Контакт

Култура

Министерката Канческа-Милевска се сретна со естонскиот колега

Објавено пред

Mинистерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, во вторник во просториите на Министерството за култура оствари билатерална средба со министерот за култура на Република Естонија, Реин Ланг.

dobivaj vesti na viber

На средбата, двајцата министри разговарале за досегашната, но и за идната соработка во областа на културата меѓу Република Македонија и Република Естонија.

Канческа-Милевска го изрази своето задоволство од беспрекорната организација на минатогодишната манифестација „Талин, европска престолнина на културата за 2011 година“, преку која се овозможи афирмирање на македонската култура и презентирање на дел од нашите културни вредности.

Министерот за култура на Естонија, Реин Ланг, заблагодарувајќи се за поканата за посета на нашата земја, ја потенцираше силната поддршка која Република Естонија и ја дава на Република Македонија на полето на евро-атланските интеграции.

Двајцата министри за култура на средбата се договорија во наредниот период да има поголема соработка меѓу институциите во двете земји, поголема соработка во областа на музичко-сценската дејност со размена на музички ансамбли и уметници, како и да се отвори можноста за меѓуинституционална соработка меѓу музеите за современа уметност и националните галерии на двете земји, преку организирање на изложби и ликовни колонии.

На средбата стана збор и за Стратегијата за развој на креативните индустрии која Владата на Република Македонија ја усвои во 2008 година. Министерката за култура Канческа-Милевска го потенцираше потенцијалот кој го поседува Република Естонија во насока на културниот развој, кој претставува важна алка помеѓу границата на традиционализмот и модерноста и е модел кој Република Македонија и останатите земји успешно го практикуваат.

Естонскиот министер за култура ја подвлече важноста на креативните индустрии и додаде дека тие се најбрзо растечката индустрија во оваа земја и на нив отпаѓа три проценти од бруто домашниот производ. На средбата, естонскиот министер за култура најави и експертска помош како и учество на експерти од областа на креативните индустрии на Форумот за креативни индустрии кој во партнерство меѓу Британскиот Совет и Министерството за култура, ќе се одржи на 20 јуни годинава во Скопје.

Ова е втора билатерална средба меѓу Канческа-Милевска и Ланг. Првата средба беше одржана минатата година за време на одржувањето на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Талин- Европската престолнина на културата за 2011 година. /крај/со/мф

Култура

Објавени добитниците на државната награда „11 Октомври“

Објавено пред

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седницата одржана на 11.9.2024 година донесе одлука за годинашни добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на: Љупчо Каров, мултимедијален уметник; Владимир Темков, академски сликар; Јовица Михајловски, драмски актер и продуцент.

Наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката му се доделува на проф. д-р Марко Китевски, истражувач на македонскиот фолклор.

Претседателка на одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова-Грујовска.

Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.

Прикажи повеќе...

Култура

Легендарните хитови на „Битлси“ утре ќе воскреснат во оригинална изведба на Националниот џез-оркестар

Објавено пред

Националниот џез-оркестар, утревечер (1 октомври), на Летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе настапи со концерт со хитови на „Битлси“, а веќе на 8 октомври на сцената на МНТ ќе одржи концерт со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез-академијата од Штип.

dobivaj vesti na viber

Вонвременските хитови на легендарниот бенд „Битлси“ ќе прозвучат на сосема нов начин на концертот на Националниот џез-оркестар, што ќе се одржи утревечер, 1 октомври, на Летната сцена „Славиша Кајевски“ – МНТ, со почеток во 21 часот. Нашите џезери ветуваат оригинална интерпретација и незаборавна вечер со композиции на ливерпулската четворка, која ја смени рокенрол-музичката историја.

Како солисти на концертот ќе ги слушнеме нашите истакнати музичари: Кирил Кузманов, Славко Георгиев, Трајче Велков, Виктор Филиповски, Сашко Николовски и Гордан Спасовски под диригенство на маестро Џијан Емин.

