Контакт

Забава

Брачна двојка од Тенеси пријави дека е добитник на рекордниот џекпот

Објавено пред

Брачна двојка од американската сојузна држава Тенеси, по проверката, објави во петокот на телевизијата во Њујорк дека купила една од трите добитнички лоза на американската лотарија Powerball, со што им припаѓа третина од рекордниот џекпот во вкупен износ од приближно 1,6 милијарди долари.

dobivaj vesti na viber

Сопружниците Џон и Лиза Робинсон живеат во Манфорд, гратче во Тенеси, каде што е продаден еден од трите тикети кои ја освоија главната награда од 1,58 милијарди долари. По уште една проверка, ќе добијат 538,8 милиони долари, пред данокот, во рати следните 29 години или 337 милиони долари, доколку се решат наградата да ја подигнат наеднаш.

Џон работи во сферата на информатичката технологија, а Лиза кај дерматолог, а и покрај астрономската добивка на лотаријата, тврдат дека уште извесно време сакаат да продолжат да работат и дека не сакаат да се преселат, пренесе телевизиската мрежа NBC, откако во канцеларијата на лотаријата во градот Нешвил ја потврдиле веродостојноста на тикетот.

Џон го купил ливчето за лотаријата Powrball во средата навечер во продавница недалеку од нивниот дом, неколку часа пред извлекувањето, на совет од сопругата. „Се враќав од работа, ме повика и ми кажа ’ќе навратиш ли да купиш тикет?“, рече покажувајќи го лозот. „Навистина немав намера, но помислив – добро, ќе купам“.

Купил четири лозови, по еден за себе и за сопругата, како и за ќерката и синот коишто живеат недалеку од нив. „Се вратив дома, не се чувствува добро, ѝ ги дадов ливчињата и реков дека ќе легнам“.

Кога Лиза ги слушнала бројките на телевизија, ги запишала, трипати ги проверила и го разбудила врескајќи и трчајќи по куќата. Тој уште четири пати ги проверувал бројките. Тврди дека ги проверувал и следното утро, кога било објавено дека добитен тикет е продаден токму во нивниот град со пет илјади жители, североисточно од Мемфис. „Се престрашив, бидејќи не знаев што да правам“, рече Џон.

Робинсонови во меѓувремено ангажирале адвокат, а планираат да ангажираат и финансиски советник, како што им препорачува лотаријата на добитниците. „А сега ќе се грижам, бидејќи сите знаат“, рече. Адвокатот му советувал да одат на телевизија, бидејќи јавноста сака да знае кои се добитниците, и како би можеле да ја задржат контролата над приказната. Сé уште не решиле што ќе сторат со парите.

Сопственикот на продавницата „Naifeh’s“ во којашто е купен лозот, добил од лотаријата 25.000 долари, бидејќи го продал ливчето со добивката. Другите два добитни лоза се купени во сојузните држави Флорида и Калифорнија. Досега не е познато кои се другите двајца добитници, а можат да се јават анонимно или јавно, во зависност од државата затоа што некои сојузни прописи го задолжуваат добитникот да се идентификува во јавноста, во рок од шест месеци.

Рекордниот во историјата на лотаријата Powerball џекпот беше извлечен во средата. Според условите на играта на среќа, добитник е оној кој ќе ги погоди бројките на петте бели и на едното дополнително црвено, коешто е и наречено Powerball. Шансите за добивка изнесуваат 1 наспроти 292 милиони. Според правилата, победникот може да ја добива сумата целосно на 29 годишни рати, или да ја подигне веднаш. Во тој случај сумата речиси е двојно помала, несметајќи ги даноците кои се разликуваат од држава до држава.

Лотаријата Powerball се приредува во 44 сојузни држава, федералниот округ Колумбија, на американските Девствени острови и во Порторико. Цената на лозот изнесува 2 долара, а вкупниот приход од нивната продажба достигнува неколку милијарди долари.

Претходниот рекорден џекпот во историјата на САД изнесуваше 656 милини долари и беше извлечен во рамките на другата популарна американска лотарија Mega Millions. Тогаш, исто така, добитни беа три лоза чии сопственици ја поделија сумата. Досегашниот рекорден џекпот на Powеrball во износ од 590,5 милиони долари се падна во 2013 година, а среќник беше жител на Флорида./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Забава

(Видео) Ќерката на Ким Кардашијан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“

Објавено пред

Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашијан, како нејзина мајка, трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – „тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува“.

dobivaj vesti na viber

Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тикток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокираше сите.

@kimandnorth

♬ original sound – flxxsohard

Таа носеше целосно црна комбинација што ја комбинираше со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.

Набргу потоа следеше лавина од коментари.

„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тикток“, додека друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“

@kimandnorth

💧💧

♬ original sound – ꜰɪɴɴ

„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, искоментира трет корисник на социјалната мрежа.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од чипка

Објавено пред

Пејачката Лили Ален пееше на сцената на „Saturday Night Live“ по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната „Madeline“ и ги воодушеви сите со својот изглед.

dobivaj vesti na viber

Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето „правило“.

За сцената, таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.

Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни стајлинзи на Дакота Џонсон, поради кои речиси ја остави Лили и нејзиниот настап во сенка.

Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се вери

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Џуниор, се вери со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.

dobivaj vesti na viber

Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а наскоро се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.

„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.

Дон помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата нова свршеница што го прифати неговиот предлог.

Ова е трет пат Доналд Трамп Џуниор да се вери. Претходно 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.

Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.

Романсата, пак, со Бетина започна минатата година, приближно во исто време кога Дон Џуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет4 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет4 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет4 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет4 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа4 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија14 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет15 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет17 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет18 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија21 час

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија22 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија24 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет1 ден

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет1 ден

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа1 ден

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет1 ден

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет1 ден

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет1 ден

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...