Македонија
Демонстрантите порачаа – оставка на Иванов, нема избори на 5 јуни и експертска влада

Под слоганот „Нема правда,нема мир“, неколку илјади граѓани во понеделник вечер го искажаа револтот од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичарите од власта.
Протестот започна пред СЈО, каде што демонстрантите му дадоа поддршка на ова Обвинителство во понатамошното расчистување на криминалните дејства на политичарите од власта.Потоа се упатија кон Собранието на Македонија, на плоштадот Македонија, како и пред Министерството за култура, каде што фрлаа со јајца и боја врз објектот.Потоа протестот се пресели пред Владата, каде што уште еднаш беа повторени барањата за оставка на Иванов, пролонгирање на изборите додека не се овозможат нормални и фер услови, како и формирање на експертска влада. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Црвениот крст продолжува со хуманитарна помош за настраданите и семејствата во несреќата во Кочани

Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите.
Црвениот крст упатува голема благодарност на сите кои досега донираа и се дел од оваа хуманитарна операција за поддршка на настраданото население.
Досега се обезбедни вкупно: 20.932.654,00 денари. Средствата се наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани.
“Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства преку:
– Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
– Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком и А1 Македонија143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
– Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
– За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228“.
Македонија
Кисела Вода донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Општина Кисела Вода ќе донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Одлуката беше донесена едногласно, на денешната вонредна седница на Советот на Општина Кисела Вода. Седницата на Советот започна со едноминутен молк во чест на загинатите во трагедијата.
„Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите, со сите кои загубија свои најблиски, како и со повредените, на кои им посакуваме брзо закрепнување. Ова е незамислива и ненадоместлива загуба за целото општество. Во знак на сочувство и солидарност, Општина Кисела Вода донесе едногласна одлука да донира еден милион денари за семејствата на настраданите. Ова е само мал гест на поддршка, но во овие моменти е многу важно да бидеме обединети, да си помагаме и да се грижиме едни за други. Нека почиваат во мир сите што ги загубија животите, а нивните семејства нека најдат сила да ја пребродат оваа огромна болка“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје

Трагично загинатиот пејач на групата „ДНК“, Андреј Ѓоргиески ќе биде погребн утре, 20 март на градските гробишта во Бутел.
Информацијата со јавноста ја сподели сопругата на Андреј, Наталија.
Ковчегот ќе биде изложен во капелата во „Бутел“ во 10 часот.
Утре ќе биде погребот и на Сара Пројковска, членка на бендот „ДНК“.
„Погребот на нашата драга и сакана, непребол, вонреден професор м-р Сара Пројковска ќе биде утре, 20.3.2025, четврток, на гробиштата во Лисиче. Телото ќе биде изложено во црквата Св. Петар и Павле во Лисиче од 12 часот’, известија на социјалните мрежи од Факултетот за музичка уметност – Скопје.
Групата настапуваше во дискотеката во која ноќта помеѓу 15 и 16 март избувна пожар во кој загинаа 59 лица, а 155 се повредени.