Контакт

Манифестации

Отворена манифестацијата „Крушево етно – град 2014“

Објавено пред

Манифестацијата „Крушево етно – град“ беше отворена во петок вечер на градскиот плоштад во Крушево.

dobivaj vesti na viber

„Сакај го својот град. Градот тоа си ти“ – со овие зборови градоначалникот на Крушево, Ѓорѓи Дамчески ги повика крушевчани масовно да се придружат во етно четите, преку костимирање во облеките кои ги носеа нашите претци, зошто тие се дел од нашето минато и традиција.

 

Присутните уживаа во маестралниот настап на квартетот „Македонска душа“, под водство на Зоран Џорлев, кој придружуван од Бајса Арифоска, Ратко Даутовски и Наско Џорлев,  на одличен начин не потсетија на изворната и староградска македонска песна.

 

Денеска во 11 часот во Галеријата „Никола Мартиноски“ студентите од Технолошко – техничкиот факултет од Штип, ќе одржат работилница за изработка на староградска носија „А ла франга“. Во 12. 30 часот во копаничарската работилница под менторство на протомајстор – копаничар, претседателот на здружението на копаничари на Македонија – Битола, м-р Злате Крстески ќе се одржи работилница за копаничарство и длабок рез.

 

Вечер на градскиот плоштад „Никола Мартиноски“ во 20.00 часот, ќе започне ревија на староградски костими.

 

„Етно – градот“ пред две години започна традиција на свечено доделување на плакети на сите оние кои дале значаен придонес за зачувување и афирмација на македонската култура и традиција. Првата година добитници беа Јанко и Жаклина Узунови, минатата година Сузана Спасовска, а годинава плакета ќе и се додели на Захаринка Милосављевиќ. По тој повод Захаринка вечерва ќе запее пред вљубениците во „етно – градот“ и ќе ги потсети на дел од многубројните песни кои ги испеала и на тој начин, засекогаш ќе останат дел од нашиот фолклор.

 

Вечерта ќе се заокружи со настап на десетчлениот бенд „Аксак фанфар“. Овој извонреден бенд доаѓа од градот Лион – Франција, и во рамките на „Етно – градот“ ќе се свири и пее македонски народни песни.

 

Манифестацијата „Крушево етно – град“ се одржува по шести пат и е поддржана од страна на Министерството за култура на Република Македонија, Националната Установа „Историски музеј“ Крушево и Општина Крушево и ќе трае до 31-ви јули 2014 година.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија52 минути

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа1 час

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет1 час

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет2 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет2 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет2 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа3 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет14 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет16 часа

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет19 часа

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет20 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет22 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет23 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет23 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет1 ден

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет1 ден

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет1 ден

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија2 дена

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија2 дена

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...