Една недела подоцна, поточно на 8 октомври, Националниот џез-оркестар со задоволство најавува и специјален концерт, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје, кој ќе ги спои искуството на професионалните музичари и талентот на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез-академијата од Штип.

Концертот ќе понуди динамична програма, исполнета со разнородни џез-композиции и иновативни аранжмани. Ова вечер ќе биде одлична можност јавноста да ужива во креативноста и свежината на новите таленти, како и да ги поддржи во нивниот музички развој.

Инаку, во Македонскиот народен театар изминатата недела беше отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници на едно убаво место – плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар. Доколку временските услови не се пријатни за концерт на отворено, утрешниот настап на Националниот џез-оркестар може да се одржи на затворена сцена во МНТ.

Прикажи повеќе...

Култура

Румена Бужаровска вечерва свечено ќе го отвори фестивалот „Букстар“

Објавено пред

Фестивалот за европска литература „Букстар“ (BookStar) почетокот на своето јубилејно, десетто издание, ќе го означи денеска, а ќе трае до 3 октомври.

dobivaj vesti na viber

Програмата на фестивалот опфаќа дваесетина настани: разговори со автори, промоции на книги, средби со студенти, панел-дискусии, книжевни читања, креативни работилници поткасти, музички концерти, изложба, стендап шоу, доделување на наградите „Драги“, како и втората фелоушип конвенција „Publishing Europe“.

Настаните ќе се одвиваат во „Лабораториум“, како и на други локации: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и Europe House – Скопје. Влезот на сите книжевни настани е бесплатен.

Првиот фестивалски ден ќе започне со креативна работилница со Ана Голјешка-Џикова во градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Потоа во „Лабораториум“ ќе има два поткаста, кои ќе ги води Душко Крстевски, а гости ќе бидат Жозе Луиш Пејшото од Португалија и Здравка Евтимова од Бугарија. Свеченото отворање ќе се случи во 20 часот во „Лабораториум“, а воведна реч ќе даде македонската писателка Румена Бужаровска. На отворањето ќе се говори на тема „Книжевна студија за траумата и истрајноста“ со авторките Паола Перети и Мирженка Чехова. Вечерта ќе се заокружи со диџеј-сет на Ogipsilon/Sure Shotz.

Фестивалскиот слоган, кој секоја година креативно предизвикува на ангажман и размислување, е „Метаморфозис“ или „Преобразба“ и е инспириран од делата на Франц Кафка. Во негова чест ќе се одржи и специјален настан „Читајќи го и преведувајќи го Кафка“.

– Преобразбите се еден од најисконските начини врз кои е осмислено човековото постоење. Преобразбите се местото каде што логиката ѝ отстапува место на фантазијата и никој не се буни за тоа. Во годината кога се навршуваат сто години од смртта на Кафка и во која фестивалот го слави својот прв јубилеј со нула на крајот, наоѓаме инспирација во делата што се доволно моќни да го претворат неможното во можно. Делата што ги надминуваат средините од кои потекнуваат. Тоа се дела што се поголеми од моментот и за кои книжевниот свет некогаш е претесен. А овие дела се напишани од автори што ја живеат литературата. И тие сега доаѓаат во Скопје за да доживеат THE METAMORPHOSIS! – велат организаторите.

Годинава за првпат се доделува специјалната наградата „BookStar“ Х10 за исклучителни достигнувања во литературата на Алесандро Барико, најпознатиот италијански писател, еден од омилените европски автори, интелектуалец што стана глобална сензација и човек чие име е звучно како на рок-ѕвезда!

– Говориме за автор што со секоја книга освојува некоја нова пишувачка територија и од крајот на 1990-тите години интересот за него не спласнува. Барико остана глас што и кога пишува различно од своите првични романи, повторно е свеж и иновативен. Тој е вечна метаморфоза на имагинацијата и на нејзините неисцрпни можности. Со оглед на тоа дека неговите патувања во странство веќе четири-пет години се сведени на минимум, Фестивалот „BookStar“ годинава ја има честа да реализира ексклузивно онлајн-учество на еден од најголемите автори на денешнината, повод заради кој наскоро ќе го објавиме и преводот од неговата најнова книга, „Авел“ – велат од „Антолог.

