Политика
Заев бара оставка од Иванов и повлекување на помилувањата
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во петок, испрати писмо до претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во коешто бара од него веднаш да ги поништи одлуките за помилување од 12-ти април и да отвори пат за враќање на демократските процеси во земјата.
„Со Вашиот непромислен и послушнички акт да донесете одлука за општо помилување со кое се прекинуваат сите кривични постапки против политичари коишто се поврзани со политичката криза и аферата прислушување уште повеќе ја продлабочивте политичката и општествена криза која длабоко ја зафати нашата земја. Одлуките за помилување донесени на 12.04.2016 година претставуваат невиден преседан со кој нагрубо ги прекршивте Уставот и законите во Република Македонија, го погребавте Договорот од Пржино и ги рушите преспективите за враќање на правната држава“, вели Заев во писмото. Според Зев, тие одлуки, се доказ дека Иванов ја злоупотребил својата функција и надлежностите како претседател на државата и им нанел сериозен удар и штета на евроатланските перспективи на Република Македонија.Во писмото, лидерот на СДСМ, вели дека постапувањето на Иванов е дискриминаторски и создава поделба меѓу граѓаните и тоа на политичари се ослободуваат од одговорност за тешки кривични дела и останати граѓани кои подлежат на казни и на минорни кривични дела.„Покрај ова, Ви укажувам и дека одлуките за помилување ги донесовте надвор од законските норми, без да имате законски основ за тоа. Членот 11 од Законот за помилување од 1993 година на кој се повикувате, веќе не е во сила. Таа одредба која му овозможуваше на шефот на државата по исклучок без спроведена претходна постапка да ослободува од гонење одредени лица за сторени кривични дела беше укината со Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година. Со одлуката на Уставниот суд, за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, Законот за помилување стана нефункционален и не дава можност претседателот на државата да врши помилување без спроведување постапка, бидејќи укинувачката одлука на Уставниот суд не може да ги „оживее“ првобитните одредби на Законот и да ги врати во сила. Тоа е темелен постулат на првото образложен уште од „таткото“ на уставното судство, Ханс Келзен, а тоа Вам како професор требало да Ви биде познато“, вели Заев.Тој додава дека во ситуација на создадена правна празнина само Собранието може да го регулира прашањето на помилувањето, со измени на законот или со нов закон, што досега не е направено.„Вие не смеете самоволно да си ги проширувате надлежностите и да помилувате надвор од законската рамка, бидејќи согласно член 84 став 1 алинеја 10 од Уставот на Република Македонија, помилувањето се дава во согласност со закон. Вашите одлуки за помилување од 12 април 2016 година се штетни и спротивни на државните интереси и формално-правно ништовни бидејќи се донесени спротивно на членот 84 од Уставот на Република Македонија и на одредбите од Законот за помилување“, се наведува во писмото.Лидерот на СДСМ посочува дека Иванов и во 2009 година повлекол одлука за помилување на Ламбе Арнаудов. „На целата јавност и е јасно, а верувам и Вам треба да Ви стане јасно дека Вашиве најнови помилувања имаат не само „техничка“ туку и „суштинска грешка“, со што имате уште повеќе причини грешката да ја исправите. Секако, исправањето на грешката нема да Ве амнестира Вас лично од одговорност за противуставните и противзаконските акти на помилување кои ги донесовте со што нанесовте штета на државните интереси на Република Македонија и ја продлабочивте политичката криза“, вели Заев во писмото до претседателот Иванов.Тој го повикува Иванов да си поднесе неотповиклува оставка. „Прекинете ја агонијата и постапете барем една во животот државнички: поништете ги одлуките за помилување од 12.04.2016 и поднесете неотповиклива оставка на функцијата која ја узурпиравте на недемократски и наместени избори“, вели на крајот од писмото лидерот на СДСМ./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.