Македонија
Грујевски бил на боледување и МВР не можело да му го решава статусот

Началникот на Петтата управа, Горан Грујевски, кој е осомничен во случајот „Тврдина“, односно за уништувањето на опремите за прислушување и истовремено се уште е вработен во Министерството за внатрешни работи, бил на боледување и поради тоа оваа институција неможела да го ршава неговиот правен статус.
Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, пак, повторни дека правната служба ќе го реши неговиот статус и дека се бара решение.„Имам дадено налог на правната служба да ја разреши оваа правна ситуација, бидејќи не само за овие колеги за кои вие се интересирате, имаме и други прашања кои се отворени, кривични пријави и дисциплинска постапка , така да сакаме со еден единствен правен начин да ги разрешиме тие прашања. Горан Грујевски е сега на боледување и во таква ситуација ние не можеме да му го решаваме правниот статус, но тоа не значи дека не бараме решение во рамките на правната служба. Таа правна служба има добиено мандат од мене и да го разреши правниот статус“, рече Чавков.Чавков не бил информиран од страна на Грујевски дека била уништена опрема за прислушување бидејќи во тој период тој не бил Министер туку директор на Бирото за јавна безбедност.„Не сум знаел затоа што не сум бил министер, не било тоа дел од моите надлежности, а дали доставиле или не отпосле известување до мене, тоа не е релевантно воопшто. Сум бил директор на БЈБ во тој период“, рече Чавков. Тој не сака да прејудицира и да кажува дали како Министер знаел дека во МВР има еден, наместо три системи з априслушување.„Факт е дека има документи за тоа, но не сакам да прејудицирам во ниеден контекст бидејќи се осетливи и се во истражна постапка“, изјави Чавков./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мисајловски: Одбранбените капацитети на Армијата продолжуваат да се зголемуваат

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска беа промовирани новите 29 JLTV оклопни возила, со што бројот на овој тип на возила кои ги поседува Армијата се зголеми на 67.
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, истакна дека одбранбените капацитети на Армијата продолжуваат да се зголемуваат и зајакнуваат и дека во соработка со САД и програмите преку кои се вршат набавките за модернизација на македонската Армија, бројот на лесни оклопни возила се зголеми речиси за двојно.
„Нови 29 оклопни возила кои се набавени преку договорот Влада со Влада веќе се дел од Армијата. Со оваа нова достава, се приближуваме до потребниот бројот на возила, а дополнително, очекуваме во скоро време да ни пристигнат и дел од оклопните возила STRYKER кои исто така се од американско производство“, истакна Мисајловски и додаде дека возилата се предвидени за Лесната пешадиска баталјонска група, нашата декларирана единица која ќе биде подготвена за упатување и мисии во случај на потреба.
Министерот информираше дека потпишани се и 7 нови договори со САД, проекти кои се во процес на реализација, а се однесуваат на набавка на опрема за специјални сили, набавка на беспилотни системи, опрема за сајбер заштита, лесно пешадиско вооружување, средства за лична заштита и Комплет за контрола на здружен оган.
Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, рече дека овие лесни оклопни возила преставуваат олицетворение на постојаната поддршка на САД на Северна Македонија и нејзините одбранбени способности, а се и еден „силен и моќен симбол на вашиот напредок кон постигнување на модернизирана војска која што ќе биде опремена и подготвена да се соочи со потребите и барањата на денешната комплексна безбедносна средина“.
Македонија
Манасиевски: СДС да каже што одработил Лазар Нанев во Судскиот совет за 120 илјади евра, кои му ги дале од „Еразмус +“

СДС да каже што одработил Лазар Нанев во Судскиот совет за 120 илјади евра кои му ги дале од Еразмус +, Филипче ако заврши со пловењето може да даде одговор исто, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Лазар Нанев е втор член на Судскиот совет по Наќе Георгиев, кој е фатен во коруптивна практика. Јавноста заслужува да знае, колку судии се унапредени, колку судии се поставени, а и колку се разрешени, со коруптивните одлуки на Нанев, и како тие влијаат на системот сега? Сепак, досега имаме само молк од СДС, зошто со европски пари купувале судии, молк и за тоа што барале за возврат. СДС и Заев, преку Лидија Димова, тогашна директорка на Агенцијата Еразмус +, доделиле грант од 120 илјади евра, на судијата Лазар Нанев, кој го добил проектот, преку неговата невладина организација која била составена само од едно лице, самиот Лазар Нанев. Имено, проектот кој бил дел од Европските фондови КА201, бил со главен фокус на училишното образование и вреден 120 илјади евра“, рече Манасиевски.
Тој праша дали СДС преку Нанев и подарокот во вид на грант од 120 илјади евра, си ги заштитиле своите сопартијци кои направиле криминал и дали самиот Нанев има ургирано да не се водат постапки против членови на СДС за кои јавноста се сомневала дека имаат направено одреден криминал?
„Жално СДС не е на власт, можеби и Коцевски ќе требаше да добие еден ваков грант. Шегата на страна, ваквите чекори на Заев и на СДС го уништија и партизираа судството, но и институциите. Сега кога криминалот на СДС, Заев и Димова излегува на површина, тие се најгласни. 7 години беа на власт, можеле преку Нанев да ургираат да ги апси нивните опоненти. Јавноста е свесна дека ако имало некаков криминал, СДС сигурно ќе апсеше партиски опоненти како што правеа со Гордана, со Миле или пак со Спиро. Со видео снимки и во раните утрински часови ќе влегуваа по домовите. Времето на ова криминално владеење на СДС, Заев и Филипче заврши. Во следните денови ќе продолжиме да објавуваме како СДС ја злоупотребуваше Агенцијата и зошто всушност тие се исплашени“, рече Манасиевски.
Македонија
Лефков: Како Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра?

Kако Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра? СДС и Филипче должат одговори, праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ,Миле Лефков.
„Како Заев кој со години беше градоначалник, а потоа и премиер успеа со државната плата да ја купи луксузната јахта со која сега заедно со Венко Филипче плови по Егејското море? СДС и Венко Филипче мора да им одговорат на граѓаните како нивниот поранешен претседател Заев ја купил јахтата и со кои пари? И како со плата на државен функционер се станува мултимилионер?“, праша тој.
Според Лефков, уште поголема е дилемата кога малку ќе се подистражи, и ќе се дојде до податокот дека пловен објект од таков калибар има годишни трошоци за одржување, сервис, гориво и пристаниште кои на далеку ја надминуваат годишната плата на еден државен функционер каков што беше Заев.
„Венко Филипче не може да бега од одговори, неговата поврзаност со Заев не е само партиска, туку и приватна, тие имаат фирми на исти адреси, браќата нивни се влезени во заеднички бизниси, едноставно премногу е тенка границата меѓу двајцата. Венко Филипче и СДС да не се кријат. Народот чека одговори“, рече Лефков.