Македонија
Спречен обидот демонстрантите да се упатат кон седишето на ВМРО-ДПМНE

Група на граѓани која се издвои од останатата маса која протстираше против одликата на претседателот Ѓорге Иванов за стопирање на процесите против сите политички актери, започна со каменување на припаднциите на полиција која не дозволува пристап до седиштето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, по што полициските службеници интервненираа и ја потиснаа групата.
Втората група демонстранти кои се одѕваа на повикот на движењето се упатија кон Собранието.
Кордонот од специјалци засилен со полициските возила „хермелини“ го попречуваат преиодот кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Одбележана 10-годишнината од настаните во Диво Насеље во Инџиково

Денеска во населеното место Инџиково, пред споменикот на херојот Горан Стојменовиќ се одржа настан за одбележување на 10-годишнината од настаните во Диво Насеље, Кумановско кои се случија во 2015 година, извести општина Гази Баба.
Пред присутните се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и член на семејството на Горан Стојменовиќ.
„Никогаш во ниедна страница на македонската историја, нема да избели споменот на кобниот мај пред 10 години, денот кога нашите македонски јунаци, припадници на Министерството за внатрешни работи ги положија своите животи во жестокиот судир за одбрана на нашата татковина“, истакна министерот Тошковски.
„Македонија загуби осум свој синови, луѓе со имиња, семејства и соништа. Тоа беа луѓе кои облекоа униформа не поради должност, туку поради верба дека Македонија колку и да е мала, заслужува мир, безбедност, а пред и над се достоинство! Нивната жртва не е само симбол на трагедија. Таа е симбол на храброст и љубов кон татковината“, заклучи градоначалникот Стефковски.
„Во знак на длабока почит и сеќавање, по повод 10-годишнината од трагичните настани во Диво Насеље, беа пуштени 8 бели балони кон небото – симбол на чест, мир и благодарност. На секој балон беше испишано името на еден од нашите херои кои го положија својот живот за татковината.
Овој чин е тивка, но моќна порака дека нивната жртва не е заборавена. Белите балони го прободеа небото како симбол на нивната вечна слобода и нашата трајна должност да се сеќаваме.
Нека се издигне нашето сеќавање – нека лета нивната храброст!“, соопшти општина Гази Баба.
Македонија
(Видео) „Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината“, кажа Манасиевски

„Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи, која не била обична виза, туку златна виза, која ја користел за преговори со болница. Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината на оваа. Венко Филипче на 9 мај 2025 година признава дека поседува златна виза за Дубаи, а само неколку недели пред тоа, на 25 април 2025 година, истиот тој Венко Филипче, демантира дека поседува виза за Дубаи“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Чиракот учи од мајсторот за лаги Заев. Во стилот на Заев, денес едно, утре друго. Но, најважното коешто Филипче треба да го одговори пред јавноста е следново:
-Како се добива златна виза за Дубаи, за преговори? Впрочем, нели немал виза и сето ова што ние го говоревме претходно било пропаганда?
-Кои се тие преговори кои Филипче ги има спроведувано и во која фирма? Дали како партиски функционер, пратеник или пак министер?
-Која е приватната болница со која што Филипче има преговарано?
-Дали тука станува збор за бизнис?
-И дали Филипче ќе ја покаже во јавност визата?
Филипче со месеци молчеше за визата, мислејќи дека народот ќе ја заборави. Прашањето исто така е зошто ја криеше?
Венко Филипче е класичен манипулатор и човек кој нема образ и нема срам да ги лаже македонските граѓани. Венко Филипче е човекот поради кого македонското општество е на колена.
Венко Филипче е најдобриот ученик на криминогениот Зоран Заев.
Венко Филипче и СДС се синоним за неспособност, криминал и корупција“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Директорот на Управата за животна средина: Ќе се извезува коварината која настанува при производството на челик, се отвора патот за системско чистење на индустрискиот отпад

Директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски извести за значаен чекор кон еколошки почиста иднина: Макстил во соработка Arcelor mittal -BMS од Шпанија најголемата топилница во Европа успеаја да ја извезат коварината односно индустрискиот отпад кој настанува при производството на челик.
Овој процес се заснова на циркуларната економија – пристап кој овозможува искористување на отпадот како нов ресурс, наместо негово уништување. Со правилно управување и процесирање коварината се трансформира во вредна секундарна суровина, намалувајќи го негативниот еколошки отпечаток и придонесувајќи кон одржлив развој, при што целосно се елиминира влијанието врз животната средина.
Со овој значаен проект во Република Македонија се отвора патот за системско чистење на индустрискиот отпад! Овој успех е важен не само за Макстил, туку и за целата земја, како дел од заложбите за еколошки одржлива иднина, велат од Управата за животна средина.
Министерството за животна средина го поздравува овој проект и останува посветено на креирање услови за ефикасно управување со индустрискиот отпад во Република Македонија.