Европа
Минхен: Во трговскиот центар најдени девет тела, приврзаниците на IS слават
Девет тела на убиени се најдени во трговскиот центар „Олимпија“ во северозападниот дел од Минхен, меѓу кои можеби е и еден од напаѓачите, соопшти полицијата на баварската престолнина, пренесуваат агенциите.
Претходно беа потврдени шест жртви. Полицијата уште не го квалификува нападот во Минхен како терористички чин.
„Морам да соопштам дека бројот на загинатите се зголеми на осум… Во близина на трговскиот центар најдовме тело на загинат маж. Судејќи според сé, неговата смрт била насилна. Во моментов проверуваме дали тој има поврзаност со она што се случи на тоа мести… Морам да потврдам дека бројот на загинатите е осум“, изјавил за новинарите портпаролот на полицијата на Минхен, пренесува агенцијата РИА.
Засега полицијата вели дека нема знаци на поврзаност со „исламскиот тероризам“, но во медиумите се појавија информации дека можеби зад нападот стојат ултрадесничарски елементи, бидејќи наводно еден од напаѓачите на чист германски јазик викал „Јас сум Германец“.
Во меѓувреме приврзаниците на сунитската терористичка мрежа Исламска држава (IS) слават на социјалните мрежи за настаните во Минхен.
„Фала му на Бога, Бог нема им донесе напредок на нашите луѓе од Исламската држава“, се наведува во една од пораките на профил наклонет на џихадистите, пренесува Reuters.
„Исламската држава се шири во Европа“, стои во пораката на друг профил кој ја поддржува Исламската држава.
Според првичните сознанија, во нападот имало тројца мажи вооружени со јуришни пушки. Полицијата објави дека две лица уште се на слободат и оти трага по нив.
Во Минхен од петокот вечерта се спроведува специјална операција со силни полициски единици, а градот го надлетуваат хеликоптери. Жителите и странците се повикани да останат во своите домови или на безбедно на местата на кои се нашле додека градскиот транспорт повторно не биде воспоставен.
„Сведоците соопштија дека еден маж се застрелал самиот. Има ранети, можно е и да има повеќе загинати“, рекле полициски извори.
Станува збор за трет голем напад врз цивили во западна Европа во осум дена. За претходните напади во Франција и во Германија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Бурата Клаудија ја пустоши Европа, неколку земји најтешко погодени: маж загина додека спасуваше сосед
Најмалку три лица загинаа, а неколку се водат за исчезнати откога бурата Клаудија погоди делови од Европа. Во Франција десетици пожарникари бараат човек што беше однесен од ненадејни поплави. Во Италија екстремни временски услови го погодија централниот и северниот дел од земјата, а властите прогласија вонредна состојба и ги затворија училиштата.
Застрашувачките сцени се снимени во департманот Ардеш во Франција. Алармиран од зголемувањето на нивото на реката пензионер слегол долу за да го премести својот автомобил. Сепак, возилото било однесено од ненадејните поплави, а сопственикот исто така паднал во водата. Веднаш била почната голема операција, во која учествувале 60 пожарникари, дрон и десет нуркачи. Сепак, телото на жртвата не е пронајдено, а спасувачите веруваат дека шансите тој сè уште да е жив се исклучително мали.
Un septuagénaire a été emporté par une rivière en crue en Ardèche alors placé en vigilance orange pluie inondation. Seule la carcasse de sa voiture a été retrouvée. Plus de 110 sapeurs-pompiers et gendarmes sont mobilisés pour le retrouver.
🎥 @AlexMuffon 🎙️@TPallordet pic.twitter.com/IcZ4ykNrfj
— M6 Info (@m6info) November 17, 2025
Проблеми се појавија и во департманот Дром, каде што огромен бран кал го зафати градот со 2.000 жители. Во тоа место за два дена паднала двомесечна количина дожд.
Во регионот Фриули во Италија еден рид се урна и уништи три згради. Тони земја проголтаа 83-годишна жена и 32-годишен маж. Сведоците рекоа дека мажот починал додека се обидувал да ја спаси.
17.11.2025#Italy
A state of emergency has been declared in the Friuli-Venezia Giulia region due to flooding and landslides.A landslide washed away three houses in Brazzano di Cormons. 150 mm of rain fell. Homes and infrastructure were flooded.There are fatalities.@vigilidelfuoco pic.twitter.com/AdMH2C0lse— Climate Review (@ClimateRe50366) November 17, 2025
Во целиот регион неколку градови беа поплавени од надојдените реки. Повеќе од 300 луѓе беа евакуирани со чамци или спасени со хеликоптери од покривите каде што се засолниле.
фотo: принтскрин
Европа
Русите го нападнаа Харков преку ноќ: убиена 17-годишна тинејџерка, 16-годишно момче меѓу ранетите
Седумнаесетгодишна тинејџерка беше убиена, а девет други беа повредени во руски ракетен напад извршен ноќеска врз регионот Харков во источна Украина, изјави шефот на државната администрација на Харков, Олег Синегубов.
Девојката беше тешко повредена во нападот, а подоцна им подлегна на повредите во болница, додаде Синегубов.
Тој рече дека меѓу повредените е и 16-годишно момче, објави Укринформ.
1/
⚡️Russian missile strikes Kharkiv Oblast, killing teenage girl, injuring 9.A seventeen-year-old girl was killed and nine others were injured in an overnight Russian missile attack on the city of Berestyn in Kharkiv Oblast on Nov. 18, regional authorities said.… pic.twitter.com/m4GzjQEFsj
— Lew Anno Support#Israel #Ukraine 24/2-22 (@anno1540) November 18, 2025
Синегубов објави на Телеграм дека седум лица се хоспитализирани со повреди од рускиот напад врз градот Берестин во регионот Харков.
Нападот се случи еден ден по рускиот ракетен напад врз градот Балаклија, при што загинаа три лица, а ранети се уште 15, меѓу кои три деца.
Руските сили ја интензивираа својата офанзива во регионот Харков оваа година, што доведе до зголемување на нападите врз градови и села подалеку од линијата на фронтот.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски во Турција в среда, пристигнува и човекот на Трамп: се очекуваат разговори со Виткоф
Специјалниот американски претставник Стив Виткоф утре ќе ја посети Турција и ќе им се придружи на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави денес „Ројтерс“ повикувајќи се на турски извор.
Зеленски претходно изјави дека планира да замине за Турција в среда по денешната посета на Шпанија.
Зборувајќи за претстојните состаноци со шпански и турски претставници, Зеленски во објава на „Фејсбук“ рече дека приоритет на Украина е да ги обнови мировните преговори и да ја заврши војната што е можно побргу.
Зеленски рече дека Украина исто така работи на продолжување на размената на затвореници со Русија.
Тој нагласи дека средбата со шпанските претставници долго се подготвувала и дека Киев очекува уште една силна земја да помогне во приближувањето на крајот на војната.
Зеленски в понеделник ја посети Франција, која ја нарече една од најпродуктивните оваа година, а Елисејската палата објави дека Украина ќе купи до 100 авиони „рафал“, опрема за воздушна одбрана и беспилотни летала од Франција.
фото: принтскрин

