Македонија
Бегалци: Редовна состојба на јужната, без задржувања на северната граница
Во изминатото деноноќие на македонска територија од страна на Грција се регистрирани уште околу 4.500 бегалци и имигранти, а состојбата во неделата е редовна, при што не се забележани значителни промени или вонредни настани, иако од јужната граница има неколку илјади лица од кои се пропуштаат само мигранти од Сирија, Авганистан и Ирак, односно лица кои се сметаат за бегалци од воените конфликти. На северната граница, пак, нема поголеми задржувања, а во транзитниот центар Табановце нема стационирано мигранти.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 21-ви ноември издадени се потврди на вкупно 4.481 странски државјани, од кои 2.060 се од машки пол, 914 се од женски, 1.195 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 312 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 2.311, Авганистан – 1.491, Ирак – 679, додека другите се во помал број. Севкупно, во периодот од 19-ти јуни до саботата 21-ви ноември, до 24:00 часот, македонските служби издале потврди на вкупно 270.327 странски државјани, од кои, 158.085 се од машки пол, 41.543 се од женски, 56.405 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14.294 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 164.683, потоа Авганистан – 61.069, Ирак – 23.145, Иран – 6.231, Пакистан – 5.416, Палестина – 2.158, Сомалија – 1.276, Бангладеш – 1.253, Мароко – 1.311, Конго – 514, Либан – 434, Алжир – 452, Нигерија – 275, додека другите се во помал број.
Во изминатото деноноќие до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до саботата до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

