Македонија
СЈО: Во случајот „Тврдина“ се уништени системи за да не се открие кој прислушувал
Со уништувањето на системите за следење на комуникациите, случај кој го отвори Специјалното јавно обвинителство во јавноста познат како „Тврдина“, се злоупотребени системите на следење на комуникациите и се уништени заради попречување на откривање на лицата кои го злоупотребиле системот, образложуваат од СЈО откако судија на претходна постапка ги одби предлозите за притвор и мерки за претпазливост што ги предложи ова Обвинителство за осомничените во овој случај.
Судот во образложението за одбивањето на предлогот на СЈО ја проблематизира надлежноста на ова Обвинителство во овој случај бидејќи, според нив, овој предмет не произлегувал од прислушуваните разговори. Од СЈО објаснуваат дека ова Обвинителство има исклучива надлежност да гони кривични дела кои се поврзани и кои произлегуваат од незконското следење на комуникациите.„Јасно законодавецот ги одвоил и разликува две категории на процесна надлежност, исклучиво на ова јавно обвинителство. Едната е кривичните дела да бидат поврзани со неовластено следење на комуникациите и втората е кривичните дела да произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. Поврзаноста опфаќа многу поширок спектар и таа ги опфаќа сите криминални дејствија извршени во насока на злоупотреба на системите на следење на комуникациите, нивно уништување заради попречување на откривање на лицата кои го злоупотребиле системот и секако тука неизбежен дел е и случајот познат како ‘Пуч’. За сиве овие дејствија судот не може да очекува дека ќе постои комуникација. Напротив, тоа се дејствија со кои е овозможено незаконското следење на комуникациите и спречување на докажување за злоупотреба на таквите средства. Од тука апсурдно е тврдењето на сдот дека е потребно кумулативно да постои и поврзаност со неовластено следење на комуникации и кривични дела кои што директно произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите“, се вели во соопштението на СЈО.Обвинителството како свој аргумент ги посочува дејствијата кои што им се ставаат на товар на осомничените кои се во насока на уништување на системите од каде е произлезена содржината на комуникациите и, според нив, е многу јасно кое јавно обвинителство е надлежно за гонење на предметните кривични дела.Оттаму ја наведуваат и пресудата за обвинетиот во случајот „Пуч“, Звонко Костоски, донесена врз основа на предлог спогодба, во којашто самиот Суд утврдил дека незаконското следење на комуникациите е вршено преку искористување на уредите за прислушкување и тонско снимање на техничките капацитети на средствата за следење на комуникациите при Министерството за внатрешни работи.СЈО предлага Кривичниот совет при Основниот суд Скопје I да ја уважи нивната жалба и да го укине решението на судијата на претходна постапка и предметот да го упати на повторно одлучување.Основниот суд Скопје 1 во средата на го прифати нпредлогот на СЈО да му се одреди притвор на началникот на Петтата управа, Горан Грујевски за уништување на два технички системи за следење на комукациите. Исто така, го отфрли предлогот на СЈО да им се одредат мерки на претпазливост на останатите четворица осомничени во овој случај, меѓу кои е и поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Во март на Грујевски му беше одреден притвор за овој случај, но по два дена судот ја преиначи нодлуката и му определи куќен притвор. Со донесувањето на одлуката за аболиција на Претседателот, Ѓорге Иванов тој беше ослободен, но со поништувањето на истата одлука овој случај повторно се активира./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.
Македонија
Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела
Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.
Македонија
Јаневска: Македонија доби 8,2 милиони евра од ЕУ за спроведување на ЕРАЗМУС програмата во 2026 година
За спроведување на ЕРАЗМУС + програмата на Европската комисија наменета за образование, обука, млади и спорт, Македонија годинава доби најголем буџет откако во истата учествува како програмска земја. Со речиси 8,2 милиони евра ќе се финансираат заеднички проекти на македонските образовни установи, институции и граѓански организации со партнери од земјите во ЕУ, како и кратки истражувачки и студиски посети.
Можностите за вмрежување, приоритетните области, постапката за изработка и роковите за аплицирање со проекти денес беа претставени на конференција на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во присуство на ректори на јавните и приватните високообразовни установи во државава, претставници на училишта, граѓански здруженија и други потенцијални корисници на средства во рамки на ЕРАЗМУС програмата, се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов.
На конференцијата беше посочено дека во фокусот на програмата се младите, односно јакнење на нивното знаење и вештини во границите на ЕУ, со кои потоа ќе придонесат за развој на сопствената држава.
Министерката Јаневска смета дека и оваа година ќе има ефикасна искористеност на можностите, затоа што државата има зајакната законска основа во која задолжителни компоненти се мобилноста, европската димензија и меѓународната соработка, зајакнати се и капацитетите на Националната агенција каде има ново раководство и добра внатрешна структура, а воедно и МОН како национален авторитет ги засилува механизмите за контрола на целиот процес за спроведување на програмата ЕРАЗМУС.
Таа ги повика заинтересираните кандидати да ги разгледаат можностите и со свои проекти да аплицираат на повиците за распределба на средства, што Националната агенција ќе ги објави на 19 февруари, односно на 5 март.
Македонија е дел од ЕРАЗМУС програмата уште од нејзиното воведување од страна на Европската комисија во 2014 година, кога буџетот изнесуваше 3,5 милиони евра.

