Контакт

Забава

Прамен од косата на Џегер продаден за 6.000 долари

Објавено пред

Непознат купец платил за прамен коса од славниот Мик Џегер фронтменот на легендарните Rolling Stones шест илјади американски долари, двојно повеќе од привичната процена, објави во четвртокот аукциската куќа Bonhams.

dobivaj vesti na viber

Перчето коса го продаде поранешната девојка на Џегер, Криси Шримптон, сестра на познатата британска манекенка од 1960-те Џин Шримтон, која пејачот го запознала како анонимна студентка на London School of Economics.

Праменот коса заедно со ковертот на кој пишувало „Коса на Мик Џегер откако ја изми и потстрижи Крис на Роуз Хил Фарм“, е продаден на наддавањето на кое се собирале пари за фондацијата Changing Faces, којашто работи со луѓе со оштетени лица.

Во мај годинава, исто така, на аукција во Виена перче коса на австрискиот император Франц Јосиф коешто за време на неговото владеење било дадено на неговиот собар како додаток на платата, беше продадено за 13.720 евра, што е триесет пати повеќе отколку што првично беше проценето. Во јуни 2010, година, пак, прамен коса на францускиот цар Наполеон, исечен на денот на неговата смрт, беше продаден е за 13 илјади американски долари на аукција во Нов Зеланд.

На аукцијата на Bonhams во четвртокот во Лондон, лист хартија на којашто славниот британски пејач Дејвид Боуви ги напишал стиховите за песната „The Jean Genie“ е продаден за 18.750 фунти. А гитарата на Џими Пејџ од рок групата Led Zeppelin за 26.250 фунти на аукцијата на којашто се продадени и многу други предмети на познати личности од светот на музиката, филмот и индустријата за забава./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Најзгодната Британка никогаш не била толку секси

Објавено пред

Ѕвездата од ријалити шоуата, Маура Хигинс, се појави на престижниот настан „Women of the Year“, кој традиционално секоја година собира голем број познати убавици.

dobivaj vesti na viber

Како и обично, Маура се погрижи сите очи да бидат вперени во неа, а најзаслужна за тоа беше нејзината провокативна облека. Исто како и на нејзиното претходно јавно појавување, ријалити убавицата ги оправда очекувањата.

Црниот вечерен фустан со проѕирни делови, така што само градите ѝ беа покриени со свила, остави магичен впечаток кај сите. Таа маестрално и самоуверено ја истакна својата завидна фигура за собраните фотографи.

„Најзгодната Британка“, како што популарно ја нарекуваат, не сакаше да претерува со деталите и да „уништи“ сè што постигна со фустанот, па затоа не носеше впечатлив накит или впечатлива шминка. Ја собра косата во пунџа и остави прамен од едната страна.

Целата убавина и раскош на заводливата Маура дојдоа до израз, и иако беше многу провокативна, ја задржа својата смиреност и ги освои сите со својата елеганција.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Северина се сплетка и падна: скокаше на концерт во високи потпетици, а потоа го бакна подот

Објавено пред

На социјалните мрежи почна да кружи видео од концерт на Северина, која во еден момент падна на сцената.

dobivaj vesti na viber

За време на изведбата на песната, Северина скокаше и трчаше по сцената во штикли, а во еден момент се сопна и падна на глава.

„Опа“, извика момчето што го сними падот на пејачката.

Таа продолжи да лежи на грб со раширени раце некое време, а потоа стана и продолжи да пее.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Кралици на издржливоста: растенија кои успеваат дури и ако заборавите на нив

Објавено пред

Ако сте еден од оние кои искрено ја сакаат идејата за зеленило во својот дом, но секое растение на крајот пропаѓа, проблемот можеби не е во вас, туку во погрешниот избор.

dobivaj vesti na viber

Кактусите и сукулентите често се сметаат за најбезбеден избор, но тие всушност бараат повеќе светлина и соодветна грижа отколку што мислите. За среќа, постојат голем број растенија кои се поотпорни, лесни за одржување и изгледаат уредно и декоративно.

Што всушност значи „издржливо растение“?

Издржливо растение не е она што можете да го заборавите со месеци, туку она што добро толерира помалку од идеални услови: послаба светлина, повремено прескокнување на наводнување и промени на температурата. Ваквите растенија се идеални за зафатени, често отсутни или едноставно заборавени сопственици кои сепак сакаат нивниот дом да изгледа живо.

Сансевиерија
Сансевиеријата не бара многу. Толерира сув воздух, ретко наводнување и потемни простори. Идеална е за станови каде што нема многу природна светлина. Освен што изгледа елегантно, го прочистува воздухот и е речиси невозможно да се уништи.

Растение пајак
Растението пајак е едно од најблагодарните собни растенија. Толерира различни услови, брзо се шири и лесно се обновува, дури и по долготрајно занемарување. Треба да се полева само еднаш неделно, а листовите повремено да се бришат. Исто така, добро се снаоѓа и во висечки саксии, што го прави естетски интересна опција.

Потос
Потосот е растение кое успева речиси насекаде. Не му пречи вештачката светлина, па затоа е чест избор за канцеларии. Лесно се размножува и брзо расте, а треба да се полева само еднаш на секои две недели.

Единствената претпазливост: држете ја подалеку од домашни миленици.

Замија
Замијата е исклучително отпорна и може да издржи и суви простори и заборавеност. Не бара речиси никакво внимание: доволно е да се полева еднаш месечно. Листовите се темнозелени и сјајни, што го прави просторот веднаш да изгледа поуреден и посвеж. Често ја избираат луѓе кои сакаат зеленило без обврска.

Аспидистра
Аспидистра, честопати наречена „железно растение“, со години има репутација како едно од најотпорните собни растенија.

Може да расте во агли каде што другите растенија не напредуваат, а толерира и слаба светлина, сув воздух и нередовно наводнување. Идеално е за постари станови или канцеларии со вештачка светлина.

Како да изберете растение кое одговара на вашиот ритам?
Пред да купите, земете ја предвид светлината, температурата и вашите сопствени навики. Ако патувате многу, изберете растенија кои толерираат суша (замија, сансевиерија).

Ако сакате нешто што лесно се размножува и брзо создава ефект на „зелен агол“, изберете го растението пајак или потос. А ако барате растение за темен агол од собата, аспидистра е безбеден избор.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ2 часа

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија5 часа

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија7 часа

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија9 часа

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија12 часа

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија1 ден

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ1 ден

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ1 ден

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ1 ден

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија2 дена

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет2 дена

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет2 дена

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет2 дена

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет2 дена

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа2 дена

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ2 дена

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија2 дена

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ2 дена

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...