се именува славното Христово воскресение, значи преминување – премин од непостоење во постоење, од ропство во слобода, од смрт во живот16. Денот, пак, на воскресението е ден на животот, а нашата вера е вера на вечната радост и во вечниот живот! Силата на оние коишто веруваат, се надеваат и Го љубат Воскреснатиот Христос е во смирението, во целомудрието, во трпението, во послушанието, во страданието – во сите таинствени доблести што го надминуваат умот и расудувањето човечко и го преобразуваат човека од земно во ангелоподобно битие. Возљубени чеда на нашата Света Црква,

Годинава нашата радост е двојна: во ова 2016-то лето Господово, одбележуваме 1100 години од блаженото упокојување на нашиот покровител и првоерарх на древната Охридска столица – свети Климент Охридски. Единаесет столетија тој молитвено се застапува за нас; цели единаесет столетија ни ја сведочи незалезната светлина на светото Христово Евангелие, грижливо нè води и ни го осветлува патот кон царството на Воскреснатиот Спасител и Господ. И на овој Голем ден, молитвено се обраќаме кон овој богоугодник од нашиот род – да испроси од човекољубивиот Бог разбирање и братска љубов меѓу нашиот православен народ. Нема поблагопријатно време и поблагословен ден од Велигден, па од името на нашата духовна мајка – Македонската православна црква, повикуваме на единство меѓу нашиот народ, трудејќи се да го запазиме единството на Духот преку врските на мирот17. Здобивајќи се со тој дар, ќе можеме мудро и незлобно да одговориме на сите предизвици што катадневно се испречуваат пред нас. Да го чуваме сопственото и да го почитуваме достоинството на другите, да се грижиме за доброто на секого и на сите околу нас.Затоа, и денес, на Велигден, стоејќи простум пред Бога Седржителот, да се помолиме заедно со свети Климент и со сите македонски светии, и да испросиме преобразба на секого и меѓусебно сплотување; да побараме исцеление на раните што ги трпиме и лузните што ги носиме; да измолиме оттргнување на страданијата и искушенијата со кои живееме – та да можеме, во Негова слава и со Негова помош, да одиме по патот на доблеста и да се овенчаме со вистинската добрина и со секој дар што доаѓа од Него. Уште поусрдно да се помолиме, Бог да ги запре немирите и војните кај нас и во целиот свет, да ги врати раселените во своите домови, да ги закрили оние што страдаат и да ги овенча со маченички и исповеднички венци бројните христијани и невини луѓе кои и во нашиве дни ја сведочат верата во Христа Воскреснатиот.А вам, возљубени чеда на Македонската православна црква, во Македонија и насекаде по светот, молитвено ви посакуваме бодар дух, силна вера, непоколеблива надеж и возвишена и постојана љубов. Вашите срца нека се исполнат со искрено покајание, та да се укрепите во доблеста и праведноста и да ја почувствувате постојаната радост во нашиот Господ, Победителот на смртта. Искушенијата со кои се соочуваме во овој живот, нека ни бидат предворие за воскресение во вечен живот – па, уподобувајќи се на Христа, да се удостоиме за учество во Неговите вечни блага и, исполнети со благодатта на Светиот Дух – торжествено да воскликнеме:

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сали-Варнс: нагласена посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем

Објавено пред

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше истакната важноста на стратешкото партнерство меѓу земјата и Соединетите Американски Држави, како и континуираната американска поддршка за демократските и развојните процеси.

Соговорниците разговараа за клучната улога на регионалната стабилност како предуслов за мир и одржлив развој.

Сали ја нагласи посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем, оценувајќи ги овие чекори како суштински за зајакнување на владеењето на правото, зголемување на транспарентноста и подобрување на услугите за граѓаните.

Двете страни ја реафирмираа подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нова градска плажа, се реконструираат спортските терени, кејот на Вардар добива нов лик, најави Ѓорѓиевски

Објавено пред

Кејот на Вардар добива нов лик и нова градска плажа, отворена за сите генерации, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

dobivaj vesti na viber

Тој информира дека со засилено темпо течат работните активности за уредување на кејот на реката Вардар, простор каде секојдневно се рекреираат илјадници граѓани и кој претставува едно од најважните урбани јадра на Скопје.

„Кејот е меѓу моите клучни приоритети и уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење, со што конечно Вардар повторно тече по своето природно и нормално корито.
Денес, кејот го уредуваме со јасна визија за функционален и жив јавен простор.
Се реконструираат спортските терени за фудбал, одбојка на песок и баскет, се поставува нова урбана опрема и се создаваат модерни фитнес-зони на отворено. Во рамки на овој проект опфатени се и спортските терени во Маџир Маало, кои целосно ќе се унапредат и ќе се вратат во служба на заедницата.
На ова место градиме и современа градска плажа – безбедно, уредено и достапно катче за одмор, рекреација и дружење, кое ќе внесе нова енергија и живот покрај реката и ќе го доближи Скопје до европските урбани стандарди.
Инвестирањето во спортот е инвестирање во здрави навики, здрави млади и силно општество.
Искрена благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски, за поддршката и партнерскиот пристап, кои овозможуваат ваквите проекти да се реализираат брзо, квалитетно и во интерес на граѓаните.
Ова, почитувани, е само почеток.
Нашата визија е да создадеме современи, уредени и достапни спортски терени во сите општини на Град Скопје“, напиша Ѓорѓиевски.

Најавува како што вели, рамномерен развој, еднакви можности и активен, здрав живот за секој скопјанец, без разлика каде живее.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините снег, од следната недела заладување

Објавено пред

Времето утре, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија5 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија5 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија6 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија6 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија7 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ8 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа10 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет10 часа

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа11 часа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа11 часа

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион11 часа

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет11 часа

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија21 час

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија1 ден

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија1 ден

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија1 ден

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ1 ден

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија1 ден

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...