Македонија
Потврдена една жртва во тетовско, неофицијално уште три
СВР Тетово во понеделникот вечерта потврди дека во населбата Мала Речица од Речишка река во двор од приватна куќа било исфрлено тело на малолетно дете со видливи повреди во пределот на главата, а неофицијално во селото Шипковица има уште три смртно настрадани и повеќе повредени, како последица на големото невреме што го зафати овој регион во вечерните часови.
Според извештаите од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово, во вечерните часови регионот беше зафатен од големо невреме, а поројниот дожд и силниот ветер предизвикаа застој во сообраќајот во дел од овој регион.
Локалните медиуми пренесуваат дека водата постепено се повлекува во коритото на претходно излеаната река Пена, откако според извештајот на ДСЗ состојбата со невремето по 20.30 часот се стабилизира, а дел од исчезнатите се пронајдени. По повлекувањето на водат останати се наноси од кал и дрва. Дирекцијата апелира граѓаните од регионот да го намалат движењето, освен во неопходни случаи, за да се овозможи непречена работа на механизацијата излезена на теренот.
Поради излевањето на реката во селото Допбреште по силните врнежи, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Тетово – Јажинце, како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка поради одрони и камења на патот.
Најкритично е во Мала и Голема Речица, Доброште, Шипковица. Без струја се селата Жеровјане и Порој.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

