Македонија
Апелација ја потврди пресудата за „Монструм“
Апелациониот суд Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 за случајот „Монструм“ со која шестмина обвинети беа осудени на доживотен затвор, а еден беше ослободен од обвинение.
„Со цитираната пресуда на Апелациониот суд Скопје по одржаната јавна седница и сеопфатната анализа на доказите и оценка на жалбените наводи, жалбите на обвинетите А.И., А.Д., А.И., Ф.А. и С.Љ. огласени за виновни за кривично дело – Тероризам од член 394-б став 1 од Кривичниот законик, како соизвршители и обвинетиот Х.А. огласен виновен за кривично дело – Тероризам од член 394-б став 1 од Кривичниот законик како помагач, и осудени на казна доживотен затвор изречена од страна на првостепениот суд, се одбиваат како неосновани.Со одлуката на Апелациониот суд Скопје, жалбата на Јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена во ослободителниот дел на првостепената пресуда, со која обвинетиот Р.С. е ослободен од обвинението за кривичното дело -Тероризам од член 394-б став 1 од Кривичниот законик како соизвршител со останатите обвинети, се одбива како неоснована“, се вели во соопштението на Апелација.Со пресудата од 30 јуни 2014 година на доживотна казна затвор за тероризам беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. Единствено петтоoбвинетиот Сејди Рами доби ослободителна пресуда бидејќи Судот не пронашол цврсти докази што посочуваат на негова инволвираност во настанот. Демири и Африм Исмаиловиќ се’ уште не се екстрадирани од Косово.На 12 април 2012 година, на Велики Четврток беа убиени четвроица матуранти Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и рибарот Борче Стефковски додека ловеа риба кај Смилковското езеро. Според Обвинителството, мотивот за свирепото убиство е предизвикување чувство на страв и несигурност кај македонското население./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Православните верници го слават Богојавление – Водици, над 220 граѓани ќе се обидат да го фатат крстот во Вардар
Православните верници денеска го слават празникот Богојавление, а централните манифестации, традиоционално ќе се одржат во Скопје и Охрид со осветување на водите на реката Вардар и Охридското езеро со положување на крстот во нив.
Празникот се одбележува од вториот век, а уште се нарекува и Водици поради големиот водосвет што го врши црквата на овој ден.
Според христијанското предание, на овој ден се одбележува крштевањето на Исус Христос од страна на Свети Јован Кристител во реката Јордан.
Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст. Над 220 граѓани денес ќе се обидат да го фатат крстот што ќе биде положен во реката Вардар во Скопје. Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.
Посебен режим на сообраќај
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска по повод празникот Водици ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром.
Така, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потег од крстосница со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосница со улицата „11-ти Октомври“ во двете насоки.
Во општина Кисела Вода за сообраќај ќе бидат затворени улиците „14-ти Декември“ и дел од улицата „Христо Татарчев“ до салата „Расадник“.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“, потоа улицата „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, улицата „Козле“, дел од улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.
Македонија
Сончево време со температура до 12 степени
Времето утрово е студено, насекаде со негативни утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 12 степени.
Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник по одделни котлини ќе има појава на магла, а локални врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат во вторник.
Македонија
Пивтијада по 15. пат на плоштадот во Автокоманда
Утре 19.01.2025 година (недела) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 15та година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Истовремено ќе уживаат во македонската песна со настапот на Јордан Митев, Ефто Пупиноски и Даниела Темелковска.