Забава
Семејство на Флорида гo најде загубеното шпанско богатство од милион долари
Семејство од американската сојузна држава Флорида коешто со години трагало по скриени богатства, ова лето во остатоци од брод на некогаш славната шпанска армада потонат во 1715 година во Атлантикот пронашло богатство проценето на повеќе од милион американски долари.
Семејството Шмит, родителите Рик и Лиза, нивните две деца и снаата, пронашле 51 златник во разнi апоени и 12 метри долг златен синџир украсен со орнаменти, изјавил Брент Бризбен, чијашто компанија „1715 Fleet – Queens Jewels LLC“ го откупила правото на користење на локацијата.
Додал дека родителите и 27-годишниот син Ерик го пронашле богатството во јуни. Семејството Шмит артефактите ги пронашло на длабочина од 4,5 метри во водите близу Форт Пирс, околу 210 километри северно од Мајами.
Шпанскиот документ со списокот на предметите коишто бродот ги превезувал покажуваат дека нивната вкупна вредност е околу 400 милиони долари, од што досега е пронајдено богатство во вредност од 175, рекол Бризбен чијашто компанија го откупила правото на користење на местото од легендарниот ловец на изгубени богатства Мел Фишер, и им дозволила на другите, меѓу кои се и членовите на семејството Шмит, да трагаат во согласност со анексот на договорот.
Меѓу богатството кое го пронашло ова семејство , за највреден се смета совршено зачуваниот кралски златник изработен за шпанскиот крал Филип Петти кој датира од 1715 година. Познато е дека во светот има само неколку кралски златници од овој вид, се наведува во соопштението на компанијата „1715 Fleet – Queens Jewels LLC“.
Во согласност со сојузниот и државниот закон, државата Флорида има право на 20 отсто од пронајденото богатство коешто ќе биде изложено во државниот музеј, а компанијата Бризбен и семејството Шмит ќе го поделат остатокот./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Генијален трик со кибрити ќе ја спаси секоја билка што вене
Ставањето кибрити во саксија можеби ви звучи како суеверие, но зад овој трик стои и наука. Со негова помош можете да одгледувате поздрави растенија кои побрзо ќе цветаат и ќе даваат плодови.
Доколку вашите билки и собни растенија не напредуваат, иако имаат доволно светлина и топлина, причината може да биде недостиг на есенцијални минерали во почвата или присуство на штетници.
Поставувањето кибрити во земјата околу растенијата во саксии создава средина што ги одбива штетниците, а истовремено ги „храни“ растенијата со неопходни минерали.
Кибритите содржат фосфорен сесквисулфид, калиум-хлорид и мали количини магнезиум и железни оксиди. Некои видови содржат и црвен фосфор.
Сулфурот во кибритите помага во борбата против штетници без употреба на хемикалии штетни за луѓето, додека калиум-хлоридот и црвениот фосфор делуваат како дезинфициенс и природен пестицид и се сметаат за безбедни за употреба, наведува „Ask Prepper“.
Често е тешко да се одреди точната количина ѓубриво за растенијата. Тие најдобро напредуваат со почести и помали дози, што бара редовна рутина.
Растенија како бамја, модар патлиџан и пиперки се особено зависни од хранливите материи во почвата, но и чувствителни на нивната рамнотежа. Прекумерна количина азот од хемиски ѓубрива може да доведе до буен раст на листови, но без цветови и плодови.
Користењето кибрити како природно ѓубриво ги елиминира овие проблеми. Со редовно наводнување, влагата постепено ги раствора главите на кибритите, ослободувајќи сулфур, фосфор и магнезиум, кои ги хранат растенијата.
Фосфорот и фосфорниот сесквисулфид го поттикнуваат развојот на пупки. Доволно е да забодете 10 до 20 кибрити во земјата, така што главите да бидат добро закопани. Најдобро е тие да се постават на половина растојание меѓу работ на саксијата и стеблото. Не ги ставајте премногу блиску до стеблото за да не го оштетите коренот.
pexels
Забава
Застани и погледни каде си: хороскоп за последните денови од 2025
Последните денови од 2025 година не носат големи ветувања, туку тивка, но силна порака – застанете и погледнете каде сте. Ова е период на затворање циклуси, внатрешни пресметки и свесно отпуштање на сè што ве исцрпува. Малите одлуки сега имаат долгорочно влијание.
Ова не е време за пасивно чекање, туку за активна лична одговорност, јасност и искреност кон себе.
Овен – Успорување и поставување граници. Помалку обврски значат повеќе енергија.
Бик – Вредности и пари. Крај на трошоци и односи што не ве почитуваат.
Близнаци – Комуникација. Искрен разговор носи олеснување.
Рак – Емоционален баланс. Учите да не ги носите туѓите грижи.
Лав – Идентитет. Престанувате да се докажувате – суштината останува.
Девица – Здравје и рутина. Мали промени носат брзи резултати.
Вага – Односи. Бирате мир и стабилност, не компромис по секоја цена.
Шкорпија – Контрола. Ослободувањето носи вистинска сила.
Стрелец – Насока. Ги преиспитувате целите и правите искрен избор.
Јарец – Одговорност кон себе. Балансот станува подеднакво важен како и обврските.
Водолија – Иднина и планови. Идеите сега стануваат темел за 2026.
Риби – Внатрешен глас. Интуицијата води – тишината носи одговори.
Забава
„Зooтопија 2“ стана најпрофитабилен холивудски филм за 2025 година
Вториот дел од приказната на неочекуваното дуо, „Зоотопија 2“, е официјално најпрофитабилниот холивудски филм за оваа година.
Анимираното продолжение на Дизни , преполно со животински ликови, веќе достигна импресивни 1,13 милијарди долари светски приходи само 20 дена по премиерата, победувајќи го римејкот на „Лило и бод“, кој заврши со 1,03 милијарди долари.
Сепак, надвор од Асоцијацијата на филмски уметници, кинескиот анимиран блокбастер „Не Жа 2“ останува најголемата заработка во 2025 година со огромни 1,9 милијарди долари.
depositphotos

