Забава
Дедо Мраз тргна на патот околу светот
Дедо Мраз во вторникот го започна својот традиционален пат околу светот за да под секое божикно дрво да остави дарови а во 16 часот по македонско време се наоѓаше над Шангај во Кина, соопшти Командниот штаб на северноамериканската воздушна и вселенска одбрана – NORAD којашто најочекуваниот дедо го следи со помош на својот радарски систем на неговиот 24-часовен пат за кој треба да го обиколи светот и да го посети секое семејство.
По тргнувањето од јужниот Пацифик, санките на Дедо Мраз прво се регистрирани над Нов Зеланд и Австралија, Потоа се упатил кон Азија, од каде што ќе тргне за Блискиот исток, Европа, Африка и Северна и Јужна Америка.
Американскиот противвоздушна одбрана е многу сериозна служба задолжена за заштита на САД и Канада и рано забележување воздушни напади и лансирање нуклеарни проектили. Но како и секоја година досега од 1955 година, нејзините мочни радарски системи и сателити користат и се користат и во „вистински“ цели.
Спротивно на мистериозноста што го опкружува, NORAD дури се впушти и во објаснување на тоа како знае каде се наоѓа Дедо Мраз во секој момент. Станува збор за тоа „црвениот и сјаен нос на собот Рудолф испраќа инфрацрвени сигнали кои ги фаќаат нашите сателити и така го лоцираат“, велат од NORAD.
Ангажирањето на NORAD околу патувањето на Дедо Мраз започна во 1955 година како во рекламата на стоковната куќа „Sears, Roebuck & Co“ децата беа повикани директно да го повикаат на одреден телефонски број.
Меѓутоа, бројот во рекламата содржел и еден погрешно напишан број. Наместо приватниот телефонски број на Дедо Мраз, децата така го добиле бројот на Континенталната команда на воздушната одбрана, претходник на NОRАD.
„Секој повик на тој број обично бил од функционер, министерот за одбрана па дури и претседателот“, вели Стејки Нот, заменичка на командантот во NORAD.
Кога на Бадник вечерта ѕвонело првото дете, на должност бил полковникот Хари Шоуп. „Тенок глас на девојченце запраша ‘Дали е тоа Дедо Мраз?’, појаснува Нот. „Полковникот Шоуп помислил дека некој се шегува со него, но веднаш поразговара со мајката на девојчето и сфатил што се случува“.
Шоуп потoа на својот персонал му наложил на радарот да провери дали има некои сигнали од Дедо Мраз, и така е родена традицијата.
Минатата година NORAD одговорил на повече до 114 илјади телефонски повици. Може да биде следен и преку Twitter, Facebook сметките или електронската пошта на NORAD. Специјалната интернет страница за таа намена ја посетиле 22 милиони луѓе. Децата најчесто прашуваат дали се на списокот на добри или лоши деца и што е потребно да се посвои еден од нордиските елени на Дедо Мраз.
Но разузнавачите не биле тоа што се да не се обидоа да дознаат на кој начин Дедо Мраз воопшто успева да го обиколи целиот свет и да го посети секои дете само за 24 часа.
„Како прво, Дедо Мраз лета со брзина на ѕвездена светлина“, вели Нот, а нејзините колеги дошле до заклучок да времето за Дедо Мраз минува побавно отколку на обичните луѓе. „Неговото обиколување нам можеби ни трае 24 часа, но за Дедо Мраз може да му трае со денови, седмици, дури и со месеци“, поради тоа и може толку брзо да ги изврши својата задача, објаснуваат од NORAD
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Пет бои за ѕидови кои веднаш го трансформираат и наједноставниот простор во скап дом
Изборот на вистинската нијанса при уредувањето на вашиот дом може да го направи да изгледа поелегантно, потопло и поскапо без да потрошите многу пари. Ако сакате луксуз и софистицираност, изберете бои што зрачат со длабочина, префинетост и безвременски шарм.
1. Длабоко смарагдно зелена
Оваа богата, темна нијанса на зелена веднаш потсетува на луксузни ентериери и хотели. Смарагдно зелената е моќна, но сепак смирувачка, и изгледа особено убаво кога се комбинира со златни акценти и темно дрво.
2. Темно сина (navy blue)
Темно сината додава сериозност и софистицираност на ѕидовите, правејќи го просторот елегантен. Идеална е за дневни соби или спални соби, бидејќи создава чувство на длабочина и луксуз без да биде премногу драматична.
