Македонија
Блокадите на крстосниците не им се допаѓаат на скопјани
Три крстосници во централното подрачје на Скопје, во средата, речиси еден час беа блокирани од поддржувачи на граѓанското движење „Протестирам“ и на Шарената револуција, со цел да им се предочи на граѓаните како со години наназад се блокирани државните институции.
Организаторите апелираат за трпение и разбирање од граѓаните коишто напладне на кратко беа заглавени во сообраќајот во Скопје.„Шарената револуција продолжува да делува и блокадата е симболичен начин да се покаже дека ова што денеска се случува на улиците низ Скопје, истото тоа се случува во институциите во Македонија. Револтот ќе продолжиме да го изразуваме се до ултимативниот рок на 18-ти јуни. Сé уште веруваме дека постои мирен начин за решавање на кризата, меѓутоа мораме да делуваме со вакви форми за да им доловиме што се случува на сите граѓани во државата кои немале шанса да ги слушнат бомбите од лидерот на опозицијата и кои не го почувствувале притисокот од државните институции на сопствената кожа“, реч Александар Богоевски.На прашањето што по 18-ти јуни, Богоевски рече дека нема да се престане со протестирање, токму напротив, тогаш ќе настапат големи промени во Македонија.„По 18-ти, мислам дека следуваат големи промени во Република Македонија. Револуцијата нема да заврши со заминувањето на Никола Груевски од власт. Ниту ќе замине со исполнување на трите брања кои засега ги поставуваме како ултиматум. Во оваа држава треба да се направат многу промени. Законите се одлични, но мораме да почнеме да ги почитуваме. Не станува збор за избори, станува збор за криминалот кој се случува во оваа држава и за којшто граѓаните плаќаат даноци и сакаат сѐ да излезе на виделина и да видат транспарентен судски процес“, рече Богоевски.Активистите со шарени бои испишаа порака на асфалтот „Раскрстивме со вас!“ Напладне активистите на Шарената револуција и движењето „Протестирам“ блокираа три крстосници во Скопје кај Соборен храм, кај Судска палата и кај Црвен крст.Протестите главно минаа мирно, освен помал инцидент во кој моторџија упадна на блокадите и почна да ги пцуе и навредува граѓаните што протестираа. И кај Црвен крст, граѓанин на велосипед ги пцуеше собраните што ги блокираа крстосниците и им порача да си одат дома, но тој не застана туку продолжи по улицата.Крстосниците беа блокирани со возила на активистите, но и на истакнати членови на опозициската СДСМ, кои врз регистарските таблички имаат залепено хартија на која пишува „Шарена револуција“ во различни бои. Забележително на блокадата кај Црвен крст беше и тоа што поминаа три амбулантни возила од кои едното од Детската клиника, кои мораа да возат по тротоарите и да ја заобиколат блокадата. Крстосниците ги обезбедуваа десетина полицајци, кои по заминувањето на демонстрантите го воспоставуваа редот во сообраќајот./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