Вториот годинашен лауреат е Јон Калман Стефансон, кој се закитува со традиционалната награда „BookStar“ 2024 за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“. Стефансон (1963) е најзначајниот современ исландски писател и европски автор за кој насекаде се зборува, познат по својата оригинална способност да ги комбинира поезијата и прозата и создавајќи дела што се длабоко лирични и емотивни.

Досега има објавено тринаесет прозни дела, пет поетски збирки и пет преводи на исландски меѓу кои и едно дело на Чарлс Буковски.

Дел од фестивалот се и импозантни авторски имиња од различни европски држави – Кристијан Новак (Хрватска), Здравка Евтимова (Бугарија), Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Игор Маројевиќ (Србија), Паола Перети (Италија), Фарук Шехиќ (Босна и Херцеговина) и Мирженка Чехова (Чешка). Автор во фокусот од Македонија е Румена Бужаровска, но во програмата учествуваат уште четириесетина македонски писатели, универзитетски професори, критичари, музичари и друг вид претставници од издавачкиот и од културниот сектор.

Покрај писателите, дел од фестивалот ќе бидат и врвни претставници на издавачкиот сектор од Европа: Надеж Агило (Франција) – извршна директорка на издавачката куќа „Агило“ од Бордо; Тино Шленх (Австрија/Германија) – куратор за книжевната програма на „Културно лето“ – Виена; Џорџа Спадони (Италија) – преведувач и надворешен соработник за издавачката куќа „Ботега Еранте“ – Удине; Манол Пејков (Бугарија) – сопственик на издавачката куќа „Жанет 45“ – Пловдив и на Софиската книжевна агенција – Софија, како и преведувачот и универзитетски професор во Берлин, Бенјамин Лангер, инаку годинашен добитник на интернационалната награда „Драги“ за преводот нароманот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски од македонски на германски јазик.

Во рамки на фестивалот ќе биде соопштен и добитникот на наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик. Петте финалисти за 2024 година се Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански на „Интимен живот“ од Николо Аманити; Ѓоко Здравески за преводот од хрватски на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ; Екатерина Бабамова за преводот од англиски на „Градот на победата“ од Салман Ружди; Елисавета Поповска за преводот од француски на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно и Ирена Јурчева за преводот од англиски на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин.

Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.

„Букстар“ ќе ја надгради соработката со сите чинители за подигнување на свесноста околу селекцијата на отпадот, но и активно учество на публиката во процесот на селекција, а исто така ќе ја продолжи својата мисија како прв книжевен фестивал кој понуди превод на дел од настаните на знаковен јазик. Меѓу другото, годинава ќе бидат испродуцирани и донирани и книги на Брајово писмо, со цел со личен пример да ја поддржиме трансформацијата на нашето општество во инклузивно.

Досега на „Букстар“ учествувале најголемите европски писатели: Славенка Дракулиќ, Наџат ел Хачми, Стефан Хертманс, Игор Штикс, Сјон, Миљенко Јерговиќ, Илја Леонард Фајфер, Јела Кречич Жижек, Михал Вивег, Слободан Шнајдер, Николо Аманити, Светлана Алексиевич, Саша Станишиќ, Евгениј Водолазкин, Ирса Сигурдардотир, Јуси Адлер-Олсен, Хокан Несер и многу други автори од речиси сите европски држави, како и неколку десетици македонски писатели.

Во периодот од 30 септември-3 октомври секој има право да ја доживее метаморфозата преку средбите со авторите на „BookStar“!

Фестивалот се одржува под слоганот „Преобразба“ и е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања се реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Поднесено обвинение за дивоградба во Охрид

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Бесправно градење...

Македонија60 минути

Во јавните набавки има корупција, која е последица на политичките интереси, во цените има големи разлики, покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки, кој вклучува и анкети со фирмите...

