Македонија
Јанева ги повика функционерите на ДУИ да поведат кривични постапки
Во однос на неовластеното пуштање на социјалните мрежи на приватни разговори помеѓу одредени сегашни и поранешни функционери, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пред почетокот на прес-конференцијата во среда, ги повика засегнатите поединци да дојдат во специјалното обвинителство за да поведат соодветни кривични постапки.
„Истовремено ги повикувам сите кои поседуваат незаконско прибавени аудио и друг вид на разговори помеѓу одредени лица истите да ги достават во најкраток можен рок до специјалното обвинителство“, рече Јанева.Претходно, лидерот на ДУИ Али Ахмети, побара институциите да реагираат и веднаш да се повлечат сите приватни разговори од незаконски прислушуваните материјали објавени на каналот „Јутјуб“ и од социјалните мрежи. Тој побара и да се казнат лицата кои стојат зад емитување на тие снимки во јавноста, пренесе „Дневник“.Во спротивно, доколку институциите останат глуви на овие барања, ДУИ најави кривични пријави и земање на правдата во свои раце. „Да не се доведеме во ситуација на самоволие и правдата да ја земеме во свои раце бидејќи тогаш само Господ знае како ова може да заврши, предупредија од партијата на Али Ахмети“.Во јавноста беа пуштени разговори меѓу у вицепремиерот Муса Џафери и пратеничката Ермира Мехмети. Мета на незаконските прислушувани снимки се најде и самиот Ахмети и екс министерот за правда, Блерим Беџети./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Активен е еден пожар на територијата на Македонија, два се под контрола, извести ЦУК

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија имало вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а изгаснати се 24 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.
ЦУК извести дека е активен пожарот во општина Долнени, село Долгаец, каде што гори мешана шума.
Под контрола се два пожари, во општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума) и во општина Гевгелија, на планината Кожуф (висока шума).
Како што информираше ЦУК, изгаснати се 24 пожари.
Македонија
„Влен“: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe-Блаце, но донесе само лаги

„Поминаа 5 години, 7 месеци и 8 дена од свеченото потпишување на договорот за „првите 2 километри“ на автопатот Скопје – Блаце, а ветувањето на Бујар Османи со кое се фотографираше и политички се фалеше остана нереализирано“, велат од „Влен“.
„ФБ сесии, фотографи, изјави, скапи видеа, но резултати нула. Тоа е Бујар Османи. Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики. Ветуваа нови болници, оставија семејни трагедии. Ветуваа водоводи, оставија пустош.
Бујар Османи беше министер во владата на Груевски, вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи кај Заев и Ковачевски, вкупно повеќе од една деценија на највисоки државни функции. За тоа време немаше резултати за овој проект, ниту за албанските општини за кои најмногу ветуваше. Имаше Фејсбук сесии, снимени видеа и лажни ветувања, а резултати нула.
Доста беше со промотивни настани на лажни големи ветувања. Бујар Османи нема што да покаже како резултат зад себе, нема реализирани проекти, нема изградено ништо, нема помогнато никому.
Бујар Османи е политичар кариерист, без резултати. Неговите ветувања денес за Чаир се исти како ветувањето за автопатот кон Блаце пред пет и половина години. Празни“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.