Забава
Поранешна питачка од Северна Кореја стана кулинарска тв ѕвезда
Во фустан со цветен дезен и бојадисана коса, Ким Ха-на воопшто не наликува на девојченцето кое некогаш питаше и трипати си го ризикуваше животот обидувајќи се да побегне од комунистичка Северна Кореја во што конечно успеала на возраст од 15 години, но сега се голема кулинарска ѕвезда на јужнокорејската телевизија.
Дваесет ипетгодишната Ким Ха-на од 2005 година живее во Јужна Кореја, а неодамна стана славна настапувајќи во телевизиското кулинарско шоу Masterchef. Се надева дека славата ќе и`помогне да го пронајде татко си кој последен пат го видела кога ја минувале границата меѓу Северна Кореја и Кина обидувајќи се да им побегнат на севернокорејските граничари.
Нејзиното тешко детство го разнежни јужнокорејското гледалиште, а умешноста во комбинирањето на јадењата од двете Кореи ги восхити судиите на популарното кулинарско натпреварување.
Кога Ким била девојченце, нејзините родители побегнале од Северна Кореја и ја оставиле самата да се грижи за себе го напуштила училиштетот и секој ден се борела за голиот живот. Три години била „котџеби“, како што во Северна Кореја ги нарекуваат децата питачи, спиела на улици, молела за храна и крадела. Според нејзиното кажување во сторијата на Reuters, се хранела со се` што ќе нашла, од инсекти, жаби па и глувци.
Освен што се надева дека настапот во шоуто Masterchef ќе и` помогне да го најде таткото Ким сака да ги промени и предрасудите на Јужнокорејците за бегалците од Северна Кореја, на коишто, како што сметаа таа, им е потребен чесен однос а не сожалување.
„Сакам да докажам дека и бегалците можат под еднакви услови да се грижат сами за себе и дека може добро да им оди во животот“, вели Ким која додава дека го сонува родниот град Оранг во Северна Кореја и сака да им помогне на поранешните сонародници.
„Како котџеби не можев да си дозволам ниту да сонувам за што и да е, особено не оној дека еден ден е станам кулинарски мајстор. Готвењето за мене претставуваше нешто што значеше само тоа дека не гладувам, а не нешто што ќе ми биде задоволство“, вели Ким.
„Живеам за денот кога ќе можам нешто да им зготвам на малите питачи каква што и самата некогаш бев“, вели некогашната питачка сега позната телевизиска ѕвезда./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

