Македонија
ДИК работи врз Избирачкиот список
Државната изборна комисија(ДИК) ги има донесено сите потребни акти за постапката за проверка и ажурирање, како и целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК.
Комисијата во моментот врши проверка на податоците во секоја од базите, по што податоците ќе бидат префрлени во единствен сервер на ДИК, на кој ќе се вршат вкрстените проверки.Четворицата консултанти за информатичка технологија предложени од четирите најголеми политички партии и еден меѓународен консултант, ангажиран од ИФЕС, кој ја координира работата, подготвуваат предлог-листа на прашања за тестовите за вкрстените проверки, кои веднаш ќе бидат усвоени од Државната изборна комисија. Тимот на консултанти ќе подготви и пред Државната изборна комисија ќе презентира и финален извештај, по чие усвојување од страна на ДИК ќе отпочнат со работа трите ИТ компании кои ќе ја извршат вкрстената проверка на базите на податоци.„Државната изборна комисија врши кадровско доекипирање. Целосно е спроведен огласот за вработување на лица во одделенијата за избирачки список и за информатичка технологија. Со оглед на тоа дека не се пријавија доволен број кандидати, огласот за пополнување на работни места во секторот за ИТ ќе биде делумно повторен. Во тек е и постапката за вработување на 11 лица во правната служба на Државната изборна комисија и нејзините подрачни одделенија“, се вели во соопштението од ДИК.По барање на Државната изборна комисија од 8 февруари, Министерството за финансии на 16 февруари изврши пренасочување на буџетски средства на сметката на ДИК, за да можат целосно да бидат спроведени сите активности поврзани со изборниот процес. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Променливо облачно и тивко со појава на магла
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник преку денот ќе се задржи стабилно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Кон крајот на денот и во следните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
Македонија
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека планот за управување со квалитетот на воздухот во Скопје ќе го спремаат докажани експерти
Имплементацијата на мерки кои ќе бидат предвидени во План за управување со квалитетот на воздухот во Скопје ќе го спремаат експерти со докажано искуство и успешни проекти позади нив, а не ПР кампањџии, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на Град Скопје.
Мерките од овој план ќе бидат поддржани од градските власти и ќе се бара мерливост на резултатите и отчетност во реализацијата.
За дел од мерките ќе бараме помош при финансирањето, а дел од мерките од овој план ќе се финансираат од пари на граѓаните и тие не смее веќе да се трошат како до сега, во проекти со сомнителен квалитет, без мерливи резултати и подготвувани од аматери.
Прашањето на чистиот воздух е прашање на нашето здравје. А нашето здравје и здравјето на нашите деца нема да им го довериме на оние кои својот успех го мерат само во бројот на лајкови кои ловат во матното поле на паниката која ја создаваат кај граѓаните, туку во мерливи резултати.
Прашањата поврзани со квалитетот на воздухот ќе ги решаваме со вклученост на вистински стручњаци, затоа што се работи за здравјето на нашите деца, а не на кариерата на некој опозициски советник.
Светските примери на градови кои влегле во борбата со аерозагадувањето и успешно се борат, покажуваат дека посветената борба трае долги години и не започнува со ПР акции на денот кога воздухот е најзагаден, туку со систематски поставен План за управување со квалитетот на воздухот и имплементација на неговите мерки.

