Забава
Во поход на Еверест тргна 80-годишен Јапонец

Еден јапонски алпинист, кој има 80 години, во четвртокот започна да се искачува на Монт Еверест во обид да стане најстариот човек кој се искачил на покривот на светот, соопштено е во Токио.
Јуичиро Мура еднаш влезе во Гинисовата книга на рекорди, откако во 2003 година на 70 годишна возраст се искачи на 8.848 метри високиот врв. Тоа беше негово прво искачување на оваа митска планина.Неговиот рекорд во 2007 година го собори 71-годишниот Јапонец, Катсусуке Јанагисава, а од мај 2008 година титулата му пропадна на Непалецот, Мина Бахадури Шершан, кој овој подвигот го изведе на 76 години.Во истата година, Мура по втор пат се искачи на Еверест, на 75-годишна возраст.„Ќе се обидам одново на 80 години и ќе ја стимулирам мојата храброст, волја и мотивација“, изјави овој авантурист.Интерес е податокот што таткото на Мура се спуштил од Мон Блан на скии на 99 години. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Папараците повторно снимија интересна сцена на плажата во Марбеља

Се чини дека Ева Лонгорија живее на плажите во Марбеља, бидејќи папараците повторно ја фотографираа во атрактивно бикини.
Eva Longoria rocks cheeky pink bikini on Spain beach after skipping Jeff Bezos and Lauren Sánchez’s wedding https://t.co/XD2cQGFyq2 pic.twitter.com/QM7hGFAEcl
— Page Six (@PageSix) June 30, 2025
Омилената џебна Венера ги поминува жешките летни денови во костим за капење и, судејќи според фотографиите, нема намера да го соблече до крајот на летото.
Неодамна беше фотографирана во минијатурно розово бикини кое ги истакнува сите нејзини облини, а со оглед на тоа што неодамна наполни 50 години, можеме слободно да кажеме дека совршено ѝ стои!
Покрај тоа, го истакна нејзиниот рамен стомак, но и градите кои горниот дел од бикинито едвај ги држеше. На својот стајлинг додаде шапка, за да се заштити од сонцето, но и црни очила за сонце, за да се заштити од фотографите…
Забава
(Фото) Најдобро облечената кралица блесна на свечен прием во Севиља

Шпанскиот кралски пар организираше прием по повод 4-тата Меѓународна конференција на ОН за финансирање на развојот, за време на која кралицата Летиција повторно одржа час по стил со своето модно издание.
Познато е дека Летиција е икона на стил кога станува збор за нејзините појавувања, нема задача на која не може да одговори и многу често ги поместува границите на модата.
Фустаните се „нејзина специјалност“, па овој пат таа блесна во смела комбинација од сина и златна боја, што понекогаш може да биде сосема погрешно, но не и во нејзиниот случај.
Моделите со А-крој се омилени на убавата кралица, а таа имаше и малку посмело деколте, со оглед на тоа дека се работи за правила на кралското семејство кои мора строго да се почитуваат.
Синиот фустан беше украсен со ситни златни конци инспирирани од цвеќиња, а Летиција ги прилагоди своите чевли на тоа, одлучувајќи се за златни штикли со многу ниска потпетица.
Уште еднаш, кралицата на Шпанија го потврди своето место на листата на најдобро облечени жени, барем во Европа, а единствена конкуренција ѝ е Кејт Мидлтон.
Забава
Месечен хороскоп за јули 2025 година

На почетокот на јули, Сонцето и Јупитер се во Рак, Меркур е во Лав, а Марс и Месечината се во Девица. Плутон е ретрограден во Водолија, а Сатурн и Нептун се во Овен. Венера и Уран се во Бик.
Венера се движи во Близнаци на 4 јули. Додека не се пресели во Близнаци, ќе биде во конјукција со Уран, па првите денови од овој месец се обоени со љубовни и финансиски возбудувања, изненадувања и немири. Минувањето низ знакот Близнаци ќе донесе период исполнет со разговори, пораки и состаноци; ќе бидеме подуховити, поспонтани, посклони кон флертување (можеби дури и седење на две столчиња), почесто во движење и патување. Во деловна и финансиска смисла, ова е добар период за трговија, за комерцијални работи – но и за дополнителни и повремени, деловни ангажмани. Што се однесува до парите, периодот е наречен – како што дојде, така и си отиде.
10 јули Полна Месечина во Јарец – секоја Полна Месечина претставува некаков конфликт помеѓу рационалното и емоционалното – па затоа секогаш чувствуваме зголемена нервоза, притисок во текот на овие денови, можеме да бидеме пречувствителни и да ги сфаќаме сите ситуации премногу лично. Владетел на Полната Месечина е Сатурн во Овен во аспект со Уран во Близнаци – па затоа овие денови ќе имаме вртоглави промени во нашите кариери – некои ќе се поместат за едно скалило нагоре… а ќе има и такви што ќе се поместат за едно скалило надолу.
На 13 јули, Сатурн во знакот на Овен оди ретроградно – и оваа планета, но и Нептун (одејќи ретроградно на 4 јули, исто така во знакот на Овен) – се враќаат во знакот на Риби – последниот знак, крајот на сите краеви – за целосно да ги завршат сите процеси што се започнати.
На 18 јули, Меркур во знакот на Лав оди ретроградно, а кога ќе оди ретроградно – па, тогаш ќе бидеме подготвени да кажеме сè за што сме премолчувале, да го поправиме она што сме го скршиле, да го започнеме она што се криело во нас како идеја, но никогаш не сме можеле да го реализираме. Ќе се вратиме малку назад и во љубовта, за да ги потсетиме некои бивши што изгубиле (од нас, се разбира!). Сите ги знаеме тие дополнителни, стандардни ефекти на ретроградниот Меркур напамет – па, да се подготвиме за Мерфиевиот закон што ќе ни ги комплицира животите.
На 22 јули, Сонцето влегува во Лав. Официјално ќе влеземе во централниот, најжешкиот дел од летото, а Лавовите ќе влезат во периодот на желби, честитки и поздрави.
На 24 јули ќе видиме млада Месечина во Лав. Вистинско време за сјај, вистинско време за заљубување, патување, опуштање, вистинско време да ги остварите вашите желби. Младата Месечина е во тригонски аспект со ретрограден Сатурн и Нептун во Овен, како и во секстилен аспект со Уран во Близнаци – кога срцето е жешко, ништо не е невозможно!