Забава
Градоначалник одреден со 'петка-глава'
Изборот за градоначалник на општината Сан Теодоро на Филипини е решен со фрлање на паричка во два наврата откако двајцата кандидата собрале ист број гласови, објавија во четвртокот официјални извори.
Марвик Ферарен, член на владејачката Либерална партија е прогласен за победни откако двапати избрал „глава“ и паричката фрлана во воздух двапати паднала според неговиот избор.
„Двајцата кандидата ги прифатија резултатите, си подадоа рака и се прегрнаа“, објави за AFP во четвртокот Рени Пагилаган шеф на локалната изборна комисија во општината Сан Теодоро која има 16 илјади жители.
Според него, филипинскиот изборен закон дозволува победникот во вакви случаи да биде одреден со жрепка, а фрлањето паричка била прифатлива варијанта за двајцата кандидата.
Пагилаган додал и дека овој случај не е преседан и потсетил дека во 2004 година, исто така, со фрлање паричка бил одреден победникот за финалното место во советот на соседна општина на Сан Теодоро.
Повеќе од 44 илјади кандидати се натпреваруваа за 18 илјади мандати на националните и локалните избори на Филипини кои беа одржани во понеделникот на половината од претседателскиот мандат и ја зајакнаа позицијата на претседателот на државата. Бенињо Акино вети дека ќе спроведе реформи за да ја извлече земјата од сиромаштијата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Во Малме вечерва првото полуфинале на Евровизија
Вечерва во Малме со почеток во 21:00 часот ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија, а за пласман во финалето се борат 15 земји.
Вечерва пред публиката од земјите членки на големата петорка ќе се претстават и Велика Британија и Германија, како и Шведска, која како домаќин избори пласман во финалето.
Годинешното издание на Евровизија го одбележа и политичката ситуација во светот, особено војната во Газа, поради што веќе се одржуваат протести ширум Шведска. Меѓу демонстрантите има негодувања затоа што на Израел му беше дозволено да учествува, а Русија претходно беше исфрлена поради војната во Украина.
Во втората полуфинална вечер закажана за овој четврток ќе настапат Израел и нивниот претставник Еден Голан, а и’ е препорачано да не излегува од хотелската соба.
Шведската полиција е во состојба на готовност и дури побарала засилување од Данска и Норвешка за време на натпреварот.
Забава
Мажите родени во овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак
Секоја врска е единствена, вклучувајќи го и бракот. Но, иако изгледа дека некои парови ги откриле тајните на среќниот брак, можеби и астрологијата е фактор за нивниот успех. Мажите родени под овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак.
Бик
Мажот роден во знакот Бик е идеален партнер за долгорочен брак. Биковите се познати по својата чувствителност и романтична природа, што значи дека секогаш ќе се трудат пријатно да ја изненадат својата сакана.
Рак
Раковите се вистински мајстори кога станува збор за грижата за своето семејство и партнерот. Мажите родени во овој знак носат топлина, сочувство и емоционална поддршка во секоја врска. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат потребите на своите партнери без многу зборови.
Девица
Девиците се познати по педантноста и аналитичката природа, што ги прави идеални партнери за стабилен брак. Мажите родени во овој знак ќе и се посветат на партнерката со иста грижа и прецизност како што и пристапуваат на секоја друга задача.
Вага
Мажот роден во знакот Вага носи хармонија и рамнотежа во секоја врска, вклучувајќи го и бракот. Нивната способност да преговараат и да решаваат конфликти ги прави одлични партнери со кои е лесно да се договорат. Вагите секогаш ќе го бараат најдоброто решение за двајцата партнери, правејќи го бракот хармоничен и задоволувачки.
Забава
Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот
Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.
Никола Велигден го помина во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии и видеа на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе.
„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, рече Никола.