Контакт

Македонија

СЈО со „Тврдина“ открива кој ја уништил опремата за следење на комуникациите

Објавено пред

Опрема за следење на комуникациите која се користела до 2008 година, и онаа која функционирала до март 2015 година, била уништена, преку незаконски формирана комисија, а за тоа Специјалното јавно обвинителство, во среда отвори нова истрага, „Тврдина“.

dobivaj vesti na viber

Специјалното јавно обвинителство поведе истражна постапка под име „Тврдина“, поврзана со незаконско следење на комуникации со користење опрема и уреди за следење кои се во сопственост на МВР, информира во среда на прес-конференција обвинителката Катица Јанева.Постапката за нејзино уништување се спроведувала од 11-ти март 2015 година до 28-ми мај 2015 година, кога било побарано уништената опрема целосно да биде избришана од евиденцијата на МВР. Обвинителката Ленче Ристоска го презентираше случајот и рече дека „Тврдина“ е сложен предмет, во кој се осомничени двајца началници од Одделот за безбедност и контраразузнавање при МВР, кои, според СЈО, заедно со тогашниот министер за внатрешни работи на почетокот на 2015 пречекорувајќи ги надлежностите и искористувајќи ја својата положба, со еден началник на еден од одделите во МВР уништиле средства за следење на комуникации и со тоа нанеле штета на државата од 10 милиони евра.„Првоосомничениот поради прикривање други лица кои неовластено ги користеле системите за следење на комуникациите при УБК, издал усна наредба до раководните лица на организационите единици во рамки на Одделот за оперативно техничка поддршка на операции за доставување на Известување за состојба на материјално технички средства во Управата за безбедност и контраразузнавање. Ваквата наредба била дадена со цел да се прикаже наводна потреба од ништење на системите за следење на комуникации, иако согласно Извештајот од пописот за 2014 година не е констатирана потреба од расходување на средства или системи по било кој основ“, рече Ристовска.Одговарајќи на новинарско прашање, зошто директорот на УБК е изземен од оваа истрага, Ристовска, рече дека за негова инволвираност немаат докази.За содржината, односно снимените материјали, од опремата која веќе е уништена, Ристовска рече дека не може да даде информации, колку материјали има, каде се чуваат и дали има, затоа што како функционира системот за следење на комуникации е државна тајна.„Ваквите системи и опрема со товарни возила сопственост на МВР биле однесени во правно лице кое има отпад за старо железо, при што на лице место освен присутните лица ангажирани на правното лице и членовите на Комисијата, присутни биле и прво, второ и четвртоосомничените. Четвртоосомничениот обезбедил логистичка поддршка за спроведување на ништењето, на начин што го организирал превозот до правното лице, го набљудувал процесот на ништењето и му дал налог на едно лице да изврши фото и видео документирање на настанот“, рече Ристовска, по што целата опрема и системи биле ставени во пресата за ништење и пресувани, остатоците биле избалирани и оставени на отпадот, но потоа, без знаење и присуство на сите членови на Комисијата, а по налог на првоосомничениот со дел од членовите на Комисијата, заедно со претставници на правното лице, балираните делови на друго место ги ставиле во дробилица.„Во периодот од втората половина на 2015 година до средината на март 2016 година, преземени се повеќе дејствија за фалсфикување на службени исправи, а во кои учество имала и петоосомничената како службено лице – технички документарист“, рече Ристовска.Петтоосомничената, како што појасни Ристовска се соочува со казна затвор до 5 години, затоа што се товари за Фалсификување службена исправа и нејзниниот случај се води по скратена постапка, а за останатите четворица, кои се товарат за Злоупотреба на службената положба и овластување, рече дека се соочуваат со казна затвор од минимум 5 години, со максимални 20 години затвор.За првоосомничениот СЈО бара мерка притвор, затоа што тој е сé уште вработен во УБК и може да го повтрои делото, или да влијае врз другите осомничени, како и да побегне, а за останатите предлага само да им се одземат пасошите и редовно да се јавуваат во судот.Дури и за поранешната министерка за внатрешни работи, која до сега е осомничена во случаи отворени од СЈО, Ристовска рече дека не бараат притвор, затоа што таа веќе дошла на раговор и од тој разговор увиделе дека таа ќе биде достапна во истрагата. Сепак, СЈО од истрагата очекува да се покаже инволвираноста и евентуалната одговорност на секој од членовите на Комисијата во постапката за ништење, како и да се утврди евентуална инволвираност и на други службени лица./крај/мф/бб

Македонија

(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“

Објавено пред

Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.

dobivaj vesti na viber

Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот

Објавено пред

Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.

dobivaj vesti na viber

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

ДУИ за Балансерот: Тоа е опасен обид за намалување на влијанието на Албанците во јавниот и институционалниот живот на државата

Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на владата со моноетнички легитимитет да ја смени формулата „балансер“ од 29,5%...

