Македонија
Јолевски: Одлична соработка меѓу МО и собраниската Комисија за одбрана и безбедност
Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски во понеделникот во просториите на Домот на АРМ остварија традиционален работен ручек со претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Емил Димитриев и останатите нејзини членови, на кој беа констатирана одличната соработка меѓу двете тела.
„Имаме одлична соработка со Комисијата и постојано сме во контакт, меѓутоа сметаме дека е добро еднаш на крајот од годината да имаме ваква заедничка средба со сите членови и да разговараме неформално во Домот на армијата“, истакна министерот Јолевски.
Целта на традиционалната средба е размена на мислења и ставови поврзани со одбранбените реформи и проекти во Министерството за 2015-та година, како и плановите за 2016-та година.
Во тој контекст, претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието, Емил Димитриев порача дека соработката помеѓу извршната и законодавната власт е од интерес на сите.
„Законодавната и извршната власт кога соработуваат е од заеднички интерес, бидејќи големите проекти кои бараат собраниска процедура е добро да бидат разговарани во една ваква атмосфера и при седниците на Комисијата да имаме што е можно повеќе информации, за нашите колеги пратеници да одлучуваат соодветно“, истакна Димитриев, додавајќи дека на средбата се сумираат резултатите од годината која завршува и се разговора за приоритетите за наредната година./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

