Македонија
„Мерцедесот“ од 600.000 евра купен за да се возат странците
Владиниот „Мерцедес“ од 600.000 евра, за кој јавноста дозна од објавувањето на снимките од прислушуваните разговори, бил купен за да се возат со него високите гости кои ја посетуваат Македонија, појасни премиерот Никола Груевски, одговоарајќи на пратеничко прашање.
„Возилото е набавено за превоз на високи гости кои ја посетуваат Македонија, а возилото во кое се возам јас е тоа што го наследив од претходниците и тогаш беше старо 12 години, а сега е повече од 20 години“, рече премиерот Никола Груевски, одговарајќи му на пратеникот Горан Мисовски од НСДП, зошто во услови на сиромаштија се трошат толку пари за возила.Сепак, пратеникот не беше задоволен од одговорот, велејќи дека не одговорил зошто тоа го криел од новинарите и од јавноста, при тоа цитирајќи му на Груевски делови од објавените прислушувани разговори, што наводно тој бара да има во возилото.Претходно Мисовски го праша Груевски и за случајот „Пуч“, во кој осомничен е поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, но и лидерот на СДСМ Зоран Заев, зошто кога премиерот сметал дека странски служби прислушуваат во центарот на Скопје, не го повикал амбасадорот од таа земја и не го протерал.„Преку медиумите слушнавме дека поранешниот директор на УБК во време на СДСМ преку неговата комуникација којашто МВР ја откри, а медиумите ја прикажаа, отворено се допишува со своите соучесници укажувајќи им дека да не се секираат дека тие имаат „чадор“, мислејќи на заштита. Го упатувам пратеникот Мисовски, да ја следи судската расправа, во којашто посочената личност Верушевски ќе каже кој стои зад сето ова. Можеби одговорот го има и оној којшто му прати писмо, пишувано на рака, којшто знае многу детали за други држави и премиери’, рече Груевски.Груевски беше прашан и дали стои зад насилните протести во Општина Центар, кои беа за правото на изградба на црква во центарот на Скопје.„Дали сум стоел зад одреден протест организиран од невладина организација одговорот е не“, кусо одговори Груевски.„Не ве прашав дали стоите зад невладината организација, јас ве прашав дали сте организатор на тие протести. Не е нормално во сред центар, ваши партиски членови го извршија оној вандалски чин во Општина Центар… Ќе му пратиме на градоначалникот едно 2.000 луѓе, да му мавне едно 2-3 шамари нема да е за кривична, евентуално за прекршочна. Тоа се ваши зборови премиере“, рече Мисовски, повторно цитирајќи разговори од „бомбите“ на опозицијата./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

