Македонија
Анкета: Граѓаните не сакаат одложување на изборите на 24 април

Граѓаните на Македонија сметаат дека не треба да се одложат закажаните избори за 24 април, но сметаат и дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е попосветена на остварување на договорот од Пржино, може да обезбеди повеќе работни места и да ги остварат предизборните ветувања, покажа телефонската анкета на Институтот „Павел Шатев“.
Имено, 73,7 отсто од испитаниците сметаат дека изборите не треба да се одложат, а 15 отсто се за одложување.На прашањето: Доколку треба да изберете меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, која партија сметате дека повеќе или донекаде е посветена на исполнување на договорот од Пржино и одржување на изборите во април, 55,7 отсто одговориле ВМРО-ДПМНЕ, а 24,8 отсто СДСМ.Високи 58,3 отсто повеќе и веруваат на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ги исполни предизборните ветувања, а за СДСМ се одлучиле 21 отсто, 20,7 отсто не знаат.Доколку треба да изберете меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, која партија сметате дека повеќе или донекаде знае како да ја води економијата и да креира работни места, 64,1 отсто смета дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, а 19.9 отсто СДСМ. Дека опозицијата има „свои“ медиуми, чијашто уредувачка политика е понаклонета кон опозицијата сметаат 64 отсто од испитаниците и тоа е доволен простор за нејзините ставови. Дека нема, сметаат 22 отсто.Анкетата е спроведена во периодот меѓу 10 и 13 јануари 2016 година од Институтот „Павел Шатев“,телефонски на примерок од 1.025 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани за тоа која од двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, подобро би се справила со одредени политички предизвици, ставот за предвремените избори во април 2016 и изборот на иден премиер на Македонија.„Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол, возраст, но беше направена и поделба според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина. Анкетата е направена врз основа на репрезентативен примерок на гласачите на македонските партии“, објаснуваат од Институтот. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,5 %./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претседателот на Собранието Гаши се сретна со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клеин

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска во Собранието се сретна со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клеин.
На средбата претседателот Гаши изрази благодарност до пријателска Унгарија за поддршката на патот кон Европската Унија за нашата држава, истакнувајќи ја и финансиската помош на Владата на Унгарија која се вложува во подобрување на инфраструктурата и напредок на капиталните проекти.
Амбасадорот Клеин се заблагодари за средбата и му врачи на претседателот Гаши покана од претседателот на Националното собрание на Унгарија, Лало Ковер, за Конференцијата на претседатели на земјите на Југоисточна Европа, што ќе се одржи во Будимпешта во ноември.
Претседателот Гаши се заблагодари за поканата и ја истакна Конференцијата како можност за средби и размени на мислења со унгарскиот колега и хомолозите од Југоисточна Европа, како форум во полза на развој на мултилатералната и билатералната соработка, како и напредок во процесот на интеграција во Европската Унија за земјите кандидати.
Претседателот Гаши и амбасадорот Клеин разменија мислења и за актуелните теми, како што се претстојните локални избори, регионалните настани и иницијативи, како и геополитичките настани во Европа и светот.
Соговорниците се заложија за интензивирање на контактите и соработката на парламентарно ниво на сите нивоа.
Македонија
„И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со Дрисла, ѓубрето во Скопје и состојбата во Дрисла е резултат на неспособноста на Арсовска и нејзините другари од ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„На сите им е јасно кој раководи со јавните претпријатија во град Скопје. Дури и врапчињата знаат дека конкретно со Дрисла раководи ДУИ. Дрисла, ѓубрето во Скопје и состојбата во Дрисла е резултат на неспособноста на Данела Арсовска и нејзините другари од ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните на Скопје не се виновни за хаосот што го прави Арсовска и Скопје не смее да биде заложник на Арсовска и коалицијата СДС-ДУИ-Левица.
Време е да се стави крај на црните сценарија, фабрикуваните кризи и штетни сценарија за граѓаните на Скопје од страна на коалицијата Арсовска-ДУИ-Левица.
Граѓаните на Скопје не смеат да бидат заложници на Арсовска и неспособните кадри од ДУИ. СДС треба да знаат, граѓаните не се наивни, граѓаните знаат кој ветува а кој исполнува.
ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија, план и цел, ќе го решат овој проблемот со депониите за граѓаните конечно да го добијат она што го заслужуваат, а тоа е почиста животна средина, почист воздух и намалување на бројот на дивите депонии.
ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски имаат сеопфатна стратегија за почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот на граѓаните“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Работна средба на Јавното обвинителство и ДКСК во пресрет на Локалните избори 2025

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, претседателот на Комисијата во Јавното обвинителство за следење на евентуални изборни нерегуларности Џељаљ Бајрами и јавните обвинители во ЈОРСМ Анита Тополова Исајловска и Елвин Вели денеска остварија средба со претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата предводени од В.Д. претседателката на тоа телот Цвета Ристовска, а во насока на координација на активностите пред претстојните локални избори.
На средбата, државниот обвинител Коцевски ги информираше претставниците на ДКСК за составот, надлежностите и активностите на Привремената комисија задолжена да го следи постапувањето по евентуални изборни нерегуларности поврзани со постоење на кривични дела од Глава 16 од Кривичниот законик – Кривични дела против изборите и гласањето, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.
Покрај обвинителот Бајрами како претседател, Комисијата ја сочинуваат уште 5 члена, односно по еден јавен обвинител од сите виши јавни обвинителства, како и еден јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје како основно обвинителство кое покрива најголемо подрачје.
Од своја страна, претставниците на ДКСК информираа за нивните активности во однос на изборите, согласно законските надлежности на антикорупциската комисија.
Воедно, на средбата стана збор и за процесот на планирање на активностите кои треба да бидат опфатени во новата Национална стратегија за спречување на корупцијата, информираше Обвинителството.