Македонија
Македонија одбележува 112 години од смртта на Гоце Делчев
Македонија во понеделник (4-ти мај) одбележува 112 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Силвана Бонева, Љупчо Димовски и Роза Топузова Каревска во црквата „Свети Спас“ ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Цвеќиња ќе положи и официјална делегација од Град Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски.
Во македонското Собрание, пак, ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката.
Наградата ќе им биде врачена на авторите на трудовите „Толковен речник на македонскиот јазик“ од тимот д-р Елизабета Бандиловска-Ралповска, д-р Олгица Додевска-Михајловска, д-р Снежана Велковска, д-р Снежана Веновска-Антевска, д-р Елка Јачева-Улчар, д-р Виолета Николовска, д-р Фани Стефановска-Ристеска, м-р Катица Топлиска-Евроска и д-р Живко Цветановски, за трудот „Резултати за композија и неутрикс композиција“ од проф. д-р Билјана Јолевска-Тунеска и за „Говорот на Албанците од Скопска Црна Гора“ од проф. д-р Аслан Хамити.
Гоце Делчев бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.
Загинал во предвечерието на Илинденското востание, на 4 мај 1903 година во селото Баница, Серско, во борби со османлиската војска која го опколила селото.
Неговите посмртни останки прво се чувале во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Посмртните останки на Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата „Свети Спас“. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

