Македонија
Иванов: Имало план да се ослободат обвинетите од „Дива населба“ или да киднапираат јавни личности

Поголема група вооружени и униформирани лица од Косово влегла на територијата на Македонија и имала план да ги ослободат обвинетите во случајот „Дива населба“ или да киднапираат лица од јавниот живот во Македонија, кои потоа би биле разменувани за затворениците, тврди Претседателот, Ѓорге Иванов во интервју за дневниот весник „Дневник“.
„Станува збор за многу поголема група вооружени и униформирани лица од Kосово, но 40-мина влегоа на нашата територија и ние постојано бевме известувани за движењата и активностите на таа група, но и за нивните јатаци овде, за оружјето и експлозивите што ги префрлија од оваа страна на границата и за она што го подготвуваат како одмазда за полициската акција на 9 мај минатата година во Kуманово. Знаевме дека имаат план да ги ослободат лицата што се обвинети во случајот „Дива Населба“ како нивни соборци или да киднапираат лица од јавниот живот во Македонија, кои потоа би биле разменувани за затворениците. За тоа се расправаше и на специјалната седница на Советот за безбедност кога службите н` известија за сите детали. Ги знаеме дури и имињата на водачите и на тие што им даваат поддршка во Македонија. Тоа е во време кога полицијата ја водеше министерот од СДСМ, кој беше на состанокот. Некои од плановите на оваа група се и отцепување на дел од територијата на Македонија. Станува збор за многу чувствителни информации и во тој момент на Советот за безбедност проценивме дека јавноста не треба да биде запознаена со ваквите детали и затоа јавно го соопштував само она што беше неопходно и можно. За намерите на оваа група се известени странските партнери кои преземаа мерки на превенција во Kосово. Групата е с` уште активна и не се откажува од своите намери“, тврди Иванов.
Исто како и во своето последно обраќање зборува за безбедноста ситуација на земјава и дека со одлуката за аболиција спречил безбедносна криза во Македонија.
Тој повтори дека неговата одлука за аболиција не е причина за насилните демонстрации и дека безбедносните информации говореле дека сценариото било однапред подготвено, а тоа му го потврдиле и служби од странски земји, како и негови колеги, Претседатели од неколку држави.
„Уште од почетокот на кризата нашите пријателски држави и нивните служби н` известуваа за тоа што н` очекува и што се подготвува. Оние што мислеа дека можат да направат насилни акти и активности што не се во согласност со Уставот и законите си ги потценија сопствената држава и нејзините институции и служби. Не само што смеперманентно известувани од партнерските служби туку и претседателите на неколку држави лично ми соопштија детали за сценаријата што се подготвувани за Македонија и за она што допрва н` очекува. Има информации и од нашите служби кои сега не можам да ги соопштам јавно. Треба да се знае и дека беа мобилизирани и активирани иодредени криминални структури и поранешни затвореници за да прават нереди и насилство во државата. Нашите служби заслужуваат пофалба за тоа што информираа и превенираа навреме“, вели Иванов.
Тој не кажува конкретно кои држави ја дестабилизираат Македонија и чија е играта за дестабилизација на земјава, како што тврди.
„Во случајот „Пуч“ се сите одговори за ова прашање, затоа Заев на суд треба да одговори на прашањата за кои е обвинет. Има веќе една пресуда во овој случај каде што јасно се посочува зошто и по чиј налог биле правени снимките и во чија корист“, додава Иванов.
Иванов ги уверува граѓаните дека треба да бидат спокојни и да имаат доверба во институциите, иако, како што вели безбедносните служби биле тектонски нарушени од активностите на поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски.
„Се соочуваме со постојани и директни закани за безбедноста и наша работа е да ги намалуваме безбедносните ризици. Сега сосема се поинакви безбедносната состојба и нашата реалност. Полицијата и безбедносните служби се повторно под едно старешинство и една команда. Мигрантскиот камп во Идомени е испразнет. Заканата штобеше од северната граница со преземената полициска акција засега е спречена. Го имаме случајот „Ќелија“ со повратниците од Сирија, кои си го признаа делото и се спогодија, а другите 86, кои се вратени, се под надзор на полицијата и се чека Обвинителството да ја доврши истрагата за нив. За оние што с` уште се во Сирија, Ирак и во Либија се прибираат сите можни информации. Граѓаните треба да бидат спокојни и да имаат доверба во нашите институции и служби. Целиот тој систем на разузнавачки служби на некој начин ни беше тектонски нарушен од активностите на Верушевски и неговата група. Но го издржавме тој удар и следуваат реформи во тој сектор. Мигрантската криза беше и шанса да ги видиме капацитети со кои располагаме во овие служби, сега откако Верушевски не е влијателен таму. Многу ни помогна и тоа што го активиравме кризниот менаџмент. Состојбите на безбедносен план навистина се поинакви и граѓаните треба да бидат спокојни“, вели Иванов.
Наскоро Иванов најавува втор бран на мигранти пожесток од првиот во којшто ќе доминираат економски мигранти.
