Забава
Ана Франк починала порано отколку што се претпоставуваше
Девојчето Ана Франк, кое стана симбол на жртвите на холокаустот од Втората светска војна, починала еден месец порано отколку што досега се претпоставуваше, објави во вторникот Фондацијата Ана Франк.
Малата Еврејка Ана Франк позната ширум светот по дневникот кој го пишувала во засолништето во нејзиниот дом во Амстердам, и нејзината постара сестра Маргот, починале најверојатно од тифус во логорот Берген-Белсени во февруари 1945 година. Досега се сметаше за валидна процената на Црвениот крст дека девојчињата починале во март. Иако не било можно да се утврди точниот датум на смртта, официјално беше забележано дека Ана умрела на 31-ви март, на денешен ден пред 70 години.
Промената на датумот на смртта малку што ќе измени во трагичната судбина на 15-годишната Ана и на 19-годишната Маргот Франк. „Тоа било страшно и остана страшно“, вели Ерика Принс, водител на музејот во домот на Ана Франк.
Сепак, новиот датум ја менува сликата дека сестрите можеле да бидат спасени да поживеале малку подолго. „Кога велите дека му подлегнале на тифусот кон крајот на март, тоа ви дава чувство дека умреле миг пред ослободувањето на Берген-Белсен и мислата… барем да издржале уште само две седмици“, вели Принс и додава „Тоа повеќе не е вистина“. Сојузничките сили го ослободиле споменатиот нацистички концентрационен логор на 15-ти април 1945 година.
Новото истражување во кое се опфатени документи од архиви и изјави на преживеани и очевидци, покажало дека Ана и Маргот Франк имале симптоми на тифус уште на почетокот од февруари. Холандските лекари велат дека смртниот епилог од ова заболување настапува по околу 12 дена од појавувањето на првите симптоми.
„Имајќи го предвид ова, датумот на смртта веројатно е некаде во февруари. Точниот датум невозможно е да се утврди. Според една од преживеаните, Рахел фон Амеронген, која ги познавала сестрите Франк ‘еден ден едноставно повеќе ги немаше’“, велат од Фондацијата.
Семејството на Ана Франк било едно од десетиците илјади еврејски семејства кои по доаѓањето на власт на Адолф Хитлер и национал-социјалистите во 1930-те побегнале од Германија. Семејството се доселило во Амстердам, но по окупацијата на Холандија биле принудени да се кријат во таен бункер во нивниот дом.
По две години криење, семејството Франк е откриено во 1944 година и депортирано во логори. Таткото Ото и мајката Едит се испратени во Аушвиц, а Маргот и Ана во Берген-Белсен. Мајката починала на почетокот од 1945 година во Аушвиц, а таткото бил единствениот член на семејството кои го преживеал холокаустот.
Дневникот на Ана Франк, го добила за својот 13-ти роденден и пишувала во него во периодот меѓу 12-ти јуни 1942 до 1-ви август 1944 година. Миеп Гиес, секретарка на Ото Франк, жената која помогнала во криењето на семејството на Ана Франк и која го зачувала нејзиниот дневник, почина во стотата година од својот живот во 2010 година. Таа по завршувањето на војната го предаде на Ото. Дневникот е објавен во 1947 година и од тогаш е отпечатен во милиони примероци на 65 јазици./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

