Македонија
Македонската полиција го одбележува 7-ми Мај, Денот на македонската полицијата

Македонската полиција во петок го одбележува 7-ми Мај, Денот на полицијата еден ден порано, бидејќи следува викенд.
Според агендата за одбележување на празникот, во 12 часот во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи централната свеченост на којашто ќе говорат Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Горанче Савовски и командантот на Единицата за специјални задачи „Тигри“, Славчо Петрушевски која воедно одбележува 35 години јубилеј од нејзиното формирање.Инаку покрај централната свеченост предвидени се и низа други активности. Во 10 часот во Министерството за внатрешни работи на споменикот на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи (пред зграда 1.), министерот Спасовски со претставници на МВР и семејствата на загинатите припадници на МВР положија цвеќе. По положувањето на цвеќе, Спасовски ги прими семејствата на загинатите припадници на МВР.Покрај ова, делегација на МВР ќе положи цвеќе на споменикот во Базата „Брест“ посветен на загинатите припадници од хеликоптерската несреќа, а ќе биде посетен и споменикот на загинатите бранители во паркот „Жена борец“.Исто така претставници на МВР традиционално ќе ги посетат децата без родители од Домот за згрижување на деца и младинци „11 Октомври„ , Домот за доенчиња и мали деца во Битола и Дневниот Центар за деца со посебни потреби во Тетово при што на децата ќе им бидат дадени пригодни подароци.Министерот, Оливер Спасовски во петок им испрати честитка на припадниците на Министерството за внатрешни работи во којашто им се заблагодари за посветеноста и пожртвуваноста во секојдневното ангажирање во справување со кризните состојби.„Вашата заложба и професионалност која ја покажувате е пример како полицијата треба да биде гарант за безбедноста на сите граѓани на Република Македонија.Од Вас се очекува да бидете на висина на задачата, истрајни и професионални и да постапувате согласно Уставот и законите. Свесни дека во овој момент да бидеш припадник на македонската полиција е тешка и макотрпна задача, Вие останавте на браникот на татковината и покажавте како се чува и сака Република Македонија. Затоа, јас верувам во Вашиот капацитет дека и во иднина ќе истраете во справувањето со безбедносните предизвици борејќи се за добробитта и напредокот на македонското општество и граѓаните на Република Македонија“, се вели во честитката на Министерот./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Прочитан е Мицкоски, обидот за партизација на судството нема да помине

„На Мицкоски му одговара партизирано судство преку кое ќе може да влијае на одлуките, и тоа не е ништо ново, граѓаните веќе го виделе тоа, а некои и го почувствувале на своја кожа“, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Чучер Сандево.
Филипче нагласи дека Мицкоски очигледно нема волја за реформа на судството, а одговорноста е исклучиво само кај него.
„Од уста не ги вади обвинителите, судиите, на кои им се закануваше јавно дека ќе ги избрка, дека ќе ги замени со други, дека не ја заслужуваат платата, но ништо суштински не презема за да се реформира правосудството. Театрални изјави без ниту еден донесен закон од реформската агенда за вистинско реформирање на правосудниот систем“, рече Филипче, додавајќи дека оваа власт не мисли добро на народот и државата.
„Власта на ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата назад – во изолација, хаос и страв. Тие не нудат визија, нема иднина, го нудат минато. Го партизираат секој систем, ги злоупотребуваат институциите, ги забораваат граѓаните. Наместо ред и развој, ароганција, луксуз, корупција“, рече Филипче, нагласувајќи дека борбата за нашиот дом е борба за вредности и достоинство.
„Македонија не се брани со пароли и навреди, туку со резултати, со силни институции и со чесна власт. Овој патриотизам на Мицкоски со викање, навреди, поделби на народот и национализам не може да донесе ништо добро на државата и граѓаните. И токму затоа, СДСМ мора повторно да стане гласот на разумот, на народот и на иднината. Да ја врати државата таму каде што ѝ е местото — во рацете на граѓаните“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанскиот собир во Чучер Сандево.
Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови.
„Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом,“ изјави Шукова.
Таа се осврна на реалните проблеми со кои се соочува општината запуштеното корито на Серава, недоволната инфраструктура, недостигот на јавен превоз и дотраената водоводна мрежа и истакна дека решенијата веќе се подготвени.
„Серава ќе стане место на кое ќе се гордееме уредено корито, пешачки и велосипедски патеки, зелена зона за сите. Новите паркови и 10.000 засадени дрвја ќе го вратат сјајот што Скопје го имаше пред децении,“ нагласи таа.
Посебен акцент стави и на водоснабдувањето и инфраструктурата:
„Денес, 60 проценти од питката вода се губи во системот. Време е за модернизација и стабилно снабдување со вода за секој дом. Новите мостови, клучки и булевари ќе го поврзат Бутел со целиот град и ќе овозможат безбедно и побрзо движење,“ рече Шукова.
Таа потсети дека во изминатите години градот беше заложник на неработење и популизам:
„Четири години ВМРО-ДПМНЕ ги запоставуваше општините. Време е за резултати, а не за слики и празни зборови. Половина од нашите проекти може веднаш да се реализираат,“ додаде таа.
Во својот говор, Шукова повика на единство и одговорност:
„Бутел не смее да биде изолиран. Бутел е почетна точка на модерното Скопје место каде што се инвестира, се гради и се слуша секој граѓанин.“