Македонија
Облачно време со сончеви периоди и умерен северен ветер

Променливо облачно време со сончеви периоди. Локално ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Дневните температури ќе се движат од 4 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 11 степени. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче до граѓаните: Вашата сила е во гласањето, покажете ја во недела

Вашата сила е во гласањето! Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела! Со масовно излегување на гласачките места. Со вашиот глас да пратите силна порака затоа што на Македонија ѝ се потребни промени, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на митинг во Крива Паланка.
Пред граѓаните, Филипче се заблагодари за масовната поддршка и јасно порача дека Македонија стои пред избор, дали ќе дозволи нашиот дом власта да продолжи да го руши цигла по цигла, или народот ќе се обедини за да го зачува.
„Ова не се обични локални избори. Во недела одлучуваме дали ќе ја вратиме правдата, достоинството и чесноста во нашата земја. Одлучуваме за иднината на секое семејство, за сигурна иднина на младите, за држава во која трудот се цени, а не партиската книшка“, истакна Филипче.
Тој потенцираше дека СДСМ е партијата која секогаш ја водела Македонија напред, со конкретни политики и дела, а не со лаги и манипулации.
Македонија
Мицкоски повика на масовна излезност: Гласајте за партии што можат да менуваат, а не за мали групи што профитираат од вашите гласови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повика граѓаните на масовна излезност в недела и истакна дека на овие избори се избира меѓу две опции – една која, како што рече, ја враќа Македонија назад, и другата – понудата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која нуди вистински избор и напредок.
„ Јас ги повикувам граѓаните да излезат и масовно да гласаат бидејќи ако не излезат и ако не гласаат тогаш некој друг ќе профитира од сето тоа, граѓаните ќе се движат на бранот којшто некој ќе го креира. Затоа првично ги повикувам сите граѓани масовно да излезат и да гласаат по сопствено убедување. Да не биде дека јас сум претенциозен и дека го гледам својот партиски интерес, само излезете и гласајте по вашето сопствено убедување. “ рече Мицкоски во гостување на „Сител“.
Тој дополнително порача и дека граѓаните треба да гласаат за политички партии кои можат да менуваат, а не за помали партии кои се мала група што профитира од гласовите на граѓаните. Според него, ако граѓаните го послушаат разумот и срцето, во огромно мнозинство ќе го заокружат бројот 9 и ќе ја поддржат коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Шабан Салиу: Децата во Шуто Оризари заслужуваат современо и модерно основно училиште

Кандидатот за градоначалник од Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу најавува силен фокус на образованието, културата и идентитетот на ромската заедница, со порака дека „Шуто Оризари е приказна што ја пишуваме заедно“.
„Тоа е ромскиот идентитет, тоа е ромската музика, тоа е смеата на децата што трчаат по нашите маала. А нашите деца заслужуваат многу повеќе,“ порачува Салиу, нагласувајќи дека достоинството на заедницата започнува со квалитетни услови за учење.
Салиу зборува и за својата образовна визија како градоначалник на оваа скопска општина.
„Заслужуваат современо и модерно основно училиште — модерни училници, дигитална опрема и услови за квалитетно образование на секое дете. Заслужуваат специјализирани простории за музичка, ликовна и техничка настава. Време е сонот да стане јаве, да стане наше секојдневие — генерација по генерација,“ порачува Салиу.
Повикувајќи на заедничка одговорност и работа, Салиу истакна: „Драги мои, да покажеме дека Шуто Оризари не моли — Шуто Оризари работи. Тоа е мојата задача. Тоа е нашата победа.“