Македонија
СЈО ќе го истражува „Пуч“, за „Монструм“, „Дива населба“ и „Ровер“ ќе одлучува дополнително
Специјалното јавно обвинителство од вкупно 36 предмети презеде 34 предмети, меѓу кои и случајот „Пуч“, предмет во којшто е обвинет лидерот на опозицијата Зоран Заев.
За предметите „Монструм“, односно масакрот кај Смилковското езеро, „Дива населба“, инцидентите во Куманово во кој загинаа осуммина полицајци“ и за случајот „Ровер“, во којшто е обвинет поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, ќе се одлучува дополнително откако ќе бидат прибавени материјалите од незаконски следените комуникации и ќе се пристапи кон нивно преслушување и анализа. Одбраната во случајот „Ровер“ доставила одредени материјали до новото Обвинителство кои се уште се предмет на разгледување и анализа,, а во понеделник примиле вакви барања и за случаите „Дива населба“ и „Шпион“. Од вкупниот број предмети над кои Специјалното обвинителство воспостави стварна надлежност 16 предмети се поврзани со изборните нерегуларности,Во текот на денешниот ден Обвинителството ќе побара од Заев да им ги достави материјалите од незаконски следените комуникации.Јавното обвинителство ги добило сите барани истражители и во овој момент вкупниот број на истражители е 13.„По однос на Законот за јавнообвинителската служба на ова Јавно обвинителство, Ве известуваме дека не добивме одговор од ниту една од институциите до кои што поднесовме барање за информации, поради што во моментов ги разгледуваме законските можности за наше натамошно постапување“, соопштуваат од СЈО. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.