Македонија
Јолевски: Македонските бранители никогаш нема да бидат заборавени
Делегација на Владата предводена од министерот за одбрана Зоран Јолевски, како и делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија положија во понеделникот венци со свежо цвеќе пред спомен-плочата во месноста Карпалак и пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.
„Денес е тажен ден за Република Македонија, тажен ден за семејствата, тажен ден за сите нас. Ден на кој со голема тага и болка во душата ја одбележуваме петнаесетгодишнината од масакрот кај Карпалак. 15 години болката и тагата не потсетуваат за загубата на нашите колеги, татковци, синови и сопрузи кои засекогаш ќе живеат во нашите срца и никогаш нема да бидат заборавени“, истакна министерот Јолевски во своето обраќање во Прилеп.
Чест ми е да оддадеме почит и да се поклониме пред споменикот на нашите бранители кои застанаа на браникот на татковината во одбрана на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет, посочи министерот за одбрана. Јолевски притоа додаде дека загубата на бранителите вечно ќе потсетува дека слободата на татковината нема цена, и оти наша должност е да продолжиме да оддаваме почит на делото и на жртвата на нашите бранители.
Градоначалникот на градот Прилеп, Марјан Ристески во своето обраќање истакна дека Прилеп „денеска со големо достоинство чествува во името на нивната храброст и херојство. Болката за нивната прерана смрт не може да се потисне ни по 15 години. Со оваа заедничка средба, стоејќи пред нивниот споменик докажавме дека тагата не сплотува и не прави посилни и дека никој не може да не оттргне од нашата намера да ја сакаме и браниме нашата земја.
На денешното одбележување во Прилеп присутните со едноминутно молчење оддадоа почит и кон трагично загинатите граѓани кои ги загубија своите животи во невремето кое го зафати скопскиот регион.
Во текот на денешниот ден министерот Јолевски ќе ги посети и подрачјата зафатени од неодамнешното невреме во тетовскиот регион./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