„Во овој втор бран се очекува да доминираат економски мигранти кои најчесто доаѓаат однеразвиени средини во Африка, лица што се поагресивни и кои многу ризикуваат затоа што, освен сопствениот живот, нема што друго да изгубат. Сега во прашање се милиони мигранти и само тоа е доволно застрашувачки. Затоа велам, наместо да ги користиме и трошиме ресурсите за обезбедување на протестите, треба да се концентрираме на вториот бран бегалци. Не станува збор само за хуманитарен, туку и за безбедносен проблем. Тој втор бран економски мигранти ќе биде искористен од сите оние екстремисти и терористи што сега се во Либија, кои ги губат битките на терен и се повлекуваат од таму за да дојдат во Европа. Безбедносниот проблем во вакви ситуации е на товар на државата. За полицијата и војската за првиот бран на мигрантската криза вонреднопотрошивме над 30 милиони евра. Тогаш имавме потреба од специјална опрема од безбедносен аспект, како што е контрола на биометрски исправи, термални камери, теренски возила кои ќе бидат искористени на илегалните премини. Тоа го баравме од Европската Унија. Но тогаш дојдоа обвинувањата дека ни дале 52 милиона евра забегалската криза. Ние уште ги бараме каде се тие пари? Kој ги примил, кога и за која намера? Ниту една институција не потврдила дека добила толку пари за мигрантите“, додава Иванов./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Општина Центар доделува стипендии за ученици во износ до 3.500 денари месечно

Општина Центар ги повикува учениците од општинските основни училишта да аплицираат за стипендии во три категории: спорт, култура и науки, техника, посебни вештини.
Стипендиите изнесуваат од 2.500 до 3.500 денари месечно во зависност од категоријата за која аплицираат, во текот на осум месеци од тековната учебна 2025/2026.
„Општина Центар и годинава инвестира во младите, во нивната креативност, знаење и спортски дух. Нивните постигнувања се афирмација не само за нашата локална самоуправа туку и за целата држава“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.
Секој ученик може да аплицира само во една категорија.
Потребно е да се достави потврда за редовно школување или доказ за живеалиште , кратка биографија, контакт на родител или старател, фотокопии од свидетелства, добиени признанија и награди, како и потврди од надлежните федерации или организации каде е потребно.
Документите се поднесуваат во Архивата на Општина Центар или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр 1 со соодветна назнака за категоријата.
Крајниот рок за пријавување е 23 септември 2025 година, а ќе се разгледуваат само комплетни и навремено доставени пријави.
Македонија
Над 500 административци од Скопје денес ги почнаа тренинзите за поголема професионалност, етика и транспарентност

Министерството за јавна администрација, денеска, го одржа првиот дел од најголемата програма за професионален развој на административни службеници во историјата на државата. Генеричките обуки, кои се спроведуваат под слоганот „Инвестицијата во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, во првата фаза ќе опфатат 1.000 службеници од разни институции. Првите обуки почнуваат во Скопје со учество на над 500 административни службеници, кои ќе минат низ систематски и стандардизирани тренинзи.
На свеченото отворање, на кое присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, многубројни министри, претставници на дипломатскиот кор, претставници на меѓународните и на граѓанските организации и други гости, обраќања имаа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој истакна дека генеричките обуки се првиот чекор кон создавање професионална, етичка и одговорна администрација, која работи во служба на граѓаните.
„Тие се првиот чекор кон создавање службеници што ќе ја познаваат суштината на јавната служба, како и професионалноста, етиката, одговорноста, транспарентноста. Без овие основни вредности, ниеден закон, ниедна стратегија, ниедна визија нема да може да се реализира. Но, она што е особено важно е дека овие обуки не се само за административните службеници – тие, пред сè, се во функција за граѓаните. Со овие обуки ние инвестираме во вработените затоа што посилна и пообучена администрација значи посилна и поуспешна држава за сите нас“, рече министерот Минчев.
Тој ја нагласи и важноста на Академијата за јавни службеници, прва институција од ваков вид во земјата, која ќе претставува „срце на модерната администрација, куќа на знаењето и лабораторија на нови идеи“.
„Со зајакнување на знаењето на службениците ја зајакнуваме државата“, рече министерот.
Министерството работи и на усогласување на законската регулатива со онаа на Европската Унија во делот на јавната администрација.
„Сакам да потенцирам дека историски исчекор во реформата претставува донесувањето на пакетот реформски закони – Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административните службеници, Законот за инспекцискиот надзор и Законот за стручно усовршување и обука на јавните службеници. Овие четири закони се темелот на новата визија и претставуваат почеток на севкупната реформа на јавната администрација во нашата држава“, вели министерот Минчев.
Обуките се реализираат со поддршка на меѓународни партнери и експерти, вклучувајќи ја и соработката со РЕСПА, ЦЕФ, Агенцијата за стручни обуки од Франција, Институтот „Вита“ и Економскиот факултет при УКИМ.
Покрај обуките што се реализираат во Скопје, во наредните месеци ќе се спроведуваат и регионални обуки во Источниот, Полошкиот и во Пелагонискиот Регион со цел да се опфатат сите административни службеници во земјата.
