Контакт

Македонија

Спасовски: Нема политички одлуки во однос на кандидатите за полицајци со завршен курс

Објавено пред

Носење на политички одлуки во однос на статусот на кандидатите за полицајци коишто го завршија курсот  нема, договорите за нивно вработување се изготвени, рече во сабота министерот за внатрешни работи во оставка Оливер Спасовски, по средбата со претставници на кандидатите за полицајци.

dobivaj vesti na viber

„На Македонија и требаат млади луѓе коишто ќе и служат на државата и коишто ќе работат во интерес на граѓаните. Се надевам дека таа мисла ја имаат сите кандидати за полицајци коишто се и на овој конкурс и коишто ќе бидат и понатаму“, рече Спасовски.Тој додаде дека, согласно огласот, ќе бидат примени 400 кандидати, иако тој, како што рече, да бидат примени и оние 34 кандидати кои исто така го минале курсот. „Ако се случи да наредните денови се одложат изборите, немаме состојба во којашто ќе имаме правна пречка или ќе правиме злоупотреба со новите вработувања, ќе треба да се повикаат и ќе се повикаат сигурно сите овие 400 кандидати за полицајци и ќе започнат приправнички стаж во Министерството за внатрешни работи“, рече Спасовски, при тоа изразувајќи надеж дека по завршувањето на приправничкиот стаж ќе завршат и ќе го положат и испитот успешно и ќе станат полицајци. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Објавено пред

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување за 2,3 проценти во однос на претходната година.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупниот број запишани студенти, за студии по здравство и социјална заштита се определиле 13.371 лице, од кои дури 10.011 жени, а 3.360 мажи. Понатаму, втори по интерес се студиите за бизнис, администрација и право – 10.839, по што следат Информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) со запишани 8.875 студенти.

Најголем број студенти, 76,8 проценти, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23,2 отсто се запишале на приватните високообразовни установи, соопшти Државниот завод за статистика.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

„Кандидатите на СДС не се реформирани туку рециклирани, Филипче пак покажа дека заевизмот е наративот по кој ја води партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„СДС повторно демонстрира неспособност да понуди нешто ново. Со месеци наназад зборуваа за некоја реформација и за нови лица. Кои се и каде се тие нови лица“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Филипче откако ја презема партијата се обидува да наметне некој наратив за реформирање, а сега во прва прилика кога треба да го оправда тоа што го зборуваше, тој повторно нуди имиња на познати стари ликови. Или по логиката на СДС овие ликови би биле нереформирани.

Јавноста повторно е сведок на истите шеми на СДС. Кандидатите кои СДС ги нуди за претстојните локални избори не се ништо друго освен жив доказ дека заевизмот и понатаму е наративот по кој Филипче ја води партијата.

Изборот на кандидати е најјасната порака што една партија ја испраќа до граѓаните. СДС во овој случај испраќа порака дека прво не е реформирана партија, што значи дека повторно ги лаже граѓаните. И второ, дека овие кадри се истите оние од претходно, кадри кои се познати низ општините по скандали и уништен углед.

Кандидатите на Филипче, или на тандемот Филипче-Заев се луѓе кои ги претстаавуваат најлошите практики на локално ниво. Од нив не се очекува никаков развој, ниту пак може да има некаков бенефит за граѓаните. Од нив се очекува послушност.

За какви интелектуалци зборуваше Филипче? За интелектуалци врзани за СДС како приврзоци базирани на лична лојалност наместо компетентост, или интелектуалци кои ќе ги користат институциите за партиски цели.

СДС само покажува дека ја продолжува истата политика што граѓаните одамна ја отфрлија.

А тоа што Филипче сега е играч во кампањата, Филипче кој е симбол на здравствениот хаос и сомнителните тендери, тоа само покажува дека СДС не се реформира туку се рециклира.

Со вакви луѓе, СДС не тргнува на избори, тргнува во уште еден директен, сигурен пораз. Граѓаните веќе ги препознаваат ваквите структури на СДС, криминални мрежи маскирани во социјалдемократи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

„40 милиони евра изгубени – дебакл на Европската агенда на сите фронтови“, велат од ДУИ

Објавено пред

„Во сенка на големиот дебакл во Европскиот парламент поминува веста дека државата изгуби речиси 40 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија. Овие средства не беа симболични. Тие беа наменети за поддршка на реформите што директно влијаат врз економијата, енергетиката, образованието и стандардот на граѓаните“, велат од ДУИ.

dobivaj vesti na viber

„Но, неспособноста, некоординираноста и институционалниот хаос станаа пречка дури и за повлекување на веќе одобрени фондови. Министерството за енергетика доби негативна оценка од Брисел за реформите што требаше да ги спроведе до декември 2024 година, со што државата остана без 2,1 милион евра.

Истото министерство не ги исполни ниту обврските за јуни 2025 година, со што се изгубија уште најмалку 10 милиони.

Министерството за финансии, пак, со ист таков неуспех, го загуби најголемиот дел од очекуваните 4,2 милиони евра. Три министерства, три сериозни институции, и ниту едно чувство на итност, одговорност. Северна Македонија требаше да добие 17 милиони евра за реформите до декември и уште 70 милиони за обврските до јуни. Наместо тоа, добивме празна реформска каса, изгубен кредибилитет и понижување пред европските партнери. Во време кога регионот напредува, нашата држава сама си поставува сопки, блокирајќи го патот не само кон ЕУ, туку и кон нормалноста.

Ова е дебакл на портфолиото на Министерството за европски прашања, во чија надлежност е следење, координација, контрола, подготвеност и одржување на капацитетите за апсорпцијата на странската помош, особено таа од ЕУ

Ова е модел на владеење кој произведува застој, несигурност и економска штета. Владата не ја изгуби само довербата на Брисел, таа ја губи и довербата на сопствените граѓани.

Никој не може да зборува за развој и просперитет, додека паралелно го блокира пристапот до фондови што се заслужени, не подарени.

ДУИ бара итна објаснување: кој е одговорен за оваа загуба и што ќе преземе Владата за да спречи нова катастрофа.

Зашто држава која не знае да ги искористи шансите, нема право да се жали на пречките. И додека граѓаните се соочуваат со зголемени трошоци, инфлација и институционален хаос, Владата дозволува 40 милиони евра да испарат без глас, без реакција. Тоа не е реформа. Тоа е саморазорување“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување за 2,3 проценти во однос на претходната година. Според...

Регион10 минути

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет1 час

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа2 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин-Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион3 часа

(Видео) Студенти: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија3 часа

Околу половина час се чека на Богородица и Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија3 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ14 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија15 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија16 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија17 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија19 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија21 час

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ21 час

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ23 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион1 ден

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа1 ден

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа1 ден

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет1 ден

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет1 ден

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....