Македонија2 часа

Без знаци на живот утрово пронајдена планинарка, извести ЦУК

Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик...

Свет3 часа

Путин: „Ќе ги постигнеме сите цели, вистината е на наша страна“

Рускиот претседател Владимир Путин им ја честиташе на Русите годишнината од обединувањето на ЛДПР, Керсон и Запорожје. „Диктатурата во Киев...

Македонија3 часа

„Поминаа 24 часа, СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече будали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Поминаа 24 часа, а СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече „будали“. СДС упорно продолжува да...

Свет3 часа

Празни улици и страв кај граѓаните на Бејрут: по бомбардирањето, жителите на либанската престолнина ги напуштија своите домови во потрага по засолниште

По израелското бомбардирање минатиот викенд, жителите на либанската престолнина ги напуштија своите домови во потрага по засолниште. Многумина ја поминаа...

Европа4 часа

(Видео) Украина: Русите утрово го нападнаа Киев со дронови, сите ги соборивме

Русија рано утринава изврши неколку напади со беспилотни летала врз Киев, а единиците за противвоздушна одбрана успешно го бранат градот,...

Европа4 часа

Нови детали за смртта на Алексеј Навални: се појавија тајни документи

Рускиот портал „Инсајдер“, кој е на списокот на странски агенти, денеска објави стотина документи што содржат информации поврзани со смртта...

Свет5 часа

(Видео) Ураганот предизвика катастрофални поплави во Америка, најмалку 90 загинати

Ураганот Хелен, кој на крајот на минатата недела ги опустоши југоисточните сојузни држави на САД, предизвика катастрофални поплави од Флорида...

Европа16 часа

(Видео) Избори во Австрија: крајната десница на прагот на победа, но никој нема да се приклучи на владата со неа

Австриската крајнодесничарска Партија на слободата е на пат да победи на изборите. Според проекциите на резултатите, партијата предводена од Херберт...

Топ19 часа

Со скалпел го исекол на вратот и увото: обид за убиство на малолетник во тетовско

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член...

Македонија20 часа

АХВ: Водата во Струмица не е безбедна за употреба поради зголемено присуство на манган и колиформни бактерии

Инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое ја забрани за употреба водата од...

Економија21 час

Трипуновски од Кочани: Оваа година ќе имаме богата жетва и зголемен принос на ориз

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во с. Оризари, општина...

Македонија21 час

Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана оти не се знае во чие владение е салата

Министерството за култура во минатата влада незаконски ја презело Универзална сала од Град Скопје затоа што по закон тоа не...

Економија1 ден

(Видео) „Продолжуваме со засилено темпо на работа“ – Николоски објави снимка од реконструкцијата на автопатот Тетово-Скопје

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкција на автопатската...

Свет1 ден

(Фото) Страшни поплави во Непал: најмалку 100 загинати, десетици исчезнати

Најмалку 100 лица загинаа во поплавите во Непал, додека 67 лица се водат како исчезнати, јавија денеска локалните медиуми. Одрони...

Свет1 ден

Израелската армија изведува десетици напади врз Либан по атентатот на моќниот лидер на Хезболах

Израелската армија денеска соопшти дека извршува десетици напади врз Хезболах во Либан, два дена по убиството на моќниот лидер на...

Свет1 ден

„Никогаш не сум видела толку луѓе без покрив над главата“ – ураган го опустоши југоисточниот дел на САД, најмалку 64 лица загинаа

Поројните дождови од ураганот Хелена оставија голем број луѓе без домови ширум југоисточниот дел на Соединетите држави, а во тек...

Македонија1 ден

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, грмежи и силен северен ветер

Заладувањето пристигна и во Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи...

Свет2 дена

(🔴 Во живо) Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, нова огромна експлозија го потресе Бејрут

Од минута во минута за најновите случувања на Блискиот исток! 🕑 22:06 Хезболах соопшти дека лансирал ракети со долг дострел...