Скопје
Ќе се пее на „Ѕвезденото небо на Тоше“
На 5 октомври 2015 година, со почеток во 19.30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе се одржи традиционалниот музички хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”.
Оваа година на задоволство на сите, покрај неговите познати хитови ќе имаме можност да слушнеме и до сега необјавена песна на Тоше Проески.Настанот се одржува по иницијатива на обожавателите на Тоше Проески, во спомен на прерано починатата македонска музичка ѕвезда, на денот на неговиот последен концерт во Скопје, со цел сите заедно да се потсетиме на неговата музика и лик, но и да создадеме „ѕвездено небо“ во негова чест.Фановите остануваат доследни на одбележувањето на овој настан и по осум години откако Тоше Проески го одржа последниот концерт во Скопје токму на овој датум.Од фан-клубот на Тоше Проески во Македонија ги повикуваат сите заедно уште еднаш да доκажеме деκа неговите песни и дела ниκогаш нема да згаснат./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Санкционирани 𝟣𝟥𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 03.11. до 09.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 134 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.

