Забава
Загреб го доби првото анти-кафуле

Првото анти-кафуле наречено „Лутајучи сат“ е отворено во понеделник во Загреб.
Посебноста на ова кафуле е во тоа што таму не се плаќаат производите, туку времето што таму го поминувате. Како што пишува на почетната страница на кафулето, “кафето, чајот и колачињата се вклучени во цената, а послугата е всушност самопослуга, така што не мора да го викате келнерот“.
На влезот добивате картичка, а плаќате на излезот и тоа 20 липи за една минута кои ќе решат да се зачленат, односно 25 липи по минута за нечленовите, што значи дека еден час поминат во „Лутајучи сат“ ќе чини 12, односно 15 куни(околу две евра).
Просторот е поделен на три простории, кујна, дневен престој и таван, а тука е и терасата на која е дозволено пушење.
На страницата пишува: На Трешњевка кај свртувалиштето на трамвајот се смести првото загрепско анти-кафуле каде што сè е бесплатно, освен времето поминато таму. Пријатен мал простор на првиот кат доловува вистинска идила: нема стриктни правила, однесувајте се како да сте дома или кај добар пријател. Сместете се во фотелја, просурфајте на лап-топ или одиграјте социјална игра. Дружете се или читајте книга. Можете деури да ги организирате и сопствените настани, од социјалните игри до предавања или едукации.
Кафето, чајот и колачињата се вклучени во цената. Послугата е самопослуга, така што не мора да го викате келнерот, туку сами направете си и уживајте. Ако сте гладни, донесете храна со себе или нарачајте нешто. Во просторот нема алкохол и пушење.
Значи, сопствениците играат на картата на „домашна атмосфера“, а дали кафулето вистински ќе заживее, ќе покаже времето. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.