Топ9 часа

Пратеници на службените електронски адреси добиле заканувачки пораки

МВР соопшти дека вчера во 13.58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.07.2024...

Македонија12 часа

Иселениците повеќе нема да ја одредуваат етничката застапеност во државните институции, сменет е процентот на балансерот

Министерот за јавна администрација, Горн Минчев, објави дека се изменети процентите на балансерот, кој од 2022 година ја броеше и...

Економија12 часа

По 200.000 денари субвенција за занаетчиите за нов алат, машини или нов производ, пријавување до 1 октомври во Економија

Занаетчиите што купиле нов алат, машини или имале нов производ во 2023 и 2024 година ќе може да се пријават...

Македонија13 часа

До декември потешките операции, место во Клинички, ќе се прават во „8 Септември“ и во „Св. Наум Охридски“, Таравари најави нов тендер за компресорска станица

Хируршките сали во Клиничкиот центар ќе функционираат со надворешни компресори и со намален интензитет до декември. Ова решение како привремено...

Македонија14 часа

Наместо Скопје, прашина на подножјето на Водно – што се случувало во сеизмолошката станица за време на скопскиот земјотрес

Денес, 26 јули, одбележуваме 61 година од скопскиот катастрофален земјотрес, кој остави длабоки траги во историјата на градот Скопје. Земјотресот...

Македонија15 часа

Амбулантата во Илинден готова до Нова година, ќе почне со општи лекари, а веќе се бараат и интернист, педијатар, гинеколог…

До Нова година ќе биде пуштена во употреба реновираната амбуланта во општина Илинден, која ќе ги опслужува и жителите на...

Македонија15 часа

Телефонот на врховниот судија Георгиев упатува на друго кривично дело – одземени и досиеја при претресот во Академијата за судии

Два мобилни телефона од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видеозапис и две досиеја –...

Македонија16 часа

„Вреди“ го прозва Али Ахмети откога СДСМ ја призна грешката за измените на Кривичниот законик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја призна грешката, дали ова ќе го направи и Али Ахмети од ДУИ, прашуваат од...

Македонија17 часа

Почвата кај Берово не се смирува: утрово регистриран уште еден земјотрес

Земјотрес од 3,1 степени утрово е регистриран во околината на Пехчево и Берово. Според информациите на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот се...

Свет17 часа

Камала Харис до Нетанјаху: Ставете крај на војната во Газа

Американскaта потпретседателка Камала Харис, која се очекува да биде кандидат на Демократската партија на претседателските избори во ноември, одржа, како...

Свет18 часа

(Видео) Американска пратеничка со говорна мана одржа говор користејќи глас со вештачка интелигенциј

Американската пратеничка од Вирџинија Џенифер Векстон користеше програма за вештачка интелигенција (АИ) за да се обрати синоќа пред Претставничкиот дом...

Македонија19 часа

Сончево со мала до умерена локална облачност и температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и во...

Топ1 ден

Починато бебе во Богданци: подолг период било хоспитализирано

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе....

Топ1 ден

Во канал за наводнување пронајдена почината жена од Кочанско

Денеска во Полициската станица Кочани, К.Ј.(64) пријавил дека во канал за наводнување во близина на с.Оризари, кочанско, ја пронашол удавена...

Македонија1 ден

Мицкоски по апелот на Филипче за нов кривичен законик: Што е со делата што застареа, а граѓаните плаќаат милиони отштета

Премиерот Христијан Мицкоски е согласен да биде донесен нов кривичен законик, кој ќе биде изработен според европските стандарди. Ова беше...

Македонија2 дена

„Нема повеќе евтина храна на државна сметка“ – 50 отсто зголемени цените во владините објекти

Зголемување на цените на угостителските услуги во владините објекти за педесет отсто најави директорот на Службата за општи и заеднички...

Македонија2 дена

Филипче призна дека згрешиле со измените на Кривичниот законик, на Владата ѝ предложи да донесе нов што им бил изготвен пред шест години

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека претходната влада згрешила што ги донела измените на Кривичниот законик, со кој застаруваат...

Македонија2 дена

Таравари и со скратен буџет ќе ги вработува оние со договор на дело: Ќе најдеме решение и тие до крајот на годината да бидат редовно вработени

По одлуките за вработување на специјализантите и дополнувањето на позитивната листа на лекови, кои министерот за здравство, Арбен Таравари, ги...

Македонија2 дена

Гром предизивка пожар во општина Старо Нагоричане

Гром предизвикал пожар на сува трева и шума во село Бајловце, општина Старо Нагоричане, информираа од регионалниот центар за управување...