Забава
Гигантски ковчег ги збуни московјани
Појавата во вторникот на огромниот патен ковчег на знаменитиот Црвен плоштад во руската престолнина, кој всушност е павилјон на модната куќа Louis Vuitton во почетокот ги изненади и ги разбесни жителите на Москва зашто го сокрива нивниот вообичаен поглед на плоштадот.
Девет метри високиот и триесет метри долгиот павилјон со костенливо-златна боја со препознатливото лого на Louis Vuitton накои се поставени две големи ленти во боите на руската тробојка е поставен на средината од плоштадот кој е ставен на листата на културно наследство на УНЕСКО.
Павилјонот ќе се наоѓа на тоа место од 2-ри декември до 19-ти јануари кога во Москва ќе се одржува изложбата на луксузните патни ковчези на Louis Vuitton. Компанијата објави дека приходот од влезниците во павилјонот е наменет за хуманитарната фондација на манекенката Наталија Водјанова „ Голи срца“ којашто финансира разни активности во полза на децата со хендикеп.
„Овој ковчег, павилјонот за изложбата на Louis Vuitton ‘Душата на скитникот’, е посветен на легендарните личности, клиенти на куќата од периодот на нејзиното основање. Изложбата ќе биде отворена на 2-ри декември. Таа нема комерцијален карактер/ Сите средства од влезниците ќе одат во добротворниот фонд на Наталија Водјанова ‘Naked Hearts’“, се наведува на интернет страницата на модната куќа.
Според сајтот на компанијата, во павилјонот посетителите ќе можат да видат 25 историски ковчези и 12 видео инсталации дела од современи уметници.
Претставници на компанијата изјавија дека како инспирација за формата на павилјонот послужиле скиците од оригиналната нарачка на рускиот кнез Владимир Орлов.
„Како вдахновение и идеја за дизајнот на павилјонот послужи оригиналната порачка за ковчег за рускиот кнез Владимир Орлов од почетокот на XX век. Иницијалите на ковчегот (P.W.O. – Prince Wladimir Orlov) и тробојката всушност биле нарачка од Орлов за неговиот ковчег“, велат од на Louis Vuitton.
Меѓутоа, не сите се одушевени од овој настан, особен од поставувањето на „непримерен објект“ на средината од Црвениот плоштад. „Црвениот плоштад има специјален статус. Тоа е свето место за руската држава. Има некои симболи кои не би смееле да ги банализираме“, изјави за РИА Новости комунистичкиот парламентарец Сергеј Обухов.
„Гигантските димензии на градбата целосно се несоодветни, Таа го скрива погледот на важните споменици од руското културно наследство“, смета Александар Сидјакин, челна владејачката партија Единствена Русија, кој го критикуваше овој потег и побара од московските градски власти да проверат дали се почитувани сите законски прописи при промовирањето.
„Треба да се води смета за тоа дека десетици илјади луѓе доаѓаат тука за да го видат Црвениот плоштад, а не павилјонот на некоја позната компанија“, смета активист на невладино здружение за зачувување на архитектонското наследство на Москва./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Почина таткото на Марија Шерифовиќ, пејачката објави емотивна порака
Пејачката Марија Шерифовиќ објави на Инстаграм дека починал нејзиниот татко Рајко Шерифовиќ. Таа се збогува со него со емотивна посвета и објави негова фотографија.
Емотивна објава на Инстаграм
„Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ ги сака таквите луѓе и дека те чека некоја рајска градина. Чувај нè таму каде што си сега 🙏🏼 Твој шампион 💔💔💔💔💔“, напиша Марија во објавата.

Тие беа во лоши односи со години
Српските медиуми објавија дека тој починал во Крагуевац по кратка и тешка болест. Рајко се ожени со Верица Шерифовиќ во 1982 година, со која ја доби ќерката Марија. До неодамна, пејачката и нејзиниот татко беа во лоши односи, а потоа, додека гостуваше во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“, Марија рече дека се смириле.
„Неодамна се видовме во Крагуевац и тој ми рече: Без разлика што направив погрешно, погрешно, погрешно, вака или онака… Барем знам дека сè што има врска со тебе, направив правилно“, рече пејачката. „Тоа го кажа во контекст на оставање зад себе личност на која е горд. Беше искрен“, заклучи таа.
Забава
(Фото) Хејли Бибер во тесно бикини го полуде Џастин Бибер
Манекенката и инфлуенсерка Хејли Бибер објави многу провокативна фотографија во бикини, а нејзиниот сопруг Џастин Бибер не остана имун на нејзиниот изглед, кој уште еднаш покажа колку е заљубен во својата сопруга.
Хејли објави серија фотографии во тесни бикини за да ја промовира својата нова линија костими за капење бргу собирајќи милиони „допаѓања“ и коментари.
View this post on Instagram
Сепак, еден коментар особено го привлече нејзиното внимание – од нејзиниот сопруг, кој напиша: „О, боже мој“.
Тој јасно стави до знаење што чувствува во врска со Хејли и што мисли за нејзиниот изглед и се чини дека тоа го прави со години.
Обожавателите реагираа веднаш пишувајќи: „Ова е љубов“, „Најдете соба вие двајца! Но, сериозно, толку сте слатки“… А само на коментарот на Џастин Бибер ‘допаѓање“ ставија речиси 50.000 луѓе.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Аријана Гранде за малку ќе настрадаше во Париз, обезбедувањето реагира во последен момент
Поп-ѕвездата Аријана Гранде имаше драматичен момент во Париз избегнувајќи за малку сериозна несреќа. Инцидентот се случи во четвртокот, 7 ноември, кога автомобил одеднаш влезе во пешачката зона пред театарот, каде што се одржуваше европската премиера на филмот Wicked.
Пејачката, за среќа, не беше повредена.
@snmicka je l’aime d’amour #arianagrande #wicked ♬ Popular – Ariana Grande
Гранде позира на црвениот тепих таа вечер опкружена со обожаватели и фотографи во нејзината вообичаена гламурозна атмосфера.
Според медиумските извештаи, додека одела кон својот автомобил, возило се приближило малку премногу до неа додека таа сè уште ги поздравувала обожавателите пред влезот. Автомобилот очигледно влегол во пешачка зона, што ги натерало обезбедувачите веднаш да реагираат токму кога ѕвездата успеала да се тргне. Никој не бил физички повреден, но краткиот хаос предизвикал паника меѓу толпата.
Париската полиција потврди дека била повикана на местото на настанот за да го истражи инцидентот. Портпаролот изјавил дека во моментот на објавување на извештајот немало апсења и дека истрагата е во тек. Возачот наводно соработувал со властите и немало индикации дека нападот бил однапред смислен.
фото: принтскрин