3. Топла сива со беж нијанси (greige)
Ова е совршен избор за оние кои сакаат неутрални тонови, но сакаат поголема софистицираност. Оваа боја изгледа многу елегантно, лесно се комбинира со различни стилови и му дава на просторот исклучително софистициран изглед.
4. Темно чоколадно кафеава
Длабоко кафеавата нијанса внесува топлина и луксуз во секој простор, особено кога се комбинира со кадифени текстури и топли светилки. Иако е темна, не делува тешка, туку многу елегантна и отмена.
5. Пригушена бордо или вино боја
Бордо тоновите зрачат со елеганција и класика, а на ѕидовите им даваат драматичен, но софистициран карактер. Оваа боја совршено функционира во простори каде што сакате да создадете чувство на интимност, луксуз и уникатност.
Со правилен избор на боја, дури и наједноставниот простор може веднаш да добие луксузен и гламурозен допир, без поголеми интервенции и со максимален ефект.
Забава
(Фото) Најголемата слава ѝ донесе и најголеми проблеми: „Плачев без престан“
Поранешната членка на „Спајс Грлс“, Мел Си, денес воодушевува со изгледот, но малкумина се сеќаваат на проблемите со кои се бореше на почетокот на нејзината кариера и додека беше во популарниот бенд.
Во едно интервју, Мел Си детално зборуваше за нарушувањето во исхраната со кое се бореше, а откри и дека нејзините колешки од бендот во тоа време, вклучувајќи ја и Викторија Бекам, ѝ понудиле помош, која таа секогаш ја одбивала.
„Вежбав сè повеќе и повеќе, а јадев сè помалку и помалку. Станував сè помала и помала. Беше физички видливо, многу забележливо. Моите колешки се обидуваа да разговараат со мене, но не сакав да слушам“, изјави таа за The Times of London.
Нејзината состојба најмногу се влоши кога остана сама, а пресвртницата дојде кога забремени пред 16 години.
„Се враќав дома и бев сама. Не можев да станам од кревет, плачев цело време. Почнав да се прејадувам, но во тоа време не разбирав за што станува збор. Бременоста сè ми промени, тоа беше прв пат да бидам горда на моето тело“, беше искрена Мел.
Мел Си сега има 52 години и сите нејзини проблеми се зад неа. Таа живее сосема поинаков начин на живот и никогаш не сакала јавно да ја разоткрие својата ќерка бидејќи се плашела од последиците што славата може да ги има врз неа.
Забава
Најубавата манекенка повторно е соло: Раскина со каубојот по две години врска
Иако се чинеше дека нивната љубовна приказна ќе трае, моделот Бела Хадид е повторно сингл. Таа ја заврши врската со професионалниот јавач Адан Бануелос, со кого беше во врска две години, а извор за Entertainment Tonight изјави дека се обидува да остане позитивна и да не размислува постојано за раскинувањето.
Шпекулациите за нивната романса се појавија на есен 2023 година, со тврдења дека се во врска долго време, а откако ја потврдија својата љубов, повеќе не се разделија.
Во октомври 2023 година, тие беа фотографирани како разменуваат нежности во Тексас, што потврди дека нивната љубов станува се посериозна. И двајцата имаат љубов кон јавањето и коњите, и се појавија заедно на бројни настани.
Во декември минатата година, тие присуствуваа на настан во Далас како вљубен пар, кога Бела го промовираше својот парфем.
Минатиот октомври, тие ја прославија својата годишнина и роденденот на Бела, кога Адан објави неколку нивни заеднички фотографии со емотивна порака: „Октомври стана посебен месец. Те сакам, душо. Ќе продолжам да те потсетувам секој ден колку…“.
Како што еднаш манекенката изјави за британскиот Вог минатата година, тие се запознале откако таа се преселила во Тексас, каде што нејзината мајка Јоланда и очувот граделе куќа. Одлуката за преселба дошла по нејзината борба со хронична болест, а кога Адан влегол во нејзиниот живот, сè почнало да се подобрува.
„Бев со мојот очув на ранчот. Отидовме на јавање и почнав да се чувствувам малку подобро, но сè уште ме мачеа сите мои работи. А следниот ден го запознав моето момче“, рекла таа, откривајќи дека тој дури и не знаел кој е таа, што ја изненадило позитивно и изгледало освежувачки.

