Контакт

Забава

Градоначалник одреден со 'петка-глава'

Објавено пред

Изборот за градоначалник на општината Сан Теодоро на Филипини е решен со фрлање на паричка во два наврата откако двајцата кандидата собрале ист број гласови, објавија во четвртокот официјални извори.

Марвик Ферарен, член на владејачката Либерална партија е прогласен за победни откако двапати избрал „глава“ и паричката фрлана во воздух двапати паднала според неговиот избор.

„Двајцата кандидата ги прифатија резултатите, си подадоа рака и се прегрнаа“, објави за AFP во четвртокот Рени Пагилаган шеф на локалната изборна комисија во општината Сан Теодоро која има 16 илјади жители.

Според него, филипинскиот изборен закон дозволува победникот во вакви случаи да биде одреден со жрепка, а фрлањето паричка била прифатлива варијанта за двајцата кандидата.

Пагилаган додал и дека овој случај не е преседан и потсетил дека во 2004 година, исто така, со фрлање паричка бил одреден победникот за финалното место во советот на соседна општина на Сан Теодоро.

Повеќе од 44 илјади кандидати се натпреваруваа за 18 илјади мандати на националните и локалните избори на Филипини кои беа одржани во понеделникот на половината од претседателскиот мандат и ја зајакнаа позицијата на претседателот на државата. Бенињо Акино вети дека ќе спроведе реформи за да ја извлече земјата од сиромаштијата./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Канjе купи куќа од 57,3 милиони долари

Објавено пред

Канје Вест, музичар, претприемач за улична облека, потенцијален кандидат за претседател на САД во 2024 година и самоименуван „креативен гениј“ се сели во Малибу, објавија шоу-биз медиумите.

По разводот со Ким Кардашијан, милијардерот ерген купи резиденција од 57,3 милиони долари во Малибу, дизајнирана од големиот јапонски архитект Тадао Андо, познат како мајстор на бетонот и светлината. Имотот чиј концепт се заснова на бруталистички принцип има приближно 4,000 квадратни метри станбен простор со поглед кон океанот.

Бруталистичката бетонска резиденција, дизајн на врвниот јапонски архитект, била изградена според спецификации на финансиерот и колекционер на уметност Ричард Сакс.

Брутализам е стил во архитектурата кој се појави во средината на дваесеттиот век како дел од Модернизмот. Терминот  потекнува од францускиот збор што го опишува материјалот карактеристичен за овој стил béton brut или природен бетон.

Според американскиот сајт за недвижности, Dirt.com, за хациендата на плажа, која некои набљудувачи нељубезно ја споредија со катна гаража, наводно, биле потребни 1,200 тони излиен бетон, 200 тони челична арматура и 12 столбови набиени 60 метри во земјата, како потпора за монструозно тешкиот објект да не потоне во песок.

Истиот извор открива дека куќата претходно бил наведена за продажба за 75 милиони долари, но Канје ја купил во договор надвор од пазарот на недвижности.

Иако скромната фасада сугерира едноставност, всушност, зад оваа резиденција стојат седум години планирање и изградба. Со четири спални соби распространети на три ката, на најгорното ниво има пентхаус со огромна тераса и поглед на океан од сите четири страни.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Принцот Вилијам го отфрли барањето за крштевање на Лилибет во Британија

Објавено пред

Крштевката на Лили, најверојатно, нема да се одржи во Обединетото Кралство откога висок член на кралското семејство наводно сугерирал дека тоа не е добра идеја, тврди кралски коментатор.

Лилибет Дијана, помалото дете на принцот Хари и Меган Маркл, допрва треба да дебитира на територијата на Обединетото Кралство по нејзиното раѓање во Санта Барбара, Калифорнија, во јуни.

Без јавна фотографија на детето, почнаа да се шират шпекулации за тоа што војводата и војвотката од Сасекс планираат за нејзиното крштевање.

Кралскиот дописник на Ен-би-си, Нил Шон, тврди дека е малку веројатно Лилибет да го помине денот во капелата „Сент Џорџ“ во Виндзор поради наводна интервенција на висок член на кралското семејство.

„Еден од поголемите проблеми со кои Меган се соочува е тоа што сака нејзината ќерка Лилибет Дијана да биде крстена на истото место каде што се венча со својот сопруг принцот Хари и каде што се одржа крштевањето на нејзиното првороденче Арчи“, тврди Шон.

„Но, очигледно е дека има сериозен застој. И Хари и Меган беа многу заинтересирани да го направат тоа враќање и да се погрижат овој чин да се случи во присуство на нејзиното височество кралицата“.

„Некои луѓе може да речат дека само ја капитализираат својата кралска врска и зошто да не? Така сега заработуваат пари“.

„Но, тука истапи една личност, која во основа одлучи дека нема апетит за ова, личност што навидум сега за сега не е спремна да се бакне и да се смири со својот помлад брат“.

Шон понатаму тврди дека според добро информиран извор, принцот Вилијам бил тој што во основа рекол: не, ние не мислиме дека ова ќе функционира, тоа не e особено добра идеја.

Кенсингтонската палата одби да коментира.

Прикажи повеќе...

Забава

Ги жалам жените во вашиот живот: Џули Тан возврати на негативните коментари за нејзиното тело 

Објавено пред

Сингапурската актерка Џули Тан, која замина на Малдиви за својот 29. роденден, објавува фотографии и видеа од својот одмор и нејзините нуркачки авантури, вклучувајќи и некои во бикини.

Но, некои луѓе, кои го исмејуваат нејзиното тело и на Инстаграм и на Тикток, ја натераа да возврати.

„Имам многу хејтери со остри коментари за моето тело, рамни гради… аеродром јада јада… Уште еден коментар нема да направи разлика!“ напиша таа во описот на објавата на Инстаграм на фотографија од неа во сино бикини.

Меѓу недоличните коментари беа оние што ги споредуваа нејзините гради со пистата на аеродромот Чани, Сингапур.

„На сите несигурни момци кои коментираат за моето тело, ги жалам жените во вашиот живот. Минато, сегашност и иднина”, додаде таа во коментар.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа42 минути

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Европа3 часа

Тесна победа на социјалдемократите во Германија, партијата на Меркел втора

Германските социјалдемократи (СПД) изборија тесна победа на националните избори, покажуваат првичните резултати и освоија мандат да формираат влада првпат од...

Свет4 часа

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија5 часа

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија6 часа

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ20 часа

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион20 часа

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија21 час

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија1 ден

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа1 ден

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија1 ден

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија2 дена

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија2 дена

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа2 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион2 дена

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа2 дена

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија2 дена

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија2 дена

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија3 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Досие