Забава
Поскапува пивото на Октоберфест
Цената на пивото на Октоберфест, традиционалниот фестивал што се одржува во Минхен, оваа година ќе надмине 10 евра, соопштија во понеделник градските туристички работници.
Литар баварско светло пиво ќе чини 10,10 евра, а во однос на минатата година просечната цена на пивото пораснала за нешто помалку од три отсто.
Пивото во германските продавници е значително поевтино, но организаторите не дозволуваат внесување на купено пиво и вршат контрола на торбите при влезот.
Ниту безалкохолните пијалаци не се поевтини, се продаваат по цена од 7,71 и 8,51 евра за литар.
Октоберфест трае од 20 септември до 5 октомври. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Концерт на Јелена Томашевиќ на 8 март во Скопје – 20-годишен јубилеј и ексклузивен концерт за Денот на жената
На 8 март, Македонската опера и балет ќе биде домаќин на ексклузивен концерт на една од најпочитуваните музички ѕвезди на Балканот – Јелена Томашевиќ. Со овој настан, таа ќе го одбележи својот 20-годишен јубилеј на музичката сцена, прославувајќи две децении посветеност, уметност и искрени емоции што го освојуваат регионот.
„Во интимната и елегантна атмосфера на Македонската опера и балет, Јелена ќе им подари на присутните ноќ која ќе биде повеќе од концерт – ќе биде музичка приказна што ги поврзува срцата на сите генерации. Со нејзиниот извонреден вокал, кој е симбол на сила и нежност, Јелена ќе ги оживее своите најголеми хитови, како и песни кои оставија длабок печат на музичката сцена.
Во изминатите две децении, Јелена Томашевиќ се издвои како музички феномен кој го спојува традиционалното и современото. Нејзиниот глас допира до сите, а нејзините песни се химни на љубовта, вербата и животот. Од незаборавната „Оро“, која го освои целиот континент, до емотивните балади како „Име моје“ и „Да ми је да ми се врати“, секоја песна носи дел од нејзината душа и приказна.
Овој јубилеен концерт, освен што ќе биде ретроспектива на нејзиниот богат музички пат, ќе биде и вистински спектакл со современи аранжмани, специјално подготвени за оваа пригода. Придружувана од врвни музичари, Јелена ветува ноќ која ќе биде спој на елеганција, емоција и музичко совршенство.
На 8 март, Јелена Томашевиќ Ве кани на незаборавно музичко патување во Македонската опера и балет – заеднички да славиме љубов, музика и живот!
Со оглед на ограничениот број места и големиот интерес, препорачуваме навремена набавка на карти, за да бидете дел од овој единствен настан“, вели организаторот.
Забава
(Видео) „Се случи инцидент за време на гаснењето пожар“: ФБИ пристигна во куќата на Бен Афлек
Домот на Бен Афлек во населбата Брентвуд го посетиле агенти на ФБИ, пишува ТМЗ.
Двајца агенти биле снимени како стојат пред домот на актерот, а на нив им се придружиле и двајцата заменици на шерифот. ФБИ наводно го истражувал неодамнешниот инцидент во кој приватен дрон се судрил со хеликоптер кој гаснел пожари во Лос Анџелес.
Да потсетиме, Афлек мораше да ја напушти својата вила вредна 20 милиони долари, која остана недопрена од пожарот. Викендов папараците го снимија пред неговата вила со најстарата ќерка Виолет, која во еден момент ја прегрна.
Бројот на загинати во пожарите што беснеат низ Лос Анџелес се искачи на 24, а 100.000 луѓе во моментов се евакуирани од своите домови. Метеоролозите предупредуваат дека очекуваните силни ветрови би можеле дополнително да ги разгорат пожарите во наредните денови.
Забава
Како почна љубовната приказна на Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ
Александра Пријовиќ вчера ја даде првата изјава откога српските медиуми објавија дека е бремена. „Вистина е, бремена сум. Ви благодарам за честитките“, кратко изјавила таа. Ова ќе биде второ дете за неа и нејзиниот сопруг Филип Живоиновиќ, посинокот на Лепа Брена. Тие веќе го имаат синот Александар.
Александра често истакнува дека Филип ѝ е најголемата поддршка во животот. „Нашата врска е фантастична. Ја имам поддршката на Филип уште од првиот ден и поради тоа сум најсреќната жена. Запознав прекрасен, искрен човек кому навистина не можам да му најдам ниедна мана. Отсекогаш сум велела и ќе повторам дека неговиот придонес за мојот успех е огромен“, изјави неодамна Александра за српските медиуми.
View this post on Instagram
Нивната љубовна приказна почна спонтано, по повеќегодишни средби на разни настани, често во куќата на Лепа Брена и Бобо Живоиновиќ, каде што настапуваше Александра. Сепак, овие средби беа минливи додека официјално не се сретнаа. Нивниот прв бакнеж бил во нејзиниот стан на Вождовац.
Двојката се венча на 21 јуни 2018 година во Белград на раскошна церемонија со многу познати гости од светот на музиката, спортот и јавниот живот. По црковната церемонија, прославата продолжи во луксузен хотел. Александра блесна во елегантна венчаница, а Филип избра класичен црн костум. Свадбата ја чувале 60 телохранители, а на послужување биле на располагање 160 келнери. Свадбената торта имаше 10 ката, а српски „Курир“ напиша дека целата прослава ги чинела 400.000 евра.
View this post on Instagram
Една година по свадбата, Александра го роди синот Александар. Пејачката во едно интервју изрази желба еден ден да има девојче.
Филип Живоиновиќ е син на Бобо Живоиновиќ и со години беше најпосакуваниот ерген во Србија. 38-годишникот се школувал во Велика Британија и САД и ја градел својата кариера во целиот свет. Но, во последните неколку години тој е посветен на кариерата на својата сопруга Александра Пријовиќ и е еден од луѓето заслужни за нејзиниот успех.
View this post on Instagram
Филип Живоиновиќ е автор на некои од најголемите хитови на Александра Пријовиќ. Сопственик е на „Помфрит медија“ од Белград, која ги продуцира спотовите на Александра. Директно и индиректно е вклучен во организацијата на настапите на Александра и во продукцијата на песните.
View this post on Instagram
Александра не крие дека Филип многу
ѝ
помогнал во кариерата и дека тоа го смета за нивен заеднички проект.