Економија
ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,5 отсто
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува растот на македонската економија во 2014 година да зајакне и да изнесува 3,5 отсто, а ставовите на финансиската институција за состојбите во макроекономијата се многу блиски со оние на македонските власти.
Ова беше истакнато во понеделникот на прес конференција во Скопје по повод завршувањето на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во Македонија, која траеше две недели.„Порастот на македонскиот БДП во 2014 година се чини остварлив. Зголемувањата на бројот на вработени и зголемени е плати во јавниот сектор и пензиите ќе ја поддршат потрошувачката, а инвестиците ќе бидат покрената од крупни прокети во инфраструктурата “, рече шефот на мисијата на ММФ, Ивана Влаткова Холар.Таа констатираше дека надворешната побарувачка расте, а најголем ризик за македонската економија останува можноста да забави растот во развиените европски земји кои што се главни трговски партнери на земјата, но и евентуалниот пораст на некои суровини, како на пример нафтата што се увезува во Македонија.Влаткова Холар сугериреша дека фискалната политика треба да се фокусира на одржување на таргетот за буџетскиот дефицит од 3,5 отсто од БДП, што е од особена важност за да се задржи одржливоста на долгот.Мисијата на ММФ оцени дека монетарната политика е добро поставена кон одржувањетро на фиксниот курс и ценовната стабилност и не препорачува натамошно олабавување на монетарната политика. Монетарците дури сметаат дека би требало да се зголеми референтната каматна стапка доколку има притисок врз девизните резервни. Според Влаткова Холар пазарот на труд останува отворено прашање и намалување на невработеноста треба да се врши преку поттикнување на соработката меѓу странските и домашните компании, како и да се применат нови вештини и технологии.Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески констатираше дека ставовите на мисијата на ММФ и на македонската влада се речиси идентични во однос на поставеноста на макроекономските политики и изгледите за растот на македонската економија „Македонската економија има добар тренд на пораст. Минатата 2013 ја завршивме со 3,1 процент, а за годината очекувањата се дека тој ќе стигне до 3,5 проценти, што е над првичните проценки вметнати во Буџетот од 3,2 проценти“, изјави Ставрески. Тој оцени дека растот на македонската економија ќе биде добро избалансиран меѓу инвестициите и потрошувачката.„Инвестициите главно ќе бидат поддржани со крупните инфраструктурни проекти, а зголемувањето на платите во јавната администрација и пензиите ќе ја ќе ја стабиизираат личната потрошувачка и тоа ќе биде основа за поизбалансиран раст во текот на оваа и следните години“, истакна вицепремиерот.
Тој изрази уверување фискалната политика е добро поставена и дека владата е подотвена со своите политики да го одбрани проектираниот дефицит од 3,5 проценти.
„Буџетскиот дефицит ќе се финансира со комбинација на домашно и надворешно задолжување, при што ќе ги имаме в предвид движењата на пазарот на капитал. Во моментот тие се поволни“, рече СтаврескиИ гувернерот на НБРМ, Димитар Богов се согласи дека централната банка и ММФ имаат слични видувања за трендовите во македонската економија
„Монетарната политика ќе продолжи да се фокусира на стабилноста на девизниот курс на денарот и оти заедно со фискалната политика ќе биде фокусирана да ја одржи македонската економија во рамнотежа“, рече Богов
Тој информираше дека нивото на девизните резерви во последните 30 дена има тренд на пораст и дека се очекува така да продолжи во наредниот период, со оглед дека престои период од сезонски аспект кои ги зголемуваат девизните резерви.
„Нашето видување дека оној пад на девизните резери кој беше очекуван во првиот квартал од годината е зад нас и сега имаме поволен тренд“, истакна Богов.
Тој додаде дека монетарната политика ќе биде сега внимателно насочена кон одржување на рамнотежата./крај/апo/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

