Забава
Стаклената куќа од ‘Слободниот ден на Ферис Буле" продадена за милион долари
Стаклената куќа којашто стана позната во светот благодарејќи на филмот „Слободниот ден на Ферис Булер” од 1986 година е продадена за малку повеќе од милион американски долари, пишува весникот Тhe Chicago Tribune.
Оваа модернистичка куќа со стаклена гаража се наоѓа во предградие на Чикаго наречено Хајленд Парк, Стана позната откако во една сцена до филмот, Булер кого го глуми Метју Бродерик, излета со „ферари” низ стаклениот ѕид на гаражата.
Куќата се простира на 500 квадратни метри со гаража се продава веќе пет години и првично нејзината цена беше 2,3 милиони долари. Откако немаше заинтересирани купувачи, нејзината цена подоцна беше намалена на 1,06 милиони долари по која и е продадена./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Кејт Мидлтон има нова фризура, токму онаа која што жените ја обожаваат

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон се појави на тридневна посета на шкотскиот остров Мал во поинакво руво и воодушеви со промената. Станува збор за нова фризура која совршено ѝ стои, а се забележува на прв поглед.
Кејт беше во посета на островот со својот сопруг, принцот Вилијам, и беше во одлично расположение.
Иако претходно беше бринета со темно кафеава коса, очигледно е дека одлучила да додаде посветли прамени на косата. Иако новата фризура не е агресивна – напротив, е многу суптилна, на дневна светлина е јасно дека Кејт сега малку се наклонува кон русокосите.
Многумина се прашуваа дали ова е во согласност со правилата на кралското семејство, а достапните информации велат дека боењето на косата не е официјално забрането, но дека изгледот треба да биде соодветен, бидејќи дури и најмалата промена може да се смета за отстапување од стандардот.
Забава
Четири хороскопски знаци ќе имаат најголема среќа во мај

Мај е месец кој носи многу нови почетоци и свежи можности на секој чекор. Додека потоплите денови носат оптимизам, ѕвездите подготвуваат и особено поволен период за некои хороскопски знаци.
Подолу, откриваме кои хороскопски знаци ќе имаат најголема среќа во текот на мај – во бизнисот, љубовта и личниот живот.
Бик
За Бикот, мај ќе биде вистински период на личен процут. На работа ќе им се отворат нови можности за напредување, додека во приватниот живот ќе доживеат хармонични односи и чувство на длабоко задоволство.
Финансиските добивки и посебното признание нема да недостасуваат, а многу Бикови ќе се чувствуваат постабилно и посигурно од кога било.
Близнаци
Влегувајќи во втората половина од месецот, Близнаците ќе почувствуваат наплив на енергија и инспирација. Нивната комуникација ќе биде исклучително силна, што ќе им помогне да склучат нови пријателства, деловни познанства и потенцијални љубовни врски.
Мај ќе им донесе и неколку среќни случајности – како што се изненадувачки понуди, неочекувани патувања или наоѓање решенија за стари проблеми. Чувството на леснотија и весел дух ќе бидат нивниот најголем сојузник.
Рак
Раковите ќе доживеат позитивни промени на емоционално ниво во мај. Нивната интуиција ќе биде особено изразена, овозможувајќи им да донесат правилни одлуки во вистинско време.
Во љубовта ги очекуваат моменти на топлина и разбирање, а семејните односи дополнително ќе се зајакнат. На финансиски план, можни се помали, но значајни победи, кои ќе им го разубават секојдневниот живот и ќе им дадат поттик за идните планови.
Вага
За Вагите, мај носи долгоочекувана рамнотежа помеѓу работата и личниот живот. Нивните напори во изминатите месеци конечно ќе бидат препознаени, а многу Ваги ќе уживаат во заслужени награди и признанија.
Љубовните врски ќе цветаат, а слободните би можеле да сретнат личност која ќе внесе свежина и возбуда во нивните животи. Што и да започне Вагата во мај, ќе има добра основа за долгорочен успех.
Забава
Триесетгодишна девојка раскажа зошто одлучила да остане сама, нејзиното видео стана вирално

Тиктокерката Пат М., 31-годишна милениумка од Чикаго, предизвика многу дискусии на социјалната мрежа кога ја сподели причината зошто одлучила да остане сама.
И додека на социјалните мрежи често се романтизира идејата дека некој треба да биде во врска до триесеттите години, Пет, која работи во корпоративниот сектор, решила да се фокусира на себе. Нејзината објава од 22 јануари, во која таа појасни дека нејзината одлука нема никаква врска со пребирливоста, туку со промена на фокусот од нејзиниот љубовен живот кон личен развој, досега е прегледана повеќе од 721.000 пати и „лајкувана“ повеќе од 103.000 пати.
На видеото Пет седи во автомобил и искрено зборува пред камерата за неодамнешниот разговор со татко ѝ (63), кој ја прашал дали станува препребирлива во љубовта со годините.
@patoxplomo Being single is not a problem 🫶🏽 it’s a gift right now #fyp #fypage #fypシ #foryoupage #relatable #dating #single #relationship ♬ growth – Gede Yudis
„Имам 31 година и решив да останам сама засега. Имам стандарди, а тие не се високи. Не барам ништо од маж што не можам сама да си го обезбедам“, објаснила таа.
Нејзиното видео силно одекна, особено меѓу жените, бидејќи Пат нагласила колку вложила во сопствениот емотивен развој преку психотерапија и едукација и дека очекува тоа да го направи и потенцијалниот партнер.
„Со години се образовав, градев кариера и се развивав, а сето тоа во свет во кој како жена на почетокот сум во неповолна положба. Ако вие како маж веќе почнувате со предност, тогаш нема оправдување зошто не можете барем да бидете на исто ниво како мене“, вели таа.
Коментарите бргу почнаа да се појавуваат, при што многу жени споделуваа свои искуства и поддршка.
„Познавам успешни жени во четириесеттите, кои сè уште го кажуваат истото тоа“, „Бев сама речиси цела триесетта! Од 30 до 38. Сродната душа ја запознав на 38, се оженив на 39 и добив дете една недела откога наполнив 41 година. Не задоволувај се со помалку! Знај си ја вредноста!“, ѝ напишаа.
„Жените растат на прекрасни начини и јас сум среќна што сум дел од тоа“, заклучи Пат.