Македонија
Почна протестoт и на ГДОМ
Истовремено со протестот на приврзаниците на опозицијата кои бараат ставка од претседателот Ѓорге Иванов и формирање експертска влада, околу 19 часот започна и протестот на од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) главно приврзаници на владејачката парија, кои, исто така се противат на одлуката на шефот на државата да ги запре сите процеси за политичарите и од власта и од опозицијата.
Протестот на ГДОМ се одвива под мотото „Од судот се спасивте, од народот нема“, како и претходниот ден кога масата протестираше пред седиштето на најголемата опозициска партија СДСМ, против аболицијата на опозицискиот лидер Зоран Заев и поранешниот директор на Управата за државна безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски.
Според најавите, по собирот пред зградата на Црвениот крст, демонстрантите ќе се упатат пред седиштето на СДСМ каде мирниот протест треба да заврши.
Поддржувачите на протестот на ГДОМ се залагаат за одржување на предвремените парламентарни избори на чие одржува се противи опозицијата, според којашто не се создадени услови за слободно изјаснување на избирачите.
Пред два дена, паралелно со протестите на приврзаниците на опозицијата, движењето ГДОМ го започна протестот на кој го изразува своето незадоволство од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да бидат аболицираат претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, кои, според нив, со нелегалното прислушување ја загрозиле безбедноста на државата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.