Македонија
Брачен пар Роми доби пресуда на суд за дискриминација
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е задолжено да плати надомест на штета на двајца Роми (брачен пар), на кои не им било дозволено да ја напуштат државата за да го посетат своето семејство во странство.
Ромите биле застапувани од страна на Македонското здружение на млади правници, со поддршка од Европскиот центар за правата на Ромите.Пред две години, брачниот пар Мухадинови заедно со своите внуци тргнале на патување за да го посетат семејството кое живее во Швајцарија. Тие биле единствените патници во автобусот на кои покрај пасошите им биле побарани дополнителни документи. Брачниот пар ги имал сите документи, односно повратни билети, гарантно писмо, како и 2.000 евра во готово. Сепак, не им било дозволено да ја напуштат државата и автобусот заминал преку границата без нив.Судијата во конкретниот случај нашол дека брачната двојка била жртва на расна дискриминација и дека уставно загарантираното право на слобода на движење и напуштање на државата им било прекршено.Основниот суд Битола го задолжил Министерството за внатрешни работи да ја надомести штетата во износ од 30.000 денари за секој од тужителите посебно. Се очекува Министерството да ја обжали пресудата.„Повеќето од нас Европејците се на мислење дека запирањето на луѓето да излезат од својата држава заврши со падот на Берлинскиот ѕид“ – изјави Адам Вајс, директор на правниот сектор на ЕРРЦ. Меѓутоа не за Ромите, за кои ова е најочигледниот начин на нивно претворање во граѓани од втор ред.„Ја поздравуваме одлуката на Основниот суд Битола, која ја следи позитивната пракса на Основниот суд Скопје 2 и Апелациониот суд Скопје. Ова е втор случај поддржан од Македонското здружение на млади правници каде судот утврдил дискриминација и повреда на правото на еднаков третман по основ на етничка припадност. Одлуката е од особено значење земајќи во предвид дека го засега и правото на слобода на движење на ромската популација, како и системската дискриминација во Република Македонија во последните четири години“ – изјави Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ, проектен менаџер во МЗМП.Европскиот центар за правата на ромите им напомена на македонските власти пред повеќе од една година дека ваквото постапување е противуставно./крај/мф
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

