Забава
Наполеоновата кошула на аукција во март
Личните предмети на францускиот император Наполеон Први, како што се кошула, навлака за ракави, облоги, коишто внимателно ги чувал неговиот личен слуга, ќе бидат понудени на наддавање на 23-ти март во Фонтенбло, во парискиот департман.
„Тоа е многу возбудливо. Го допираме животот на царот, во најличните и најинтимните детали“, вели за AFP аукцискиот извршител Жан-Пјер Осенат.
Спомените на заточението на Наполеон на британскиот остров Света Елена и неговата смрт на 5-ти мај 1821 година во Франција ги пренел Ашил Аршамбол, кој живеел од 1792 до 1858 година, кој влегол во служба на императорот и прво бил одреден да се грижи за коњите, а на крајот станал негов личен слуга. Наполеон по поразот од 18-ти јуни 1815 година во битката кај Ватерло, бил заробен од Британците и заточен на островот Света Елена каде и што починал, а според некои теории таму бил систематски труен.
Предметите коишто ќе бидат понудени на наддавањето останале до денес во сопственост наследниците на Аршамбол. Биле чувани во ковчег во мало селце на Корзика, од каде што инаку потекнува Наполеон, додава Осенат.
Највредниот предмет, како што се смета, кошулата од батист којашто Наполеон ја носел на 4-ти мај 1821 година, ден пред да почине, е проценета меѓу 30 и 40 илјади евра. Аукциската куќа Osenat во најавата проценува дека на кошулата се забележливи дамки од ‘рѓа, мали закрпи и голема трага најверојатно од пот, можен знак за тешкотии на пациент.
Навлаките за ракави коишто Наполеон ги носел во времето на смртта на 5-ти мај квечерината, исто така, ќе бидат понудени на аукцијата и се проценети на меѓу 8 и 10 илјади евра.
Аршамбол, исто така, сочувал и облоги од батист, исечени од една кошула, со коишто се освежувало челото на Наполеон која на 3-ти мај му се влошиле симптомите. Тие се проценети меѓу три и пет илјади. Меѓу другите понудени предмети од егзилот на Наполеон, колекционерите ќе можат да купат и две шамичиња, режач за хартија и бастун со дршка од слонова коска.
Ашил Аршамбол бил „најверен од верните“ кој останал крај Наполеон во текот на неговата агонија и единствениот кој плачел за време на аутопсијата, според сведочењата во британските историски архиви, истакнува Осенат и додава дека Аршамбол ја држел главата на покојникот во текот на земањето отпечаток за славната посмртна маска. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

