Македонија
Пет жртви и 11 повредени во невремето во Тетовско
Пет лица, од кои две се деца ги загубија животите, а уште 11 други се повредени во невремето што го зафати Тетово и регионот во понеделникот во вечерните часови, соопштија од Клиничкиот центар Тетово.
Од СВР Тетово во вторникот рано утрото го потврдија случајот за загинатото малолетно машко дете од населбата Голема Речица чиј идентитет сé уште не е утврден, како и 14-годишно девојче од тетовска Шипковица, чиј идентитетот е потврден. Според непотврдени информации, настраданите се жртви на одрони и лизгање на почвата, има загинати и од струјни удари.
Од Центарот за управување со кризи потврдуваат за уште три жртви од Шипковица. Патот до селото е отежнат поради огромни наноси на земјиште претворено во кал и дрвја, на чие расчистување од понеделникот вечерта работи механизацијата на Општина Тетово и службите за справување со кризи.
Најкритична е ситуацијата во Голема Речица од каде што е и официјално првата потврдената жртва. Точната бројка на загинати и повредени ќе се утврди во текот денот.
Во попладневните часови во понеделникот Тетово и околните села беа погодени од силно невреме кое за кусо време предизвика хаос во сообраќајот во градот и големи материјални штети. Градот е прекриен со отпад, кал и откорнати дрвја, но излеаните води од ректата Пена постепено се повлекуваат во коритото.
Градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи ги посети критичните места како Голема Речица, и притоа изјави дека ситуацијата е сериозна, но оти општината е подготвена да се справи со ситуацијата. Целокупната механизација со која располага општината е веќе не терен. Арифи истакна дека во вторникот Советот на општината ќе свика седница за дополнителен договор за справување со настаната ситуација и испрати апел до граѓаните да не креваат паника, бидејќи ситуацијата е под контрола./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ кои ја ограбуваат и ја ставаат Македонија на колена
Овој резултат од 24 април е и одговорност. Се што зборуваме треба и да примениме. Народот очекува и убеден сум дека во овие нешто повеќе од 10 дена народот ќе се приклучи, народот е обединет и сака промени и брзи резултати, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Росоман.
Мицкоски информираше дека како коалиција внимателно е пристапено во креирање на програмата.
„Внимаваме што ќе ветуваме, не сакаме да ветуваме нешто што не може да се реализира, не сакаме народот да ја губи надежта. Си дадовме збор дека програмата ќе ја ревидираме за две години. Нема скандал за повеќе од две години во работата на градоначалниците. Затоа можам да кажам дека поучени од ова искуство имајќи во предвид дека најголем дел од проектите се веќе реализирани одлучивме по две години да направиме ревизија и на оваа програма. Сметаме дека можеме повеќе, ама не сакаме да ве разочараме“, кажа Мицкоски.
Мицкоски порача дека сега треба максимална мобилизација бидејќи како што рече „нема да остават да биде едноставно, мора да добиеме мнозинство во парламентот, да имаме наш претседател и заедно со градоначалниците да направиме трансформација на Македонија“, изјави Мицкоски.
Според него за ова треба масовност.
„Има центри на моќ кои не сакаат да ја видат успешна Македонија, имаме такви и тие беа клучен фактор до сега беа и во Владата, и тука мислам на ДУИ и Али Ахмети, тој сака да ја види осиромашена Македонија и слично. Тие не сакаат да ја видат успешна Македонија“, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека овие избори се шанса криминалците да ги пратиме во опозиција.
„И ова го зборам само поради криминалот, не го зборам за ДУИ затоа што се Албанци, не, туку поради криминалот. Јас ја повикав опозицијата кај Албанците да се бориме заедно. Јас се борам против ДУИ кои ја ограбуваат и на колена ја ставаат Македонија“, заклучи Мицкоски.
Македонија
Николоски од Росоман: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го изгради експресниот пат Прилеп-Градско до 2027 година
-Од Росоман можам да кажам дека за откупот на праските планираме изнаоѓање на нови пазари кои што ќе донесат подобри цени, понатаму поддршка за изградба на ладилници и за стимулирање на откупувачи, секако тука е делот на реконструкција на постојните водоводни системи за наводнување и изградба на нови системи и за тоа се предвидени големи средства во делот за земјоделие за двете ставки некаде по стотини милиони евра. Понатаму враќање на системот за субвенции кои што е правичен и кој што значи според она што го обработуваат земјоделците. Тука е и поделбата за земја, да завршиме со олигархиското и картелското делење на земја каде што огромни површини на земји ги земаат луѓе кои што не се по потекло од општината во која што добиваат земјиште и најчесто не ја работат таа земја. Така што бројни проекти планираме во земјоделието кое што треба да ја подобрат состојбите во земјоделството, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Росоман во рамки на претседателската и парламентарната кампања.
Николоски во текот на своето обраќање пред граѓаните од Росоман се осврна и на експресниот пат Прилеп-Градско кој е многу значаен за овој регион. Николоски вети дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го заврши овој пат до 2027 година.
-Исто така тука е и инфраструктурата, тука поминува една од најзначајните артерии за целиот пелагониски регион, за цела централна Македонија, тоа е експресниот пат Прилеп-Градско кој што е симбол за неспособноста на СДС и ДУИ. 7 години не успеа да го изградат, но исто така е симбол и за криминалот на СДС и ДУИ затоа што бројни афери се поврзани за изградбата на овој пат. Ние ветуваме дека до 2026 година ќе се завршат двете фази од експресниот пат кој што требаше одамна да бидат завршени и третата фаза која што воопшто не е почната до сега, ќе биде завршена до 2027 година како би целосно се комплетирал овој експресен пат кој што треба да ја промени состојбата со економијата, со стопанството во целиот регион, потенцираше Николоски.
На крај тој вети дека ВМРО-ДПМНЕ има уште многу други бројни проекти кои се значајни за граѓаните од овој период.
-Имаме и бројни други проекти кои се поврзани со сите области кои се од витално значење за сите вас со цел тука да остануваат луѓето, а не да бегаат надвор и да останува полето необработено, порача тој.
Македонија
Левица ветува изградба на споменик за бранителите од Вејце
Политичката партија Левица вели дека ако дојде на власта ќе изгради во Вејце споменик во помен на загинатите бранители, кои несебично се жртвуваа во војната во 2001 година.
„Масакрот од 2001 година во село Вејце останува дел од колективната меморија на Македонците како најголем пораз на државните институции од група на терористи, кои ден денес немаат праведна судска разврска, туку напротив истите тие кои ги направија овие злосторства беа амнестирани и наградени со удобни фотелји.
Делегација на Левица на 28 Април ќе положи свежо цвеќе за сеќавање на жртвата на осуммина припадници на специјалната единица “Волци” кои беа убиени, масакрирани и живи запалени на истиот тој ден пред 23 години.
Проектот го изготви м-р Андреа Јанков, координатор на секторот за Урбанизам и локална самоуправа на Левица“, велат од партијата.