Македонија
Почетен состанок на проектот за намалување на емисиите на СО2 од транспортниот сектор
Mинистерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири се обрати на отворањето на почетниот состанок на проектот “Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на горивото“.
Министерството за животна средина и просторно планирање, преку изработката на Третиот национален план за климатски промени, како и Националните придонеси кон климатските промени во глобалните напори за смалување на емисиите на стакленички гасови, го препозна транспортот како еден од поважните сектори што влијаат на емисиите на стакленички гасови.
Според развојните сценарија за побарувачката на енергија, трошоците за обезбедување на потребната енергија и емисиите на стакленички гасови во различни развојни сценарија до 2050 година, се очекува емисиите на CO2 во транспортот за тој период да пораснат над 140%.
„Целта на проектот ‘Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на горивото’ е да придонесе кон намалување на емисиите на СО2 од страна на транспортниот сектор (лесните возила) во Македонија, преку изработка на практична национална политика за обновување на возниот парк, како и да помогне при изработката на регистар на возниот парк во државата според видот на гориво, конкретната ЕУРО класификација, просечната потрошувачка и годишна километража по возило“, изјави министерот Изаири во своето обраќање.
Проектот се спроведува од УНЕП –ГЕФ во соработка со Регионалниот центар за животна средина – Канцеларија во Македонија, а главен корисник е Министерството за животна средина и просторно планирање кое заедно со рафинерија ОКТА го обезбеди националното кофинансирање на проектот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

