Македонија
ИРИ: Политичката нестабилност во Македонија е сè поголема
Политичката нестабилност во Македонија се зголемува, а довербата во демократските институции опаѓа, се вели во извештајот од анкетата направена на национално ниво од Меѓународниот републикански институт (ИРИ), пренесе „Гласот на Америка“.
Доколку денес би се одржале парламентарни избори, 27 отсто ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, што е за 4 отсто помалку во споредба со јануари.
Анкетата на Меѓународниот републикански институт покажува зголемување на рејтингот на СДСМ за два проценти, од 16 на 18%. Кај ДУИ нема промени, гласачкото тело е константно, додека ДПА бележи пад од еден отсто.
Никола Груевски и натаму е прв на листата политичари, но довербата во него се намалува од 23 на 21 отсто. Наклонетоста кон Зоран Заев е зголемена за еден процент, од 8 на 9. Рејтингот на Ахмети и Тачи останува ист. Значително е намалена и довербата во Претседателот Иванов од 4 отсто во јануари на 2 птоценти во април.
На прашањето која од телевизиите што ги следите фаворизира или не фаворизира политичка партија, 23% од испитаниците одговориле дека Телевизија Телма не фаворизира ниту една партија, 19% се изјасниле за Алсат-М, 15% МТВ, 11% Канал 5 и 6% Сител.
Aнкетата покажала дека 20 отсто повеќе испитаници веруваат дека Македонија е помалку стабилна денес отколку пред една година. За 12 отсто е зголемен и бројот и на тие што се убедени дека Македонија оди во погрешен правец, споредено со јануари оваа година.
Песимизмот околу политичката состојба, се чини, е предизвикан од однесувањето на Владата во врска со скандалот со прислушувањето што беше разоткриен во 2015 година, велат изработувачите на истражувањето од ИРИ.
Неодобрување на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на функционерите вмешани во овие превирања изразиле 64 отсто од испитаниците, а 63 отсто ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство што ги истражува случаите што произлегоа од овој скандал.
Претседателот на ИРИ, Марк Грин, резултатите ги гледа како „критичка потреба лидерите на Македонија да се фокусираат на реформи што одново ќе ја изградат јавната доверба во демократските институции на земјата“.
Анкетата опфатила 1.104 возрасни лица, кои во април биле интервјуирани лице в лице./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почна изградбата на водовод и атмосферска канализација во Ласкарце – инвестиција од 85 милиони денари
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на водоводната мрежа и атмосферската канализација за жителите на селото Ласкарце во општина Сарај.
„Правиме пресврт во начинот на кој ја третираме состојбата на терен. Целта е трајно да ги решиме инфраструктурните проблеми“, изјави Хоџа.
Инвестицијата во Ласкарце за изградба на водоводната мрежа и атмосферската канализација изнесува 85 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, и претставува дел од поширок пакет проекти со кои систематски се решаваат долгогодишните проблеми на граѓаните во општина Сарај.
Наскоро ќе започне и уредувањето на Сува Река, со што ќе се обезбеди трајно решение за намалување на ризикот од поплави во населените места на оваа општина.
Македонија
(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари, објави денес претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. За толку беше зголемена вредноста на потрошувачката кошничка што ја пресметува ССМ и во јануари, па Трендафилов направи споредба со најавата за системско усогласување на минималната плата следниот месец.
„Вредноста на синдикалната минимална кошничка за месец февруари повторно е зголемена и тоа за вредност од 969 денари. Истата изнесува 67.382 денари. За два месеци, од почетокот на годината веќе го ‘изеде’ најавеното усогласување на минималната плата кое функционерите сакаат да им го дадат на работниците од 1.500 денари односно секое семејство на работниците е посиромашно за 2.000 денари за само два месеца“, вели претседателот на ССМ.
Тој направи пресметка и за колку се зголеми синдикалната кошничка во изминативе две години, период во кој ССМ бара зголемување на минималната плата. „За 24 месеци, односно онолку време колку што одбиваат да ја зголемат минималната плата, вредноста на синдикалната минимална кошничка е зголемена за повеќе од 10.000 денари. Затоа, наместо да се препукуваат на грбот на работниците во парламентот и политичките партии да застанат со нив, да ја изгласаат новата минимална плата која треба да изнесува 600 евра и да ги зголемат сите останати плати за најмалку 6.000 денари затоа што животот очигледно е дека само за функционерите и за газдите е добар во Македонија, додека работниците тонат во сиромаштија“, рече претседателот Трендафилов.
ССМ по блокадите на Собранието, стопанските комори и на Владата, ѝ даде рок на Владата до крајот на месецов да ја зголеми минималната плата на 600 евра, а сите останати за 100 евра. Доколку минималната плата не се зголеми во тој рок, на почетокот на март ССМ најави дека ќе организира генерален штрајк и во јавниот и во приватниот сектор, во работен ден.
Македонија
Со оружје, стотици парчиња муниција и импровизирани направи во возилото, Италијанец се обидел да ја помине границата на Табановце – приведен е
На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го привеле С.В. (45) од Италија.
При гранични проверки и контрола на возило со италијански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени осум импровизирани направи со игла за активирање на непозната муниција, пиштол калибар 22, шест кутивчиња со по 100 парчиња муниција, едно кутивче со 200 парчиња муниција, едно кутивче со 60 парчиња муниција, како и други предмети.
По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