Македонија
Пилинг-кремови од кафе, играчки со сено и мед со билки – избрани најдобрите зелени бизнис-идеи

Пилинг-кремови од отпад од кафе, полнети играчки со сено и мед со лековити билки – овие иновативни зелени бизниси се победничките идеи на натпреварот „Зелени идеи 2025“, кој го организира АРНО. Жири-комисијата во категоријата ембрионски идеи ги избра „Мирис на сено во сечиј дом“ на здружението „Ума сто“ и „Природен пилинг-крем од отпадоци на кафе“ на тимот EcoScrub. Победничка идеја во категоријата зелени бизниси е „Медена долина – живееме со природата“ на здружението „Медена долина“. На финалето презентираа 10 идеи од вкупно 39 пристигнати апликации. Натпреварот во 2025 година се одликува со поголем број ембрионски концепти и со доминација на идеи од руралните средини.
„Нашите полнети играчки би претставувале сувенир за здружението, а воедно и маскота, со оглед на тоа што селото Умин Дол било познато по гуски. Во изработката на играчките ќе бидат вклучени жените од селото. Играчките ќе бидат полнети со сено и додаток на ароматични билки. Полнењето е биоразградливо и може да се замени по одредено време“, изјави Роза Трајковиќ од здружението „Ума сто“.
„Медена долина“ произведува мед и мед со еколековити билки во мали практични пакувања. Важно е да се нагласи дека запуштените ниви во Белица и регионот се обработуваат и претвораат во медоносни површини, без да се уништи природното наследство“, изјави Мена од Здружението за развој на пчеларството, заштита и опстанок на пчелите и екосистемот „Медена долина“, с. Белица.
„ECoScrub е зелена идеја што го претвора отпадот од кафе во природни пилинг-кремови за тело – производ што ја негува кожата и ја штити планетата. Наместо да завршува на депонии, кафето станува суровина со додадена вредност. Нашиот слоган ја пренесува мисијата: Love yourself, love your planet as much as you love your coffee. Успешно екстрахиравме масла од отпадоци од кафе и покажавме дека од отпад може да произлезе вистинска вредност“, вели Зимере Саити-Муслији, член на тимот од тројца доктори на науки кои стојат зад идејата.
Жирито што ги оценуваше апликациите беше составено од Робертина Брајаноска од Македонско еколошко друштво (МЕД), Бесијана Мустафа од Стопанската комора на северозападна Македонија, Тодор Стојчевски од „МКА2000“, Добринка Стефанова-Ѓоргиева од Прокредит банка и Бојана Киселовски од „Македонија 2025“. За националните победници партнерите обезбедија поддршка: бесплатна регистрација на платформата Connect2MK, двегодишно членство во Стопанската комора на северозападна Македонија и ваучери за консултантски услуги од „МКА2000“. Во 2025 година на трите национални победници АРНО им додели и ваучер за полугодишно користење на платена верзија на ChatGPT Plus.
„Годинава изненади одѕивот на граѓаните кои имаат само идеја, а не почнат бизнис. Сепак, загрижува фактот што се намалуваат програмите за поддршка на зелено социјално претприемништво. АРНО во следните три години ќе работи на формирање локален фонд за импакт-претприемништво. Ќе мора да смислиме како со локална поддршка да обезбедиме континуитет во финансирање на импакт-бизнисите – нов термин, кој ги обединува зелените и социјалните бизниси. Учиме за ова од европските партнери Impact Europe од проектот Impact4Change“, изјави Ирина Јаневска од АРНО.
„Зелени идеи“ е годишен натпревар, кој поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис-идеи во Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и во Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја земја учествуваат на регионалниот натпревар, а четворица победници добиваат поддршка од 5.000 или 10.000 долари за реализација на своите идеи.
Здружението за социјални иновации АРНО 11-та година по ред го администрира националниот натпревар „Зелени идеи“ и се гордее што досега земјата има регионални победници и вкупна инвестиција од 100.000 долари за развој на зелени бизниси во земјата: првата кооператива на органски потрошувачи „Наша добра земја“ (2015 год.), инцијативата за репарирање стар мебел, која прерасна во мал бизнис воден од архитектката Марта Мојсова – „СПИН“ (2016 год.), платформата за продажба на евтини оброци „Храна за сите“ (2017 година), едукација преку илузионистички екопораки „Грин меџик продакшн“ (2017 год), „Биосмарт ориз“ – производство на ориз на одржлив начин (2019), Challenger – мобилна апликација која ги наградува граѓаните за сите зелени километри поминати со пешачење (2019) ,„Вајс адитив“, која произведува прехранбен адитив со преработка на комиње (2020) , „О-круг“ (2021) – циркуларен стартап, кој од лушпи од портокал произведува еколошки есенцијални масла и освежувачи, „Инсект пилот-соба“ (2022 год.) – производство нa протеинска храна за миленици од инсекти, Мирјана Јосифоска, која произведува дизајнерски шапки до текстилни остатоци (2023) и Трајче Рушев, иноватор на пренослив шпорет (2025)